Македонците се најнесреќни луѓе на Балканот

  • Креатор на темата Креатор на темата pozdrav eden topol
  • Време на започнување Време на започнување
Шо мислите Стеф што делеше совети за билдање и што го имаше сега на телевизија заради крипто емигрираше во земја што беше очигледно дека ќе биде нападната и патем среќата му се насмевна и ја пронајде љубовта на својот живот? :icon_lol:
 
технички и ти утепа време за чаршав пост. Можеше да се самонадоградиш за ова време :icon_lol:
Автоматски споено мислење:


Се смеев на каракамишева, кога лупна дека младите се селеле ради љубовно разочарување. Кој би рекол, 5-6 години подоцна неколку од познаниците со кој се смееве мигрираа од таа причина :icon_lol:
Ја сум надограден и проширен ко предизборна програма. :)

Пред да го испратам постот пред мене имаше баш чаршаф пост со жалби околу платите и загадениот воздух, ама си го избриша членот постот, па мојот пост изгуби поента. А поентата беше не си го губи времето на кукање што и да праиш.
Не, он лета над Алпите, ама смее да доаѓа на форумов бо слободно време, затоа што не ја плука Македонија. :D

Гледам посочуваш дека сум некаков хипокрит, па ќе ти се обратам. Јас сум имала периоди кога навистина ми било тешко во "странство" и кога мајка ми ми рекла да се вратам, сум се смеела. Тешкото во "странство" не е исто со тешкото во Мк. И не е само од финансиски аспект, аман, цел систем е за никаде во Мк, од медицина до образование. И самите луѓе кои живеат таму ги тепа апатија поради ова и го кажуваат истото што и јас, ама јас сум била хипокрит затоа што доаѓам на форум, а не седам на јахта. Свашта! :icon_lol:

Воопшто не е тоа темата ко што ти и пар ликови ја вртите. Ти иницијално спомна дека те пука депресија во Македонија, не спомна ништо за системот, така што логично е да те прашам што правиш тука секој ден, меѓу истите луѓе од Македонија?

Инаку пошто гледам имаш потреба да си го потенцираш квалитетот на животот, слободно учлени се на некој форум од Непал ако имаат такво нешто и да им кажеш колку се срање.
 
Знам луѓе кои незнаат кај тераат во странство, живеат во катастрофални услови, животот не им е ни супстанцијално подобрен во споредба со тој што го имале во Македонија. Ама битно терај трпи, че се тешиме дека ни е поарно.
Другар тоа е мнозина или поединци? Нормално и тука има загрозени луѓе, секаде има. Ама друго е загрозен во Германија друго во Македонија.

Иначе за среќа тоа е недефиниран збор секој со друго е среќен. Подобро требаше да се праша за условите за живот таму каде што живеат што подразбира елементи кои ги прават среќни луѓето.
 
Најозбилно знам девојчиња што цапаа 30ка немажени и отидоа како глуви кучки да ги земе Германец. :icon_lol:
Мажи, жени, од се по нешто има во тие години. Периодов ми се чини дека со секој раскин на долга врска никнуваат 2ца германци.
 
Шо мислите Стеф што делеше совети за билдање и што го имаше сега на телевизија заради крипто емигрираше во земја што беше очигледно дека ќе биде нападната и патем среќата му се насмевна и ја пронајде љубовта на својот живот? :icon_lol:
Тој не спаѓа во несреќните. Ќе се смири Украина и ќе си лапне донбаски пасош.
 
Гледам посочуваш дека сум некаков хипокрит, па ќе ти се обратам. Јас сум имала периоди кога навистина ми било тешко во "странство" и кога мајка ми ми рекла да се вратам, сум се смеела. Тешкото во "странство" не е исто со тешкото во Мк. И не е само од финансиски аспект, аман, цел систем е за никаде во Мк, од медицина до образование. И самите луѓе кои живеат таму ги тепа апатија поради ова и го кажуваат истото што и јас, ама јас сум била хипокрит затоа што доаѓам на форум, а не седам на јахта. Свашта! :icon_lol:

Јас на тебе не ти реприцирав ниту еднаш. Ти сама се осети повикана за хипокризија, директно ќе ти реплицирав. Јас ги дебатирам купче мои роднини кои акаа глава по Австралиите, таму се последна дупка, а кога ќе се вратат МКД се исмеваат со луѓето што немале струја. Како типични исполнети личности. Кој вистински среќен човек прави такво нешто? Само на ова одговори ми, на другото не мораш пошто ете среќа дискутираме овде.

На некој му е цел да се исели од Македонија и да биди тип на иселеник шо вечно че го дрви за Македонија. После не имаш и другите шо и не се замараме нешто баш многу. Ако плукаш по своите плукаш и по себе. Ако плукаш по себе нема да се стекниш со многу почит во важни кругови.


Не, он лета над Алпите, ама смее да доаѓа на форумов бо слободно време, затоа што не ја плука Македонија. :D

А овде веќе го препознаваме типот на иселеник - љубоморен на другите поуспешни конкуренти од своештината. Видено е цело. Не си една, тоа можи да те теши, неколку сте ете и такви.

Иначе Банкар сум. Можеби затоа ми е толку невкусно да се потсмевам со некој што нема. Тоа не ме чини баш среќен. Ако се вратам Македонија да омаловажувам некој треба да сум баш гомно од човек.
Имаме ние и народ вреден злато, не е се како баграта по институции. Тоа што ти такви луѓе Македонија не си сретнала и тоа што фактот дека злато ликови се мачат ти е индиферентен, дури и вреден за омаловажање - зависи од тоа со што ти си била опкружена. Јас моите луѓе не ги давам за тие од Стразбур, а тие од Стразбур веќе ги сакам ко моја Фамилија, тогаш замисли какво злато луѓе имам во својот круг во Македонија.
Летот беше рекреативен, um einfach, die schnee bedeckt Schweiz zu genissen.
flag-switzerland_1f1e8-1f1ed.png
Траеше 1 саат и тргнавме од приватната писта во Баден, Германија. Прв пат во животот видов толку приватни Авиони паркирани на едно место, сите згодни макини.

20220312_102241.jpg
20220312_102533.jpg

20220312_102936.jpg


Езерото Конштанц

20220312_104617.jpg


Имам и клучеви од стан во Калабрија во Италија. А во Мај со колешка од Романија сме на езерото Комо на приватен брод. Продолжи да си сликаш далеку од цивилизацијата. Нареден пат можиш и Алјаска да појдиш, таму е уште поубо од Македонија хаахах.
На Европа таквите не и фалат. Друго бараме ние.
 
Жена дали имаш :pipi:
Сакав да му речам дека еден куп жени ќе му се залепат сега. :D

Убаво бе Византиец, имај си, таман работа да љубоморам некому што има, или да му се потсмевам што нема. Друг беше муабетот, не плукам јас по ништо и никого, ја кажувам реалноста од моја перспектива, онаа горчлива реалност што ја гледаме јас и еден куп други Македонци. И да, ме убива депресија кога доаѓам таму(не знам како ти или било кој заклучи од ова дека плукам по нешто), затоа што гледам куп несреќни луѓе, сиромаштија, животни гладни на улица, неправда...
 
Хмм, тоа дека сме весели и гостопримливи испадна тежок мит.
Не знам какви се другите ама не да сме себични, гневни на све што лета и плива, расипани, тоа е чудо едно. перверзија.
Не бевме такви... Бар пред едно 10 до 15 сигурно не... Тоа гневот, себичноста се нова мода... Ќе потрае ќе замине...
Периоди се тоа, минуваат едни доаѓаат други...
 
Темава не е ниту смешна ниту чудна... Трагично е што постои некое такво истражување и што сме некаде далеку на скалата. И во целата приказна кај што сите знаеме дека е системот распаднат, егзистенцијата на голем дел загрозена, мене најмногу ми смета се поголемо отуѓување на луѓето. Некој погоре спомна дека балканот со сите свои чудесија има некаква блискост кај луѓето и топлина. Е ние единствено што прифативме од западниот менталитет е да се гледаме само себеси.
Ова уствари беше најсилното нешто што ги замислуваше луѓево да останат тука...
 
Темава не е ниту смешна ниту чудна... Трагично е што постои некое такво истражување и што сме некаде далеку на скалата. И во целата приказна кај што сите знаеме дека дека е системот распаднат, егзистенцијата на голем дел загрозена, мене најмногу ми смета се поголемо отуѓување на луѓето. Некој погоре спомна дека балканот со сите свои чудесија има некаква блискост кај луѓето и топлина. Е ние единствено што прифативме од западниот менталитет е да се гледаме само себеси.
Ова уствари беше најсилното нешто што ги замислуваше луѓево да останат тука...
Кога тие што ти се блиски и ти значат ќе си заминат од овде и ќе останат само ботовите што ќе те убедуваат дека овде со 300 евра плата е супер и " уште името и влагаме у ЕУ" , нема да имаш никого со кого да се зближиш освен ако не почнеш да пишуваш по темите што ги отвараат теткиве и очајнине домаќинки на Фемина и ФБ групите. Случајно можеби ќе налеташ на некоја изгубена душа како тебе (не лично туку сите ние што размислуваме out of box) што се уште нема храброст да избега од овде, има некого/ некои кои му значи/значат и неможе да ги остави или полека размислува и се спрема да си го фати патот.

На форумов највеќе од овој вид имам забележано. Останативе социјални платформи се претворени во дебатни емиси на македонскиве телевизии. За споредба може да се земе нивото на култура, комуникација, начитаност, предзнаење .... за да се дојде до заклучок какви суштества се мнозинството. Потпаѓањето под медиумско влијание за секакви типови на поделеност на општествово е посебна но премногу блиска тема до проблемот.

Низ урбаниве места одмана нема урбани фаци така што и " мешањето " со луѓе на улица (низ кафичи, клубови, дискотеки..) нема далеку да те однесе од заклучокот дека тотална апатија, анксиозност, неинвентивност, безидејност, некреативност се застапени кај мнозинството од народот. На ова да се додаде и прескапите цени и огромни преценувања на просечни локали, отуѓеноста e реалната и нималку чудна слика на ова општество.
 
Јас на тебе не ти реприцирав ниту еднаш. Ти сама се осети повикана за хипокризија, директно ќе ти реплицирав. Јас ги дебатирам купче мои роднини кои акаа глава по Австралиите, таму се последна дупка, а кога ќе се вратат МКД се исмеваат со луѓето што немале струја. Како типични исполнети личности. Кој вистински среќен човек прави такво нешто? Само на ова одговори ми, на другото не мораш пошто ете среќа дискутираме овде.

На некој му е цел да се исели од Македонија и да биди тип на иселеник шо вечно че го дрви за Македонија. После не имаш и другите шо и не се замараме нешто баш многу. Ако плукаш по своите плукаш и по себе. Ако плукаш по себе нема да се стекниш со многу почит во важни кругови.




А овде веќе го препознаваме типот на иселеник - љубоморен на другите поуспешни конкуренти од своештината. Видено е цело. Не си една, тоа можи да те теши, неколку сте ете и такви.

Иначе Банкар сум. Можеби затоа ми е толку невкусно да се потсмевам со некој што нема. Тоа не ме чини баш среќен. Ако се вратам Македонија да омаловажувам некој треба да сум баш гомно од човек.
Имаме ние и народ вреден злато, не е се како баграта по институции. Тоа што ти такви луѓе Македонија не си сретнала и тоа што фактот дека злато ликови се мачат ти е индиферентен, дури и вреден за омаловажање - зависи од тоа со што ти си била опкружена. Јас моите луѓе не ги давам за тие од Стразбур, а тие од Стразбур веќе ги сакам ко моја Фамилија, тогаш замисли какво злато луѓе имам во својот круг во Македонија.
Летот беше рекреативен, um einfach, die schnee bedeckt Schweiz zu genissen.
flag-switzerland_1f1e8-1f1ed.png
Траеше 1 саат и тргнавме од приватната писта во Баден, Германија. Прв пат во животот видов толку приватни Авиони паркирани на едно место, сите згодни макини.

Прегледај го приврзокот 326848
Прегледај го приврзокот 326849

Прегледај го приврзокот 326850


Езерото Конштанц

Прегледај го приврзокот 326851


Имам и клучеви од стан во Калабрија во Италија. А во Мај со колешка од Романија сме на езерото Комо на приватен брод. Продолжи да си сликаш далеку од цивилизацијата. Нареден пат можиш и Алјаска да појдиш, таму е уште поубо од Македонија хаахах.
На Европа таквите не и фалат. Друго бараме ние.
Си ја испуштил сликата од фритезата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom