FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.271
Уф, dumbed down верија на Stalker, за понормални?
Ми се допадна филмов
8/10
Ептен ми легна клаустрофобичната бункер атмосфера, целиот тој пост апокалиптичен хаос, интересни дијалози. Живот, уметност, љубов, човечност.
На 2-3 места ми имаше некоја несоодветна монтажа/транзиција но ќе му простиме.
Хејтам поезија јас но солидна беше во филмов. По којзнае кој пат мислам дека делумната јазична бариера одзема од преносот на вистинската мисла.
Држеше внимание и добра мистерија, заголицкува.
Предобра порака за крај:
"There lies before us, if we choose, continual progress in happiness, knowledge, and wisdom. Shall we, instead, choose death, because we cannot forget our quarrels? We appeal as human beings to human beings: Remember your humanity, and forget the rest."
Тоа е тоа.. И мене ми легна и сетот и светов, жолтата боја некако одговараше на атмосферата, разчичните размислувања и погледи на луѓето доле, меланхолијата и хорор низ цел филм со некој оптимизам на крај со децата.. Сценариото ми беше главен двигател, ама и убаво снимен (режисеров му помагал на Тарковски во снимањето на Сталкер и се гледаше сличноста во некои сцени), исто и музиката погодена иако малку ја имаше.

Супер предлог 8/10

Инаку на рутракер снимката од 6,6 гига повеќе од солидна е снимката
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
Од вакви филмови, прв што ми паѓа на памет секогаш е The Diving Bell and the Butterfly.
Вчера читајќи ги рецензиите за The Sea Inside, го гледав денес филмов што го има спомнато гранде. Гледам неколку од тука го имате веќе гледано, ама страшно добар филм! Случајна "препорака", ама вредеа тие 2 часа.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
Го изгледав и Never look away да беше пократок барем 30мин ке му дадов поголема оценка снимал снимал се забораил мислиш по грозје го пратиле да бере па повеке да собере 3,5/5
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
Dead Man's Letters

Иако го немам изгледано Stalker, ветувам ќе ја поправам оваа грешка, несомнено можам да кажам дека ако ми речеше некој дека ова е филм на Тарковски, ќе му поверувам. Сличностите се премногу слични за да се направи разлика. Што, на некој начин бар од мое видување филмов е ставен во подредена положба поради недостиг на уникатност во дистрибуција на идејата.
Од друга страна, како и сите филмови од оваа ера, посебно на Тарковски, можам да кажам дека го имаат она "руското", и како се што е руско, се... груби, неизбрусени, недовршени на некој начин, без таа завршна глазура, без сјаило, без... Од една страна, тоа е така поради недостигот на буџетот. Можам да замислам како би изгледале филмовите на Тарковски ако го имал буџетот на Кјубрик. Исто и овој филм си пати од низок буџет и тоа е приметливо низ целото гледање. Од друга страна, овие се такви филмови, form over substance и на некого ќе му се допаднат, на некого не. Едноставно се направени за посебна нишка на луѓе кои може да гледаат филм со длабоки филозофски дејанија снимани со дигитрон.
Ако нешто ми се допадна, тоа е жолтата боја. Низ целото гледање на филмот ја чувствував токсично загадената атмосфера, ветерот со радиоактивните честици кои ги дуваше цело време на земјата, клаустрофобијата во бункерот, агонијата на преживеаните доле, надежта, смртта, депресијата... Цел процес низ кој би поминал еден човек од филозофска гледна точка, емоционална гледна точка и лична гледна точка. Како секогаш да се спакувани руските филмови така што акцентот се става на општеството, а потоа на единката. Веројатно ова си влече некоја комунистичка нишка...
Мене ми се допадна генерално филмот и знаев да замижам на недостигот на квалитетот, предолгите досадни сцени, како и неизбрусеноста на самиот филм, знаеше да ми ја погоди фантазијата и додека го гледам да сочувствувам со луѓето доле, да фантазирам за цел тој свет, да се ужасувам од него, како и да филозофирам за можна иднина во случај на една таква апокалипса.
Филмот е и направен во ера на реална опасност од нуклеарна борба, каде населението се плашело дека би можело да се случи нешто такво, наездата ги пратела од ден во ден, неколку пати биле и на самата ивица за започнување на 3 светска војна, па сигурно и по лично би го доживеал филмот секој кој растел во таа доба, наместо нас, кои на некој начин го немаме овој константен страв во себе од нуклеарен напад.
Да биде уште пострашно, години после филмот им се случил Чернобил и сите знаеме каков бил животот тогаш, колку самата радијација се прелеала кон цела Европа и сите ги чувствувале последиците од таквата катастрофа. Но, ако некој највеќе ги почувствувал последиците биле луѓето кои се наоѓале во обрачот, забранетата зона околу Припјат. Многу од нив решиле да се вратат и да го продолжат животот таму и после сите забрани, уцени и депортирања. Сведоштвата нивни сум имал можност да ги читам во книгата Чернобилска Молитва, и тие, обични луѓе, имаа сличен начин на филозофско гледање кон некој таков апокалиптичен свет, сличен mindset како што е направен филмот, начинот на говорење, на носење одлуки... Мене ми беше истата слика пред очи додека читав, и додека го гледав филмов. А таа слика беше мрачна, тажна, полна со агонија и болка, но онака, руски, неизбрусено. Некому ќе му се допадне, некому не. ЈБГ, такви се русите...

8
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
Иако го немам изгледано Stalker, ветувам ќе ја поправам оваа грешка, несомнено можам да кажам дека ако ми речеше некој дека ова е филм на Тарковски
Го изгледав Сталкер, и да се поправам, немаше никаква сличност за мене меѓу двата филма. Да, инспирација за некои сцени, ама тотално различен концепт, идеја и реализација. И приказната немаше допирни точки.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Пробав да си направам список со филмчиња што повеќето не сте ги гледале и имам само едно да ви кажам:
Кои лудаци сте вие, па дали сте нормални се сте гледале?!?!?!
Ми останува уште да прогуглам унгарска кинематографија....
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Пробав да си направам список со филмчиња што повеќето не сте ги гледале и имам само едно да ви кажам:
Кои лудаци сте вие, па дали сте нормални се сте гледале?!?!?!
Ми останува уште да прогуглам унгарска кинематографија....
Welcome to the Film Club.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Пробав да си направам список со филмчиња што повеќето не сте ги гледале и имам само едно да ви кажам:
Кои лудаци сте вие, па дали сте нормални се сте гледале?!?!?!
Ми останува уште да прогуглам унгарска кинематографија....
Овие се The Hateful 5
1637832126840.png
@123456 @grande-juve @Хоуп @moongoses
последниов не можам да го тагнам... жив ли е? Побарал да му се избрише профилот?

Иначе, те поздрави Mario G еден србин/хрват шо го знам, 8000+ има логирано.

Патем, ова е листа на луѓе што ме следат а јас не ги следам.
1637832869327.png
Дали некој од вас е еден од овие? Не мора он да се јави, може и друг да каже ако препознае. За да ги заследам, ако сум пропуштил некој.
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Овие се The Hateful 5
Прегледај го приврзокот 314507
@123456 @grande-juve @Хоуп @moongoses
последниов не можам да го тагнам... жив ли е? Побарал да му се избрише профилот?

Иначе, те поздрави Mario G еден србин/хрват шо го знам, 8000+ има логирано.

Патем, ова е листа на луѓе што ме следат а јас не ги следам.
Прегледај го приврзокот 314510
Дали некој од вас е еден од овие? Не мора он да се јави, може и друг да каже ако препознае. За да ги заследам, ако сум пропуштил некој.
Па и на листата си ме ставил несреќо со 7 филма...:свиркам:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Па и на листата си ме ставил несреќо со 7 филма...:свиркам:
Таа е цела листа, несреќо, не си специјално ставена...:свиркам:
Потрши саат време да си избележиш гледани филмови во минатото, ако сакаш да се качиш погоре, и да го избегнеш дното, хехехехе.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Таа е цела листа, несреќо, не си специјално ставена...:свиркам:
Потрши саат време да си избележиш гледани филмови во минатото, ако сакаш да се качиш погоре, и да го избегнеш дното, хехехехе.
Ќе биде... еднаш да помие периодот со бизнис планови, EBITDA и слично... :)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
Овие се The Hateful 5
Прегледај го приврзокот 314507
@123456 @grande-juve @Хоуп @moongoses
последниов не можам да го тагнам... жив ли е? Побарал да му се избрише профилот?

Иначе, те поздрави Mario G еден србин/хрват шо го знам, 8000+ има логирано.

Патем, ова е листа на луѓе што ме следат а јас не ги следам.
Прегледај го приврзокот 314510
Дали некој од вас е еден од овие? Не мора он да се јави, може и друг да каже ако препознае. За да ги заследам, ако сум пропуштил некој.
мене не ми се сите означени филмови, ако беше ова за мене наменето :D
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
мене не ми се сите означени филмови, ако беше ова за мене наменето :D
Не бе, за сантели беше. Мада сите ве поздравува тој. Но не е проблем за тебе тоа, до Нова година ќе го изедеш :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom