Атеизам vs Религија

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
'ombre Herman-o :)

"The short-sighted see only this life, and say: this is the only life, and by our deeds we will make it immortal among men.

And I tell them: if your beginning is like a river, then it must have its source; if it is like a tree, it must have its root; if it is like a ray of light, it must come from some sun.

And I tell them again: do you base your immortality among mortals?
You make fire in the water.

But when they see death, they lose hope, and anguish grips their hearts.
When they smell the flesh of their dead brides; when they lower the airless faces of their friends into the grave; when they lay their hands on the cold breasts of their sons; when they learn that neither kings with their crowns could redeem themselves from death, nor heroes with their muscles, nor sages with their wisdom, - then they feel the cold wind of death where it blows on them, and they fall to their knees and bow their heads over their fallen pride, and pray to Thee; Holy Immortal, have mercy on us!"
 
Последно уредено:
Според твоето селективно и буквално поимање на дефинициите итекако е можно, дури би додал и атеист ( неверување во бог нели пошто он знае значи не верува ) - гностик ( знаење дека бог постои ) теист ( пошто нели го зне бог ) - антитеист ( против религиите е ).
Атеизам е неверување во богови. Верува во љубов на пример. Атеизмот е само неверување дека има богови. Ништо повеќе ништо помалку.

Или како што читам тука некои, ако некој не верува во богови дефакто не верува ниту во љубов, нема надеж, нема живот?
Тоа е премногу старо-еонски ставови за нештата и другиот до вас...

Сето друго верување за што и да го поврзете, атеист нема проблем да верува дека јас или некој друг е добар човек, но не може да верува дека има христијански, исламски, Телемитски или било каков вид на божествен концепт/Бог/Богови! :)

Антитеист - зошто во заграда објаснување дека е против религија?
 
Ја сум Хепта религиозен до коска знаеш и самиот:)...наречи го заостанатост,застој во цивилизацискиот тек на поединецот(т.е. мене:))антипрогресивец и така натаму...Пред некое време чув одлична паралела од еден јутубер-На сцена го имаме невидливиот пријател(Бог) и невидливиот непријател(Корона) и ваше е на кого ќе му ја дадете вашата верба и во кого ќе верувате...:coffee:
 
Навистина си ова? Не сум знаел, мислев дека си лаик до коска, не религиозен. Ти си бил камен темелник на кој се сопнува напредокот на човештвото... ете ти беља сега... ќе те распнуваат, немој да ја преземаш таа улога ниту како забава! А која религија си, вака до коска? Православие, српско? :D
Тргни коските, тргни крвта, тргни месото и ти си ништо на Земјата - што е добро, ако ме разбираш... во однос на религиите и пустите богови ;)

Пак ќе ти повторам: во атеизмот не постојат богови. Нема место за тоа чудо во атеизмот.
Религија пак... секој секако си ја разбира. Некои навистина истражуваат и бараат објаснување што Е религија и зошто има премногу религии, за други е само забава и романтично размислување за нештата, духовност го нарекуваат, испреплетено со сешто од секаде (без многу заморување мислам) :)

Значи, имаме атеизам наспроти религија и имаме религија наспроти религија и нормално: што ние подразбираме денес под поимот религија? ;)
Од каде доаѓа тоа... ? А-теизам е лесно да се одгатне... ама ова со религиите, како овци, ниту се тераат ниту се водат некаде... освен ако немаш кучиња да лаат по нив!
 
Svako čovekovo delo je vrdanje i lukavstvo jednog zeca.
Ljubav i Smrt su hrtovi koji ga love.
Bog je uzgojio lovačke pse i uživa u sportu.
To je Panova Komedija da čovek misli da lovi, dok ti psi love njega.
To je Tragedija Čoveka da kada se suoči sa Ljubavlju i Smrću " on počne lajati. On više nije
zec već vepar. Ne postoje druge komedije ili tragedije. Odbi zato da budeš sprdnja Boga; živi i
umri u okrutnosti ljubavi i smrti!
Tako će Njegov smeh biti potpuno prožet Ekstazom.
 
"Како ме вређа као врућа стрела разметљивост људи својом моћи од кад сазнадох за Твоју моћну руку, Свети Крепки!

Зидају куле од камена, и говоре: бољи смо зидари од твога Бога.
А ја их питам: да ли ви, или оци ваши, сазидасте звезде?
Проналазе светлост у земљи, и хвале се: знамо више него твој Бог.
А ја их питам: ко закопа светлост под земљу, да је ви пронађете?
Лете по ваздуху, и надмено говоре: сами себи створисмо крила, где је твој Бог?
А ја их питам: ко вас подсети на крила и летење ако не тице, које не створисте ви?" :coffee:
 
Последно уредено:
А ја их питам: ко вас подсети на крила и летење ако не тице, које не створисте ви?" :coffee:
О старче, не прашувај, наметнувај крилјата и летнувај :D
И ова го зборува човек (поточно напаѓа други кои имаат критика кон црквите и лицемерните религии) што одобрува огромни црковни имоти, и купишта злато по храмовите! Бидејќи не постојат ритуали без злато и сребро, без сонце и месечина! Нели ;)

Пазете со камењата што градите или со какви камења фрлате по другите, огнот што гори во една ѕвезда го надминува секој камен низ цела вечност поставен на Земјата!

„ ... пламенот што гори во срцето на секој човек, и во јадрото на секоја ѕвезда.“ - ете Тоа не потсетува дека имаме крилја, а не религиите на Земјата кои не одобруваат промена!
 
Грешиш Хепта...мојот духовен водач "по патот" не е таков,приоритет му е спасувањето на душата на народот а материјалното и телесното му е скроз небитно под некоја 10-та точка...

хинт-"Сручи народ сву своју душу у зидине једнога храма, и остаде празан и без душе. Ко сву своју душу повери камену на чување, и сам на стражи више над њом, заиста ће бити несталан у свету као јасикова сенка. "

хинт-"Али, јадници, шта ће бити од храмова ваших, ако душа ваша не сагледа и не послуша пример?
Ако кубета храмова ваших буду за вазда виша од душа ваших? Ако ширина храмова ваших буде за вазда шира од ускости душа ваших? Шта ће бити од храмова ваших?
Ако свеће у каменим храмовима вашим буду за вазда светлије од мисли ума вашега? Ако измирна и ливан буду за вазда мириснији од мириса срца вашега? Шта ће бити од храмова ваших?

Ако олтари ваши буду за вазда светлији од свих светиња душа ваших? Ако раскош литургија ваших буде за вазда већа од раскоши душа ваших? ако јека молитава у храмовима вашим буде налазила више одјека у зидовима каменим него у душама вашим? Шта ће бити од храмова ваших?
Постаће мртви споменици мртвих душа. А кад постану то, – кад престану бити пример зидарства душевног и постану гордост – заиста ни камен на камену неће остати. А ви ћете, јадници, лутати као сенке оних, који су градили знајући шта и зашто граде; и играћете по свету нестални као јасикова сенка."
 
Грешиш Хепта...мојот духовен водач "по патот" не е таков,приоритет му е спасувањето на душата на народот а материјалното и телесното му е скроз небитно под некоја 10-та точка...
Бааги материјален овој Николај... одржуван :)

Духовен пат... имал тој духовен пат. Не делуваш дека си на некаков духовен пат...

Твојот духовен водач ти дава по се изгледа само цитати на кои мислиш само кога ќе ти влета тема некоја или мисла со која не се сложуваш, кои пак од срам ги преведуваше на англиски за да изгледаат помудро од српскиот национализам што го имаат сите свештеници христијански во Србија.
И преведувај на македонски, не да копираш и јас да расправам со мртвиот Николај... реков веќе еднаш со мртовци не дискутирам.

Воопшто не грешам. Само ти заблуден од обожувањето на Николај, па нема по никоја цена да си дозволуваш да видиш преку неговите мисли нешто повеќе ниту нешто погрешно :)

Приоритет е златото и храмовите во старите религии! Ништо помалку ништо повеќе. Битно е да се има стадо инаку ќе се нема потреба од пастир.
Бесцелно везел Николај, само ги кара луѓето вакви онакви храмовите, а храмовите не мрднале ни за милиметар од она какви се и што има во нив... луѓето чекаат воскреснување, а свештениците зборувајќи само негативно за се и сешто, го одвлекуваат вниманието за тоа дека се е свршено. Толку.
Автоматски споено мислење:

Also sprach Vladika Nikolaj Velirovitch
Постојано од Николчо споделува цитати. Христијанин е и не може да си признае ниту на себе си дека е христијанин.
Не е ништо срамота или страшно да веруваш во богови.
Страшно е да си убеден дека само твојот бог е реалноста и за другите :)
Тоа никако да се научиме... никако да се научиме дека секое учење има крај и раѓа ново учење и нови искушенија.

Не знам како старите религии не го разбираат тоа и постојано се држат за сламка за да опстанат...
 
Не е ништо срамота или страшно да веруваш во богови.
Страшно е да си убеден дека само твојот бог е реалноста и за другите :)
You hit the bull's eyes.

Колку знам за тебе телемата е религиија. И таа ли има крај? На моменти ми делуваш како нив, „Телема и ништо друго“, или можеби грешам?
 
Што да правам,ограничен сум...:) убаво пишав духовен водач,никаде не пишав идол...:) христијанин да ама без национални префикси,освен ако пробуваш да ме дефинираш во "некоја рамка" пиши православец -етикета која ми прилега...:)
p.s.Да го пронајдов мојот духовен водач и да се идентификувам со некој свештеник или филозоф од зулу племето ќе постирав цитати од зулу јазикот... :)
 
Православец ми е простачки израз. Православен е подобро. А и лесно се памети: право+славен.

Ништо не може да правиш штом си убеден дека си ограничен. Дури и неограниченото да те удри по тил, нема да те помести ни за еден милиметар.
Штета што имате водачи а не колеги на патеките што сте ги избрале... тоа е уште една голема грешка од минатото.

Јас не ги измислувам националните идентитети на христијанските цркви, тоа им е останато од „пусто турско“ и не може да поминат над сето тоа. Затоа и сите проблеми со признавања и слично... ја знаеме сказната. Подобри се разделени и заплеткани во земски ствари.
Ќе дојде време ќе цитирате и од некој македонски Никола или Момир или Менде, се си бидува... во ова ново време ништо не смееме да дозволиме да исчезне.

Сите религии стари, нови, тајни и јавни учења мора да опстануваат едни до други и братски да се војува за човештвото да биде подобро.
И тука нормално да бидат вметнати и оние кои не сакаат религии, не веруваат и за нив не постојат богови... старите религии паѓаат со нивните проповеди и обвинувања на овој камен. Не можат да ги прифатат другите освен како нужно зло преку кое го оправдуваат сето она што не е исполнето до сега од нивните „предвидувања“ и „знаци“.

П.С. За цитатите:
Зборувај на темите поврзнао со истите, стави цитат за да доловиш или дадеш „тежина“ на тоа што го зборуваш во врска со темите. А не цитот да е главното нешто па јас сега да се расправам со Никола од Србија :)
Постојано се учиме како да се пишува на форум... ме изморува повторувањето.
Автоматски споено мислење:

You hit the bull's eyes.

Колку знам за тебе телемата е религиија. И таа ли има крај? На моменти ми делуваш како нив, „Телема и ништо друго“, или можеби грешам?
Има крај Телемата. И никој нема проблем со тоа. Нема end of days. Но има друг Закон по кој што ќе се менува човештвото, кој што нормално немаме никакво сознание каков ќе биде и што ќе подучува...
За мене повеќе е учење, практична ствар Телемата отколку религија, сфатена во онаа стара форма која доаѓа со старите религии. Да се верува не е доволно. За почеток е во ред, бидејќи да веруваш значи даваш шанса на нештото, дека методите ќе се делотворни, но ако сето тоа остане само верување - не знам што со тоа тогаш.

Да, така делувам - си признавам дека така изгледа кога само форумов или мојот блог е изворот на информации, но тоа е површно гледање на нештата.

Кога зборувам за Телема, зборувам за ново време, дека се е дозволено, дека старите религии ја немаат повеќе моќта да ограничуваат, со своите говори на осуда да влијаат на се и сешто... денес, се е игра, се е искуство... тоа не може да го избегне никој на Земјата.
Секој е сам свој центар на својот универзум и никој не смее и не може да му забрани да го проширтува тој универзум. Сеуште имаме проблеми, но што се 100+ години во однос на една вечност? :) Ќе се решат нештата полека... но сигурно :)
Телема е начин на дејствување и навнатре и нанадвор - практичност. За оние на кои им требаат богови, ќе пронајдат сешто, на оние кои не им требаат богови и кои гледаат материјално на светот - има и тоа, може да се извитка Законот и да го применуваат во таква форма. Се зависи од човекот и неговото разбирање и иксуство.

Сакаш да си атеист, не можеш да прифатиш дека има богови, дека има нешто што го придвижува ова бесконечно лудило? Слободно, зарем ќе те осудуваме? Глупости.

Сите сфаќаат дека не може без слобода, не може без љубов, дека животот мора да се живее до максимум и дека светлината која ја зрачиме е врвот на човековото постоење на Земјата. И љубовта за која зборуваме не е само онаа човечка љубов што ја чувствува кон друг човек, без разилка на полот... тоа е универзална љубов, едноставно љубење на самото постоење, на самиот потенцијал, на самиот универзум (што и да подразбира некој под тој симбол).
И овие четири работи се испреплетени едни со други како и четирите форми на јога кои доаѓаат од истокот. Едно без друго не можат и не знаеш во даден момент кое во даден момент е посилно и повеќе преовладува :)
 
Последно уредено:
Ех Хепта бреее... честити подфорумски царе :cuc:

Сега малку за темава (а и темата го сумаризира цел подфорум)

Да повториме некои работи. Религија дефинирана според Библијата е ова:

Да се грижиш за сирачињата и вдовиците што се во неволја и да се одржиш неизвалкан од овој свет. (Јаков 1:27)

Доколку некој сака онака атеистички да се инаети и противи кон ова, добро ок нема проблем има место за сите во котлето.

Атеизмот сам се дефинира, дека е нешто кое не може да постои без теизмот. Теизмот е прв, атеизмот е кокошката. Сите култури низ времето имале „религии“, односно верувале во некакви богови или натприродни битија. Атеизмот е популарен и сеуште тренди денес најмногу поради Просветителството и научната демистификација на универзумот, гледањето кон „религиите“ како суеверие. Но денес целиот свет го живее тој Просветителски сон или кошмар, што и да е, тоа е веќе мејнстримот во матрицата и така ќе си тераме се додека не се разбудиме или одново родиме.

Сега малку за Телема.

Ме мрзеше да читам детално за ваа работа и така онака ќе речам дека ја сметам за уште едно копиле на Протестантската Реформација, поточно подкопиле на Англиканизмот и донекаде Лутеранизмот. Е сега зошто баш копиле? Епа внатрешниот речник тоа ми го дава, вика нема друго шефе, пиши копиле.
За да се разбере Телемата треба да се разбере Англија и општо Европа на почетокот на 20ти век. Викторијански морал и национализам пуштен на најјако. Плус светот се глобализира, Британска Империја бе па тогаш било кул и тренди за аристократската класа да увезува некои егзотични ствари од протекторатите, како на пример кари, јога, хундуизам и египтологија, но во тоа време исто така веќе посилно се осеќаат ефектите од Просветителството, религијата е демистифицирана и редуцирана на ниво на „социјално евангелие“, навлегуваат нови идеи како дарвинизам и следователно нови теории на раси и нации и губење на индивидуата во расата/нацијата, тој индивудалистички либерализам од раното Просветителство со цел кон слобода полека преминува во социјализам и клас страгл со цел кон еднаквост, накрај пак треба да се обвини Просветителството со целата бирократија која го деиндивидуализира и дехуманизира човекот, квантифицирање и редуцирање на човекот до број.
Така може да се каже дека Кроули и верната дружина се бунтовници кон сето ова, и донекаде е оправдано бидејќи тогашните цркви особено протестанските не можеа да се замарат со вакви филозофии тогаш им беше поинтересен национализмот и бројот на членовите. Ок признавам на Англиканските цркви сеуште им е поинтересно тоа, во катедралите им ќе најдеш повеќе војници на обоените прозорци отколку светци. Можеби тие се новите светци, можеби сакаат и верниците да се такви послушни и верни на цркво-нацијата, којзнае...
Е со пофалбите до тука. На другата страна на шкотската гајда, мислам дека вашата религија/учење/движење е уште една манифестација на денешниот токсичен либерализам, кој може да се каже дека е доминантната идеологија во денешното општество, повеќе во западното ама полека иде и накај северното. Сега тука може да се каже дека северното општество си пати од Православие и токсичен конзерватизам, ама отров не се лечи со друг отров ами со противотров. А змии има колку сакаш, не е тоа проблем. Не, мојот проблем со вас (Телемитите) е тоа што од една страна копнеете по духовност, кон натприродното, кон тајните учења и мистериите во овој свет, се организирате според средновековните мистични одреди, а од друга страна се однесувате како и сите „просветлени“ атеисти, се исмевате со „религиите“, полни сте со ароганција и мислите дека сте најпаметни (ок за ова може да го обвинам англичанизмот), си играте религија а не верувате во Бог и натприродното, глумете опресирани жртви а уствари никој не се замара со вас ни спц ни смпц, си имат они други приоритети како на пример собирање и перење пари.
И за крај, љубовта. Ахх, љ`амор. Тука мора го пофалам малку англичанството а и вас со него шо се фокусирате на тој дел од учењата на Христос, на таа виша љубов разбираш. И тука леже зајако на сите ваши верувања. Ако веруваш во Љубов, значи автоматски и телемитски веруваш во Бог, бидејќи Бог е Љубов.

Лека ноќ, мои Телемити, каде и да сте.

П.С. Се извинувам за некои печатни грешки, јас сум одроден северен кој честопати користи гугл транслејт за јазикот на вашата земја, исто така речници и буквари.
 
Баш така. На слеп како тебе не можам да му докажам. Ништо јас не негирам, ти негираш. Докажи го слонот што не постои. Ако можеш.....
...метафората е метафора за оние што знаат да ја читаат
...за оние што се осеќаат навредени и прозивани останува само насмевката како коментар,нели? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom