Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
30 мај 2019
Мислења
1.855
Поени од реакции
3.325
Аирлија ново СП! Многу малку ве имаше што веруваа дека ќе се пласираме кога ја добивме ждребката! Браво дечки, тврда македонска утакмица со кинење нерви, ама овој пат Чешка го попуши на крај со Мрква заедно. :drk: Подобро игравме на гости, денес борбено, тврдо, ама не нешто ептен добро. Јагуриновски искина денес, браво! Кузмановски со најдобра партија досега! Браво за сите! Овој Кашпарек порасна у Борис!! :icon_lol:


Сакам една од групите Ц до Ф, таму мислам дека ќе е полесно. Би било убаво од трет шешир да ја добиеме Саудиска Арабија а од последниот нека е Уругвај или Канада/УСА/Мексико/Куба. Ни треба една таква група и младиве да се разиграат.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
@RasmusBoysen92
Teams like Macedonia who have qualified for every single World- and European Championships since the Euros 2012: - Denmark - France - Spain - Croatia - Iceland (wildcard in 2015)

Overview of amount of championships (EC, WC, OG) since the WC 2013 - France and Denmark only nations with full pot. - Really impressing by Macedonia! - Slovenia, Belarus + Russia are on 9 but can still get a wildcard for the WC 2023 - (1) = Wildcard #handball

1650222562069.png
 

and

Член од
21 октомври 2016
Мислења
37
Поени од реакции
95
Аууу каква машка игра, секоја чест.
Вакви утакцмици се играат за резултат, не за надигрување, и ја изгираа баш ко што треба.
Талески и Кузмановски носители, зрели играчи станаа. Миркуловски БОГ.
Изненадување Јагуриновски. Изигра баш зрело, без грешка. Се што му се пружи искористи.
А и Кире изнанди. Мислам дека никој не очекување дека крајот ќе го одседи и ќе биде 100% селектор.
Честитки за сите, изгинаја :oeoeoe: :oeoeoe: :oeoeoe:
 
Член од
8 април 2022
Мислења
184
Поени од реакции
269
На Кире некако не му се оди во пензија ? :ROFLMAO:
На второто прашање дали во дрес или кошула ќе го гледаме на светско рече во тренерка. Не го напушта играчкиот дух, затоа респект ќе има како еден од најголемите спортисти во Македонија. Кире здрав и жив да си ни, Миркуловски исто и ти, фала за сите среќни моменти што ни ги донесе, паѓавме во транс на твоите голови. Многу ќе фалат.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Никогаш не му предвидував блескава иднина на Јагуриновски како бек. Реално и сеуште сметам дека нема којзнае колкав капацитет да игра на високо ниво, но доколку најде клуб во солидна лига и успее уште да напредува, добро ќе ни дојде како втора или трета опција во ротација на таа позиција. Одлично изигра денеска, речиси без грешка, комплетно ме изненади. Напред-назад 40 минути, 3/4 голови и 2 изнудени седмерци, не е воопшто мала работа.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Изненадување Јагуриновски. Изигра баш зрело, без грешка. Се што му се пружи искористи.
Тоа е таа популарна втора лига во Исланд. :D
Шала на страна, колку гомна сме изеле за Јагуриновски, ОСОБЕНО ЈАС, но денеска мора да се признае дека беше еден од најкорисните играчи, како во одредени КЛУЧНИ ситуации во напад, така и со неговата игра во одбрана која беше од огромно тактичко значење со оглед на повредата на Велковски.
 
Член од
8 април 2022
Мислења
184
Поени од реакции
269
Тоа е таа популарна втора лига во Исланд. :D
Шала на страна, колку гомна сме изеле за Јагуриновски, ОСОБЕНО ЈАС, но денеска мора да се признае дека беше еден од најкорисните играчи, како во одредени КЛУЧНИ ситуации во напад, така и со неговата игра во одбрана која беше од огромно тактичко значење со оглед на повредата на Велковски.
Види, играч се кали со игра, уште подобро во послаба лига и да напредува кон појаки натпревари. Џабе колку и некој да е јак талент, во јака лига со искусни играчи ќе му се скрши самодовербата и и ќе остане вечен талент.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
 
Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
На второто прашање дали во дрес или кошула ќе го гледаме на светско рече во тренерка. Не го напушта играчкиот дух, затоа респект ќе има како еден од најголемите спортисти во Македонија. Кире здрав и жив да си ни, Миркуловски исто и ти, фала за сите среќни моменти што ни ги донесе, паѓавме во транс на твоите голови. Многу ќе фалат.
Доволен е Киро да влези и по 10 -15 минути на утакмица на СП да смири игра и навлечи играч. Мислам дека и на Европска би имале 2 победи против Словенија и Црна Гора доколку можеше барем по 10 минути во полувреме да влегува кога се кршеше резултатот.

Изненади денес што не влезе последни 5 минути кога влеговме во луда завршница и ги остави да се носат со притисокот. :zver:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom