Зголемување на фонт на букви на ТВ превод

  • Креатор на темата Креатор на темата NekojBatka
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
234
Локација
Скопје
Не знаев дали е прашањево повеќе за филм и ТВ или повеќе за тука. Само потехничко ми делува па затоа тука.

Мајка ми и татко ми не гледаат добро далеку па си велам дали може некако да се наштелува големината на буквите на преводот?

На пример, на Ха-Бе-О или на странски филм на наш ТВ канал, на пример Телма. Каде би да чепкам, на А1 ТВ оператор поставки или поставки на самиот телевизор?

Иначе Ел-Це-Де е телевизорот, да речам некои 32 инча, Филипс, ми личи дека е и паметен ТВ (смарт).
 
Купи им поголем телевизор.
На наши телевизии нема шанси да зголемуваш превод, а ни на други.
Едино да искористиш зум, како би им ги скратил краевите од сликата но сепак ќе биде поголем преводот а и се останато.
Ако е HBO како преку апликација, може има. Ако пушташ филм од усб, сигурно има.
Ама за нашиве телевизии само поголем телевизор да купиш или да искористиш зум опција со која ќе изгубат дел од краевите на сликата. На Телеком има тоа, ваљда има и на А1.
 
32 инч Ел Це Де е исто како 41см CRT телевизор Ei така да тешко да зголемиш, само нов ТВ препорачано над 42инч во вашиот случај најубаво 49/50инчи е идеално

Sent from my SM-N986U using Tapatalk
 
32 инч Ел Це Де е исто како 41см CRT телевизор Ei така што тешко да зголемиш, само нов ТВ препорачано над 42инч во вашиот случај најубаво 49/50инчи е идеално

Sent from my SM-N986U using Tapatalk
 
Уште ли се користи таа древна техника Телевизор.
Многу архаично е, од 15 години не користиме тоа дома.
Ќе ми перат мозок со лигави серии, џендер пропаганда, а и по 20" реклами на сат, ќе ти паднат ташаците додека го изгледаш филмот, дури ќе заборавиш што си гледал.:lolzz:
Чесно кажано си имам моја лична телевизија, засега еден канал, околу 10 дена релакс видео, со натурал или инструментал. Лопнато е на рандом и со години си тера, убаво е како позадина.
Мерак ми е да направам мој мултиплекс до 6 ТВ канала, но во моментов немам толку време. Во смисол да имам и по 2 канала народна и 2 канала забавна музика, македонска и микс странска, исто десетина дена песни и на рандом да ги врти.
За филмови, ми се оствари детската желба да имам своја видеотека, 10 терабајта масиви, 2000 филмови, ако има нешто ново и ми се бендиса си го додавам. Субтитрите не се вградени, а *.srt сакаш ги зголемуваш, намалуваш...
 
Последно уредено:

Хмм стари луѓе се. Сакав да му кажам на стариот дека има Ха-Бе-О апликација на Андроид ТВ боксон. Ќе се претплатев и ќе гледавме „Игра на тронови“ без глупиот А1, ама ете, зававно му е да си ја чука главата со А1...

И јас како ти освен Интернет, Нетфликс и понекад Прајм Видео друго ништо не ни гледам. Ме бендисаа олимписки игри и ракометон на МРТ ама тоа е тоа.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom