Работи за кои науката нема одговор (се уште)

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.859
Возраст
40
Оваа тема ја отворам инспириран од книгата што ја имам „Десет прашања за кои науката нема одговор„ (СЕ УШТЕ)... Таа е од авторот Мајкл Ханлон издадена во 2007 година и има 183 страни...

Тој има поставено десет прашања до науката:

1. Дали Џеки е Зомби?

2. Зошто времето е толку чудно?

3. Може ли да живеам засекогаш ве молам?

4. Што ќе правиме со глупавите?

5. Што е темната страна?

6. Дали универзумот е жив?

7. Дали сте истата личност од пред една минута?

8. Зошто сите ние сме толку дебели... и дали тоа е навистина важно?

9. Дали навистина можеме да бидеме сигурни дека паранормалното е глупост?

10. Што е реалноста, реално?

Ама јас други прашања би поставил до науката којашто сеуште нема одговор:

1. Зошто сонуваме?

2. Зошто во повеќето случаи соништата се остваруваат така како што се напишани во соновниците?

3. Кој ни ја испраќа таа порака за соништата?

4. Зошто човек неколку минути пред умирање ги спомнува најблиските покојни???

5. Зошто на поголема далечина планините ни изгледаат со светлосина боја дури и посветла од небото?

Е сега ако имате и вие поставите некое прашање за којшто науката нема одговор!!!
 
Јас како научник:

1. Дали Џеки е Зомби?
- Не.

2. Зошто времето е толку чудно?
- Ништо не е чудно или нечудно, се што нашите сетила опфаќаат е нормално и зависи од поединечната перцепција на личноста што е тоа што за него лично е "чудно"

3. Може ли да живеам засекогаш ве молам?
- Не. Патем, стравот од смртта и знаењето дека не живееме вечно е главна мотивација да живееме воопшто. Без таа мотивација би биле многу подепресивни.

4. Што ќе правиме со глупавите?
- Ништо. Со сила глуп никогаш нема да го направиш паметен.

5. Што е темната страна?
- Страна на објект од која не рефлектираат фотони, или што не произведува фотони.

6. Дали универзумот е жив?
- Секојдневно активен и променлив. И јас и ти сме универзум. Буквално. Универзум има во нас и околу нас. Вистинското прашање е: Дали има друго освен универзум?

7. Дали сте истата личност од пред една минута?
- Истата личност со ново знаење за опкруженоста (дај боже)

8. Зошто сите ние сме толку дебели... и дали тоа е навистина важно?
- Чат пат има и некој слаб (недебел). Ваљда него му е важно, па се курчи.

9. Дали навистина можеме да бидеме сигурни дека паранормалното е глупост?
- Најголема.

10. Што е реалноста, реално?
- Се што не е плод на нашата бујна фантазија.

Ама јас други прашања би поставил до науката којашто сеуште нема одговор:

1. Зошто сонуваме?
- На некој начин мозокот ти дава рефлексија на моменталната состојба. Така да ако имаш лоши соништа имаш потреба да се опуштиш во дадена сфера во животот, или да го решиш тој проблем на еден или друг начин за да не ти ја терети психата.

2. Зошто во повеќето случаи соништата се остваруваат така како што се напишани во соновниците?
- Ова ти е всушност тврдење, а не прашање. Соновниците се убава идеја за профит, исто како хороскоп или слични превари. Продавање магла е чист профит. Еве ти од мене еден соновник: Наредниот пат кога ќе сонуваш ќе се изненадиш нешто, и сингл си пошто таа што ја сакаш ти не те сака тебе, а тие што те сакаат тебе не ги сакаш ти. Ти погодив?

3. Кој ни ја испраќа таа порака за соништата?
- Никој.

4. Зошто човек неколку минути пред умирање ги спомнува најблиските покојни???
- Не го прават сите тоа. Зошто го прават тие што го прават само тие си знаат.

5. Зошто на поголема далечина планините ни изгледаат со светлосина боја дури и посветла од небото?
- Некој ескерт за светлина ќе даде прецизен одговор.
 
5. Зошто на поголема далечина планините ни изгледаат со светлосина боја дури и посветла од небото?
- Некој ескерт за светлина ќе даде прецизен одговор.
Досега никој експерт за светлина нема објаснување за таа работа... Барем засега. Можеби после долги години и децении ќе се најде одговор и на тоа прашање...
 
Имаше едно во средно по филозофија.

Која е смислата на животот.
 
Досега никој експерт за светлина нема објаснување за таа работа... Барем засега. Можеби после долги години и децении ќе се најде одговор и на тоа прашање...
А уствари ова ти е наједноставното прашање, воздухот има честици кои со голо око не ги гледаш но што подлабоко толку погусто, се вика атмосферска перспектива или хејз.

3. Може ли да живеам засекогаш ве молам?
- Не. Патем, стравот од смртта и знаењето дека не живееме вечно е главна мотивација да живееме воопшто. Без таа мотивација би биле многу подепресивни.
Животните не знаат дека ќе умрат, не се депресивни и нешто друго ги одржуваво живот. Доколку мислеше шо би праеле ако сме вечни и свесни веројатно би се рокнале после 500-600 или 1000 години но и тоа не може да знаеш, всушност еден ден можеби ќе дознаеме ако успеат да се даунлодираат на клаудот. Инаку можно е да се живее без страв од смрт и нешто друго е тогаш мотив, двигател. Дури тоа е пожелно.
 
Друго прашање што би поставил зошто во 20-тиот век најмногу наеднаш напреднаа науката, медицината, техниката, технологијата???

Дали наеднаш од таа генерација еволуирал човечкиот мозок?

Зошто во средниот век науката не напредувала дали луѓето тогаш биле глупи или пак некој го спречувал напредокот на науката?
 
1.Koj Џеки?
Да не мислиш на Џекил, од Џекил и Хајд,не е зомби,алтер его,монструм биполар,франкенштајнски експериметн : D
Или Џеки Кенеди? Па ваљда после атентат беше мртфа која хода или у преовд зомби.

2.Како мислиш чудно? Кое време? Надвор? Не е чудно, ладно е.
Време е необјаснета стафка. од психички аспект, од физички чика Анштајн колко толко га објасни нели, време е релативно.

3.Немоеш да живиш засекогаш, џабе молиш.

4.Незнам, ask the mirror : D
Не озбиљно, ти си ми мноо чудан лик, морбидан, сс глуп никнејм,а и слика ти е гротетска, нели беше онј од Австрију што силуеше керку у подрум?

5.Дарк сајд оф д Мун? Не е тм'на, него ми не гу глеамо никад, зшто Месечина се врти усогласено сс сфору ротацију около нашу планету, тмн да видимо малце настрану,она изротира и ву га глеамо само лице.
Или општо тм'на страна? Паааа затој што не гу фаќаф фотони, или па некој вештачки извор на сфетлину.

6.Ако универзум се родија пред 13,8 миљарде године, расне,шири се,стфара галаксије,ѕвезде,планете,органски видови, ондак да, жив е.

7.Не, пред едну минуту не га пишува овој, него за Џеки Кенеди хаха
Сфаку наредну секунду смо позрели, по експирианс иамо од претходну.

8.Не смо сфи дебели, само тија што едеф много. Како можеф бе???

9.Не, паранормалмо е ненормално : D

10.Еве овој е реалност, штракам ти ги одговори на тфои прашања, наизменично глеам Биг Бен теори.Реалнос е ск, у момент.

Бонуси тфои:
1. Мозак и сфест су много психоделични, чудни, таинстфени.С'нуемо зшто премного информацие има у нас, мозак обработуе сфашта.Тој што ни се десило, што сакамо да се деси и тој што можда ке се деси : D Не смо ни сфесни колко е сфесно паметан наш мозак. Па и док спиемо он си работи, прави филмови од сфакакфи слике.

2.Океј не се усеруј сс сонови : D Ма кој још чита соновници бре хаха
Џабе ке шпекулирамо, с'нови су една од најголеми енигме.

3. Океееееј сс с'нови алооооо

4.Пред природну смрт, човечки мозак лачи ДМТ, диемти праиф халуцинацие, најчесто пред смрт се појављаф људи у бело, привидениа, а можда су сфетли појави кои вибрираф на другу фреквенцију у астралан сфет.
Еве погоре постирасфа траку ДМТ, Шпонгл имаф поубаву траку што се вика ДМТ, Раџа Рам е дел и од Шпонгл и од 1200 Микрограмс.

5.Па ваљда Џеронимо добро ти одговори.
Прпл Хејз трака од Џими Хендрикс : D
 
4.Пред природну смрт, човечки мозак лачи ДМТ, диемти праиф халуцинацие, најчесто пред смрт се појављаф људи у бело, привидениа, а можда су сфетли појави кои вибрираф на другу фреквенцију у астралан сфет.
Еве погоре постирасфа траку ДМТ, Шпонгл имаф поубаву траку што се вика ДМТ, Раџа Рам е дел и од Шпонгл и од 1200 Микрограмс.
Наука шо го студира феноменот вика дека шо ќе се појави зависи од култура у која си растен, дека за сите шо имале нијр дет тоа било преубаво искуство, колку е ова предобро дизајнерско решение да не си у терор у чинот на снемување.
 
1. Дали Џеки е Зомби?

Не е. Куче е.

2. Зошто времето е толку чудно?

Ако се мисли на weather, ради климатските промени. Ако се мисли на time, пошто ние луѓето сме чудни.

3. Може ли да живеам засекогаш ве молам?

Јок.

4. Што ќе правиме со глупавите?

Ќе ги игнорираме секогаш кога ќе можеме.

5. Што е темната страна?

Она за што збореше Дарт Вејдер во Star Wars.

6. Дали универзумот е жив?

Секогаш.

7. Дали сте истата личност од пред една минута?

Не, сега сум една минута постар и имам едно мислење повеќе на Кајгана форум.

8. Зошто сите ние сме толку дебели... и дали тоа е навистина важно?

Пошто јадеме тоа што не треба и не се движиме многу. Важно е ако имаш некој на кој мислиш дека ќе му е важно.

9. Дали навистина можеме да бидеме сигурни дека паранормалното е глупост?

Не можеме.

10. Што е реалноста, реално?

Тоа што ние сакаме да биде.
 
Друго прашање што би поставил зошто во 20-тиот век најмногу наеднаш напреднаа науката, медицината, техниката, технологијата?
Поради војните, посебно поради втората светска војна.
 
Поради војните, посебно поради втората светска војна.
Kaко поради војните?

Ами и илјадници години пред втората светска војна имало војни...

Официјално првата војна во историјата на човештвото се претпоставува дека настанала околу 14.500 година пред нашата ера...

А и вкупниот број на војни во историјата на човештвото е околу 10.000...

И после втората светска војна па и ден денес имаме еден куп војни, ама пак науката напредува...
 
Зортот и престижот биле посебно нагласени за време на втората светска војна, а за време на студената војна престижот уште повеќе.
Во дамнешни времиња не можеле да измислат тенк како одговор на копјето, туку лак и стрела, па катапулт итн.., степ бај степ.
Науката напредува, само во кои правци...?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom