Toxic life is not great in the end..
Македонци мои драги,
јас сум млад човек кој допрва треба да ги распознава различните карактери,
кој треба да биде спремен на се во животот и да има машки рамења за да крепи куќа.
Среќата ја прават љубовта, шегите, дружбите, вечерните семејни собиранки, прегратките и она што сме го научиле некогаш си го искористиле во животот. Среќата е широк поим и за неа можеме да си праеме муабет месеци, ама контра на неа и фрустрација на секој човек е несреќата.
Несреќата ја прават јаките негативци кои се му смета во живтот, политичарите во Северна од кој секој ќе ја оправал државава - жими куро ќе ја опрат и не вработувањето на генијалците кои имаат висок просек и се квалитетен кадар, оти вработиле некој со незавршено основно или средно некое ептен слаб просек. Јас сум несреќен оти гледам питачи, оти умираат млади луѓе заради сообраќајки, бидејќи нивните родители од проблеми не можат да му посветат внимание, оти повеќе луѓе се мачат за на крајот да не му биде исплатен трудот, заради неправдата во образовниот систем, заради тоа што на младите не му се дава шанса да бидат вработени на поубави места, туку на тие места се вработени некои деца на пријатели и појма си немаат тие и од животот.
Си гарантирам за мене дека ќе завршам факултет и после ќе си се вработам во некоја здраствена установа, ама во Италија, Швајцарија, Германија или во Норвешка. Сакам секој веќе да стави крај на неговата партија и да се сврти кон она што треба да се направи навистина, луѓе умираме самите се уништуваме помеѓу себе, не сакам да сум од ВМРО или од ЕЗДЕС, само сакам да имам пријатели вистински и да живеам слободно и ако работам денеска по 10 часа, ама тие часа да се реални без нервозни луѓе и без некој над глава да ми вика се што сака.