Се што требаше да биде КС - Каубојс, испадна да биде Чарџерс - Питсбург. Многу ја имаат стегнато одбраната Канзас изминативе утакмици, влегуваат во ритам полека иако сеуште не блескаат во напад. Сепак Далас одигра добра одбрана, Парсонс е сериозен играч и сигурно ќе има добра кариера ако го заобиколат повреди.
Одличен меч беше Минесота - Грин Беј, дерби во права смисла на зборот. Штета што не го признаа последното фрлање на Роџерс за ТД, каков одговор ќе беше тоа непосредно после ТД-то на Минесота, се замрзна цел стадион
Џеферсон и Тиелен се страшно дуо, Џеферсон имаше 100 јарди во прва четвртина. Тиелен не памтам да немал ТД на некоја утакмица сезонава... Кирк Казнс 21 тд и само 2 инт, ама никој не збори за него дека е fucking Kirk Cousins
Тејлор е стварно нереален, машина во права смисла на зборот, сам ги носи Колтс на грб и ги држи во игра за ПО. Прв до 1к јарди сезонава, иако да не се повредеше Хенри ќе стигнеше прв сигурно. Билс се многу нестабилна екипа, напаѓачкиот потенцијал е несомнен ама одбраната им е на апаратима.
Одамна немало појака и поизедначена сезона, сите екипи можат да направат изненадување (секако освен Детроит), имаше многу мрднати резултати како вчерашната победа на Тексанс во Тенеси.
Пејтриотс се враќаат, веќе викендов ќе имаат прав тест, да се види дали се for real.
Не знам што да кажам за моите Сејнтс, со оглед на повредите и целокупната атмосфера, ама пак болат идиотски порази.