Станови во Скопје, совети за купување.

Член од
28 мај 2022
Мислења
67
Поени од реакции
120
Ти ли најде за други да пишуваш... Бил против даноци и мешање на државата, ама реферати со предлози за обратно од тоа. :tapp:
Yo, Harry!
Како брендито, арно?
Викни сега школките да ти ги донесат!
А у меѓувреме одговори ми, како што те прашав претходно, зошто има факинг 3% арач кога купувам/продавам стан и ти тоа го оправдуваш? И зошто воопшто има данок на промет и данок на трудот на Стакна, ама нема на земјата од дедо ти?

И што толку го браниш овој погоре, бич да не ти е?

Mene na ignor mi e веќе, ме мрзи толку да скролам.
Знам зошто сум на игнор, дека немаш одговор на прашањето: зошто да копам дополнителен бакар и дали тоа луѓето сме на, леле мајко изумревме, нема веќе бакар.

Пази, кај да е и ветерот ќе престане да дува!
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.858
Поени од реакции
7.253

Извини, но веќе ти напишав штом од една страна си против мешање на државата во се и сешто, дека си против даноци, а пишуваш реферати спротивно од тие 2 работи, нема поента да те читам. Не може да мешаш баби и жаби, а утопии е ок, но ако имаш помалку од 28год.

Нема поента во ниту еден данок, освен во данок на потрошувачка. Се друго е во корист да се полни буџет, за после други без мака да си ги земат тие пари.
 
Реферати, меферати, зошто бегаш од прашањето?
Самиот кажуваш дека треба да има само данок на потрошувачка, а јас те прашувам објасни логично зошто тоа го поддржуваш? Зошто треба да платам данок од 3% (што ич не е малку на толкави суми) ако решам да купам/продадам стан? И зошто да платам данок ако сум решил да се трампам со Митре за сирење? Зошто??

Јас реков дека не треба да има никакви даноци, трошоци, акцизи, субвенции, курци/палци и слични глупости, каде тука гледаш мешање на држава? И треба да има само еден данок и објаснив зошто и по кој основ. На тебе е редот твоето да го оправдаш.

И што е работава со границава од 28г?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.858
Поени од реакции
7.253
Реферати, меферати, зошто бегаш од прашањето?
Самиот кажуваш дека треба да има само данок на потрошувачка, а јас те прашувам објасни логично зошто тоа го поддржуваш? Зошто треба да платам данок од 3% (што ич не е малку на толкави суми) ако решам да купам/продадам стан? И зошто да платам данок ако сум решил да се трампам со Митре за сирење? Зошто??
Па веќе ти одговорив дека не треба да има ни 3%, ни данок на наследство, ни било што, освен:
Нема поента во ниту еден данок, освен во данок на потрошувачка. Се друго е во корист да се полни буџет, за после други без мака да си ги земат тие пари.
Данок на потрошувачка ти е најправедно. Колку трошиш, на тоа да се плати данок и макс. да е до 20%. На народ ќе му останат повеќе пари, сам ќе се грижи што ќе прави со своите пари, сам ќе одлучува како да ги оплодува.

До 28 години е дозволено да си фантазираш и занесуваш, после тоа, треба веќе посериозно да се однесуваме и да не веруваме во дедо мраз, или дека има бесплатен ручек, а најмалку дека политичари од кариера искрено сакаат да му помогнат на народот.
 
Последно уредено:
Член од
28 мај 2022
Мислења
67
Поени од реакции
120
Па веќе ти одговорив дека не треба да има ни 3%, ни данок на наследство, ни било што, освен:

Данок на потрошувачка ти е најправедно. Колку трошиш, на тоа да се плати данок и макс. да е до 20%. На народ ќе му останат повеќе пари, сам ќе се грижи што ќе прави со своите пари, сам ќе одлучува како да ги оплодува.

До 28 години е дозволено да си фантазираш и занесуваш, после тоа, треба веќе посериозно да се однесуваме и да не веруваме во дедо мраз, или дека има бесплатен ручек, а најмалку дека политичари од кариера искрено сакаат да му помогнат на народот.
Ако ти кажам дека си контрадикторен, ќе се лутиш како снегулка.
Наместо да пробаш малку од друг аспект да погледнеш.

Што е тој данокот од 3% за купување/продавање стан што го плаќаме, ако не е данок на потрошувачка? Само бидејќи се вика "данок на промет" го прави во суштина различен од другиот? Не можеме да ги јадеме ѕидовите, па затоа друкчие ќе го крстиме? Ама ајде, тука нема да цепидлачам, на друго место лежи поентата.

Велиш данок на потрошувачка може, бидејќи е најправеден.
Ај вака сега, ќе те прашам нешто, ама пробај малку да го тргнеш егото на страна и да го расчистиш мозокот од тоа што ти дробеле до сега дека вака треба или не треба. Пробај малку со проста логика, ако можеш.

Ако капитализмот се базира на потрошувачка и тоа е една од кариките што го врти системот (потрошувачката, нели без неа ништо нема), зошто тогаш сакаш таа потрошувачка да ја оптеретиш со даноци? Зошто една од основните карики на системот сакаш да ја инхибираш? Сакаш да ја сопнеш и успориш?
Ама логично одговори ми.

Напишав еднаш погоре, за да биде ефикасен, фер, правичен и доследен, капиталот МОРА да се движи, да менува раце, да тргува и циркулира. Затоа мојот предлог е да се репне данок секаде каде што некој го заглавува капиталот непродуктивно, прави затка и не може да се тркала. И на тој начин го затнува цел систем, па после прави еве вакви кризи со станови, кои у суштина не треба да бидат ништо повеќе освен кров на глава да те заштити од ладно.

Викаш 28год е границата за фантазирање и верување во самовили, м? Ајде сега оди и кажи му на Маск да престане да дроби глупости за некои утопии, се мислел дека ќе го населува Марс, кутриот тој, да го пратиме во институт ако не??

Почело је, почело...

The Housing Market Is Slowing Down. There’s Some Hope for Buyers.

Прегледај го приврзокот 335293

Has the Housing Market Peaked? Here Are the Signs. | Barron's (barrons.com)
Ќе биде интересно да се види пазарот на недвижности како ќе реагира и до каде ќе падне. Особено што, после толку децении нагорен тренд, луѓето се толку фиксирани во идејата дека "housing always goes up", што ќе се разбудат во најголем кошмар. У најдобар случај цените ќе останат на ова ниво или малку би паднале (тешко веројатно), ама worst case ќе биде куку лелеееее. За пораст во следниве неколку години, можат само да се сликаат.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.858
Поени од реакции
7.253

Ликов ја има најголемата база на историски податоци, што те интересира, побарај и читај. Се што кажал дека ќе се оствари, се остварува, поткрепено со факти и образложенија зашто ќе дојде до тоа. Акција и реакција.
Имаш тука се што ти треба, историски факти, кога и како држави се развиваат и поради што пропаѓаат.

Данок на промет за становите во право си дека е данок на потрошувачка, кој го спомнав во дискусијата, оти народ се повикува на некаков фер живот, правичност и еднаквост, па ете тој е најправеден. Потребата би му се оправдала, за да се финансираат единствените одговорности кои државата би требало да ги има, владеење на правото.

Ако капитализмот се базира на потрошувачка и тоа е една од кариките што го врти системот (потрошувачката, нели без неа ништо нема), зошто тогаш сакаш таа потрошувачка да ја оптеретиш со даноци? Зошто една од основните карики на системот сакаш да ја инхибираш? Сакаш да ја сопнеш и успориш?
Ама логично одговори ми.
Капитализмот се базира на правилото на невидливата рака, т.е. пазарот на крајот секогаш победува. Потрошувачката не може цело време да е константно права нагорна линија. Во универзумот се се движи во циклуси. Треба само да ги пратиме тиа циклуси, а не да пробуваме да ги спречиме, зашто секоја таква мерка, после е причина за уште поголемо срање.

За Маск и неговите утопии, треба луѓето што му веруваат, што се палат на неговите бајки да ги пратиме во институции, не Маск, он си тера глумата. Ние на планетава кај што има услови за живот не не бива да ги заштитиме, а не па кај што нема, ќе сме создале.

Прво треба да го средиме сопствениот дом (планетава), па тек после да си правиме бајрам на умот.
Наместо милијарди собрани од граѓаните (буџетот) да се концентрираат за уништување на планетата, прво нека се потрошат за обнова и формирање на нови шуми.

За пораст во следниве неколку години, можат само да се сликаат.
Кров над глава е основна човечка потреба, плус, некои ќе сакаат да си зачуваат вредноста на парите во период на инфлација. Е сега бидејќи најавите се доаѓање до стагфлација, дел од народот ќе биде приморан да се откаже од дом во лична сопственост, под кирија или 3 генерации под ист кров. Системот после ќе каже, имам решение и ќе ви излезе во пресрет на барањето и ќе ни одземе се и сите ќе сме кираџии. :D
 
Kanye.brt

Пропо
Член од
29 ноември 2019
Мислења
745
Поени од реакции
1.026
офтопик малце, ме занима што ке се деси кога ке престарат зградите, треба да се рушат на пример. кај ке живеат после лугето ?
 
Член од
21 јули 2021
Мислења
28
Поени од реакции
54
Lol ako ima vojna apsolutno nebitno e stanot kolku ti vredi. Cel zivot ti ide u kurac gleas glava da spasis. Nacionalizacijata bila pred 80 godini. Ako ne da racuname i turcite deka kje se vratat.
Па токму и за тоа зборувам. Како инвестиција бидеќи имаш мизерен поврат нема некоја економска логика. Чување за зло време исто така нема некоја логика. Прво може физички да се уништи, второ не е мобилен имот што може лесно да пренесеш, има голема вредност па и купците ти се ограничени и во случај на криза ретко кој купува такви работи, ќе треба да го дадеш далку испод цена.

IT секторот моментално е најразвиен и најпривлечен, бидејќи сеуште не е регулиран како сите други сектори, па се зависи од способностите на учесниците.
Јас не би се сложил дека ИТ секторот е јак бидеќи не е регулиран. Баш мислам дека е регулиран како и секој друг и вработените во ИТ фирмите исто плаќаат придонеси на плати, даноци и сл. како и сите други. Предноста на ИТ лежи во нешто друго.

За да функционира капитализмот треба да има слободен проток на идеи, капитал и работна сила. Значи како што може фирмите односно газдите да извезуваат, односно продаваат производи на странски пазари така треба и работникот да биде слободен да го продава неговиот производ (трудот) на странските пазари. Но ова во пракса не функционира. Македонскиот работник не може слободно да работи во странство без да бара визи, работни дозволи и сл. кои се тука да го ограничат работникот. А голем удел имаат и газдите кои во последните 30 години гледаа преку политичарите со кои работат во спрега, што е можно помалку да направат на овој план и што е можно подолго да ги контролираат населението и да го задржат во Македонија како евтина работна сила. Во тој контекст во Македонија а богами ни во голем дел од светот нема чист капитализам.

Втора работа е што 90% од работните позиции е невозможно да се работат без да се биде лично присутен. Јас како шофер не можам од Македонија да возам шлепер во Германија, исто како што не може ни градежникот да изгради куќа во Холандија од Македонија.

Предноста на ИТ секторот е што може да го надмине ова физичко ограничување. Тие не мора да бидат физички присутни за да го напишат програмскиот код. Во овој момент Македонија сеуште е достатно сиромашна, еден дел од работите се поевтини, а и населението смета дека врзувањето на крај со крај е успех па плата од 1500 еур може да изгледа примамливо.

Ако не се лажам во Минхен се 8000 евра по квадрат. Да не зборам даноци, одржувања и триста тракатанци.
Ако мислиш за просечна цена не е точно дека е 8000еур по квадрат. Повеќе е околку 5000-6000 еур. Од друга страна и средната плата е повисока во Минхен со околку 4000-4500 еур. Ова не вклучува останати приходи како 13плата, регрес, бонуси, помош да деца и сл. Сега не дека нема станови и за 15000еур по квадрат или поевтини од 5000-6000 еур. Просечната цена на квадрат во Германија е околку 4000 еур. На ова имаш давачки плус за нотар, впишување во катастар и давачки за провизија. Но имаш и субвенција за енергетска ефикасност до околку 50000еур како и помош за купување на прв стан.

Давачките за становите се релативно мали. Така трошокот за одржување, ѓубретарина, данок, греење на градско парно слично, вкупно е околку 3000еур на годишно ниво.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.192
Поени од реакции
35.745
Со Ист Гејт ливинг како е ситуацијата? Ќе се јаде донер или ајварот ќе доминира?

Од луѓе што се движат во тој градежен сектор слушам дека квалитет бил на ептен високо ниво.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
Со Ист Гејт ливинг како е ситуацијата? Ќе се јаде донер или ајварот ќе доминира?

Од луѓе што се движат во тој градежен сектор слушам дека квалитет бил на ептен високо ниво.
Mi se cini ubavo kje ispadne. Ama cenata e solena.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.192
Поени од реакции
35.745
Mi se cini ubavo kje ispadne. Ama cenata e solena.
Малку чудна локација ми се. Многу си блиску до центар ама некако далеку си од центар, плус тоа со основно школо може да биде заебанција таму.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Малку чудна локација ми се. Многу си блиску до центар ама некако далеку си од центар, плус тоа со основно школо може да биде заебанција таму.
Не си далеку воопшто само не е баш најдобро урбанизирано. Но доста ок е во споредба со други локации. Подобро од Лисиче, Бутел, Хром,Горче и Даме Груев
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.192
Поени од реакции
35.745
Ист Гејт зградите моментална состојба - помеѓу 60 и 70 проценти купци се Албанци.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom