Тоа што мислам дека најмногу ја derail-нува дискусијата е тоа шо скандалов може да има
спортски и
кривични реперкусии, и јувенташите упорно зборуваат само за спортските, поврзувајќи ги со други спортски настани (Мбапе, Нејмар), а ги игнорираат кривичните, за кои зборуваме сите останати.
Значи, Јувентус како клуб, фирма, шоидае, е активен на берзата и огромен дел од неговата вредност на берзата (
во 2018/19 25%, ме мрзи да барам за другите години) се т.н. revenues from players' registration rights. То значи дека Јуве како капитал ги приложува вредностите на трансферите и ги регистрира како revenue кога ќе имаат добивка при продажба.
Во превод, со овие напумпани размени, тие ги лажеле нивните акционери, бидејќи (карикирам) со купувањето на акции во вредност од 1000 долари, 250 долари се плаќаат пошто Јуве го има Ровела кој као вреди 18 милиони, а логиката зошто вреди толку е пошто Портанова и тој другиот шо го пуштија во Серија Ц во размената вредат 18 милиони.
Значи тоа не се пари кои Јувентус ги има, ниту се пари кои Јувентус може да ги уновчи во иднина, и, освен во слична малверзантска размена, тие пари
не постојат.
А Јувентус ги убедува нивните акционери дека постојат.
On top of that, имат лажирано извештаи и издавано фактури за непостоечки трансакции, и нормално, сè ова подлежи на
кривична одговорност.
Значи не е ова ФФП, не е ова фондот на Арапот, тие Нејмар го купија со вистински, постоечки пари, исто и Интер со Жоао Марио, исплати 50 милиони за флоп, ама
ги исплати, не го пушти Реј Манај во Спортинг со муабетот „и овај 50 милиони вреди, земете си го“.
Дали ова може да се одрази со казна на
спортски план, останува да видиме, засега гледате дека има изјави од челници на то конафдссд федерациите италијански дека е *можно*, а дали ќе се деси ќе дознаеме кај да е.