Коронавирус (COVID-19)

Член од
17 јануари 2011
Мислења
241
Поени од реакции
131
Да не знае некој во која амбуланта има помалку гужва за вакцина?
Одев 10тина пати во јане сандански ама има ненормални гужви, чекаат по 100 луѓе.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Еднаш може, хумани сме, другпат не може, не сме хумани. Не било исто да прележиш и да се вакцинираш, корисен си за другите ама оти не си бил вакциниран ќе те банираат од сите сервери (и Сити мол, Рамстор, Ист Гејт...).
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
... примена на ковалесцентната плазма во лечење на COVID-19 исто како антиковид вакцините и ПЦР COVID-19 тестовите, се само за Итна употреба (примена, третман) поради немање друг избор во опаката болест COVID-19, така да се уште се проценува ефективноста или безбедноста на третманот,
но ФДА верува дека ова „заздравувачката плазма COVID-19 “ може да биде ефикасна во намалувањето на сериозноста или скратување на должината на болеста COVID-19 кај некои хоспитализирани пациенти, но според Националниот институт за здравство (НИХ), нема доволно податоци за да се препорачаат за или против употребата на „заздравувачка плазма СОВИД-19 “за третман на СОВИД-19,

... повеќето мислат дека заздравувачката плазма терапија преставува лек!

- кога се аплицира антиковид вакцина, имунолошки систем произведува антитела кон патогенот коронавирусот „активен имунитет“, додека заздравувачката плазма терапија нуди краткорочен тип на „пасивен имунитет“, антителата преку инјектирање на плазма од донатор кој ја прележал болеста СОВИД-19, може да помогне во борбата против вирусот и да му овозможат на пациентот време да ги развие своите антитела за закрепнување,
 

Wizz.

TheBest
Член од
27 септември 2009
Мислења
262
Поени од реакции
69
Да не знаете некој што изнајмува концентратор за кислород или продава боци со кислород?
 
Член од
18 септември 2014
Мислења
827
Поени од реакции
746
Дечки што терапија се прима кога си во изолација дома?
Автоматски споено мислење:

Не мора да значи.Може до некаде кај женскиот пол да важи ова со оглед дека и кај нас сопругата беше само со тие симптоми.Јас од друга страна пред да изгубам мирис и вкус бев со недела дена температура 38,5 и акутна пневмонија.После 5 дена од симптомите плус изгубив мирис и вкус со болки во кичмата и бубрезите.Секој со своја приказна али најбитно со лесно да помине.
За колку време после губењето на мирисот и вкусот закрепна? Исто имам болки во кичмата и трпнење на задниоѕ дел од грбот
 
Последно уредено:
Член од
9 јануари 2021
Мислења
36
Поени од реакции
46
Се одлучив да се вакцинирам и ме интересира како оди на терен во Куманово, Дали не прашуваат која вакцина сакаме да ја примиме или немаме таков избор? И дали може да отидам на незакажано во пункт?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.906
Поени од реакции
14.596
Незнам дали е веќе поставено ова мислење на Даниловски...:cuc:

Чекајќи го Годо

12 септември, зора е. Четврти ден од пеколот во Тетово со четиринаесет жртви и петстотини триесетти ден од првиот смртен случај од КОВИД-19. Досега веќе имаме шест илјади двесте триесет и шест маченици — „and counting“…
Голгота… пеколно крешендо – што кулминираше со живи изгорени луѓе – кои отидоа во вечноста, барајќи спас од вирусот… Длабоко сочувство до семејствата за ненадоместливата загуба!
Се случи неописливо страотна несреќа денес, небаре сме во илјада триста четириесет и шестата – доцниот среден век – кога косеше „црната чума“!
Ќе паднат оставки, се разбира… Што дека?
Шампиони во Европа и светот сме! Шест илјади двесте триесет и шест семејства завиткани во црно! Ми се наметнува прашањето: Зошто не покажавме – и понатаму не покажуваме – барем малку пиетет? Зошто толку грозничаво инсистирање на кафани, журки, свадби, хедонизам? А, истовремено, тука покрај нас, се слушаат ужасни претсмртни крици во болниците…
До таа мера ли сме потонале во тотална, монструозна индиферентност кон несреќата, смртта на ближниот? Од каде толку егоизам и отсуство на емпатија? Перверзен танц на Танатос и Ерос!
Но, не е тоа тема на постов! Темата е – зошто баш ние шампиони во смрт да бидеме?
Многу причини се спомнуваат. Не биле доволно добри мерките! Народот не ги почитувал! Најлошо општо здравје сме имале! Доцна барале лекарска помош болните!
Но, прво срамежливо, па сѐ погласно, почна да се спомнува и една друга причина – отсуство на единствени протоколи (упатства) за третман на болни од КОВИД-19.
Но, тука на сцена е она бекетовско чекање на Годо! Петстотини и триесет дена (или нешто повеќе) го чекаме, а тој никако да дојде!
Се огласи – конечно – Лекарската комора на Македонија (ЛКМ) – точно пред седумнаесет дена… со задоцнување од петстотини и тринаесет дена – затоа што беше прозвана. Ги повика надлежните институции, стручните комисии и лекарските здруженија, „во услови на непостоење на национални протоколи“ (значи, признава дека нема протоколи!) „да споделат со јавноста стручни ставови за сите отворени прашања и дилеми, како би можело граѓаните заклучоци и ставови да градат на точни факти, а не на дезинформации.“
Да споделат стручни ставови!? А зошто не ги повика да изготват протоколи за третман на ковид!? Зошто се бега од протоколи? Зарем досега не стана јасно дека без протоколи голем дел од нашиве доктори се снаоѓаат како „риби на суво“? Слушам по медиуми – тврдат некои – протоколи сме имале!? А зошто тогаш ЛКМ во својот проглас вели дека национални протоколи немаме!?


Ај, да речеме, ги има… можно ли е, во тие „протоколи“ да пишува дека основен елемент на третманот на ковид се антибиотици од широк спектар!? Зашто, секому досега му стана јасно дека мнозинството доктори – на сите нивоа на здравствена заштита – на болни од ковид – нехоспитализирани и хоспитализирани – ординираат антибиотици… многу често дури по два, многу често двојни дози (Сумамед) – па и тројни? Дури и на деца! Во кој протокол во светот пишува дека антибиотиците се столб на третманот на ковид? Во никој! Ако такви протоколи навистина сме имале – фрлете ги во канта!
Но, настрана протоколите… И без нив, ако имаат диплома од Медицински факултет, зарем нашиве доктори (не сите, се разбира) не знаат дека антибиотици не делуваат на вируси? Зарем не знаат дека антибиотик не се дава само за позитивен ПЦР тест? Или само за „црвено грло“? Или само за сува кашлица? Или за растечен нос? Зарем не знаат дека не се дава „за да не се спушти на плуќа“?
Зарем не знаат дека антибиотик не се дава дури и при присутна атипична (вирусна) пневмонија, ако нема доказ во крвната слика за присуство на бактериска инфекција? Зошто буквално се апстрахира крвната слика? Зарем не знаат дека основен столб на одбраната на организмот е сопствениот имунолошки систем? Зарем не знаат дека тој е под „команда“ на цревната бактериска флора?
Зарем не знаат каков масакр прават антибиотиците на таа флора? Зарем не знаат дека тогаш, како последица, доаѓа до компромитација на имуниот одговор и единствената одбрана против вирусот е на колена? И дека тогаш вирусот буквално може да збесне, како во „авлија без кучиња“?
Зарем не знаат дека без заштитната улога на цревните бактерии, лесно се накалемуваат бактерии резистентни на антибиотици – и не само тие? За тогаш буквално да се направи „од готово вересија“… заради што и непотребно се умира, нели!
На што се должи оваа епидемија на ординирање антибиотици на ковид пациенти – и амбулантски и хоспитализирани? Заради незнаење? Заради конформизам ли, затоа што знаат дека тоа го очекуваат пациентите од нив? Зашто, кај луѓето постои став дека ако доктор не им даде антибиотик, тој не е добар доктор?
Зошто, наместо да бидат конформисти, докторите од примарна здравствена заштита не го одберат потешкиот пат – да го едуцираат народот? Нели основна мисија на примарните доктори (и не само нивна) е здравствено да го просветуваат населението и грижа за здравјето, а не лекување на изгубеното здравје (to care not to cure)? Зарем лекување е давање антибиотици за вирусна инфекција – дури и на деца? Јас ќе речам – труење е! Зарем е можно некои да се водат и од лукративни мотиви?
Зошто едукативно не делуваат – голем дел од нив – и на полето на вакцинацијата? Зошто сѐ уште има невакцинирани доктори? Зошто такви има дури и на клиниките? Како може да има само околу 85 проценти вакцинирани доктори? Зошто не дадат личен пример? Како тогаш да очекуваме обичните луѓе да ни веруваат и да се вакцинираат без скепса и страв? Зошто има доктори кои дури и ги одвраќаат луѓето од вакцинирање? Зошто… Има многу „зошто“. Во таков амбиент, се создава плодна почва за теории на заговор! Теории на „мијазма“ на 21 век!
Секако, не смееме да генерализираме. Има многу светли примери меѓу колегите. Мислев дека тие се мнозинство. За жал, малцинство се тие… За нив, секоја чест! Капа долу! Но, неколку ластовици не ја прават пролетта…
Што да се прави? Мораме да се разбудиме од летаргијата. Мораме да ја сопреме инерцијата која води во бездна! Мораме да покажеме дека Хипократ не сме го заборавиле!
Нека се разбудат стручните здруженија при Македонското лекарско друштво. Еснафот е на потег! Нека седнат заедно, нека ги изанализираат состојбите. Нека направат работна група составена од инфектолози, пулмолози, анестезиолози. Конечно да дојде на светло на денот национален протокол, упатство – наречете го како сакате – за третман на болни од КОВИД-19 на сите нивоа на здравствена заштита. Макар со задоцнување од петстотини дваесет и кусур дена. Подобро некогаш, отколку никогаш. А Министерството за здравство да се грижи тие протоколи да се спроведуваат стриктно од секој доктор во Македонија!
Во меѓувреме, го чекаме Годо… Се надевам, нема долго. За животи се работи!
Во продолжение, нудам на увид две упатства како урнек – едното од Светската здравствена организација и другото од Националните институти за здравје во Соединетите Американски Држави. Во ниту едно од нив не се спомнуваат антибиотици во основните протоколи, освен ако постои индикација за бактериска пневмонија!

 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Се одлучив да се вакцинирам и ме интересира како оди на терен во Куманово, Дали не прашуваат која вакцина сакаме да ја примиме или немаме таков избор? И дали може да отидам на незакажано во пункт?

Нема бирање на вакцина.
Едноставно е, некој ден за 1 доза е предвидена Синовак Кинеската вакцина, а некој ден за 1 доза е предвидена Фајзер вакцината.
Како ќе се падне денот.

Да, без закажан термин едно 2 месеци е вакцинацијата.
Јас во Август се вакцинирав во Куманово без закажан термин.

Кога се ревакцинирав, ми беа смешни и мизерни луѓето кои тој ден дошле за 1 доза вакцина. Прашуваа која е вакцина тој ден предвидена за 1 доза, кога војниците кои одржуваа ред и дисциплина им кажаа дека тој за 1 доза е предвидена Синовак Кинеската вакцина а дека моментално имало Фајзер доволно вакцини само за нас кои треба да се ревакцинираме, луѓето се бунеа.

А воглавно тоа беа Албанци, хехех се бунеа кутрите што за нив немало од Фајзер вакцини, од нивните западни спонзори.
Ако сметаат дека се оштетени, Албанците нека одат да протестираат на Кале пред Американската амбасада. :D

Инаку се бунеа кратко време Албанците зошто немало Фајзер, но сепак останаа да чекаат во редицата од гужва, и на крај си се вакцинираа со Синовак кутрите Албанци.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.392
На спомнатите најважен им е сертификатот за влагање во ЕУ, затоа бараат Фајзер.
Америте со задоволство ќе ни увалеа Џонсон и Џонсон вакцини, само нашиве (Миле) не се сетиле да им побараат. Инаку ЏЏ повеќе проблеми (несакани ефекти) прават и од Астра Зенека и луѓето ги избегнуваат, таму кај нив им остануваат неискористени и им поминува рокот. Ама па ЕУ ги признава ЏЏ, за разлика од било што произведно надвор од ЕУ или САД.

Бугарскиот Фајзер иде како алва, а мора и да се искористи пошто уште некој ден ќе му помине рокот (затоа и го дале Бугарите).
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
На спомнатите најважен им е сертификатот за влагање во ЕУ, затоа бараат Фајзер.
Америте со задоволство ќе ни увалеа Џонсон и Џонсон вакцини, само нашиве (Миле) не се сетиле да им побараат. Инаку ЏЏ повеќе проблеми (несакани ефекти) прават и од Астра Зенека и луѓето ги избегнуваат, таму кај нив им остануваат неискористени и им поминува рокот. Ама па ЕУ ги признава ЏЏ, за разлика од било што произведно надвор од ЕУ или САД.

Бугарскиот Фајзер иде како алва, а мора и да се искористи пошто уште некој ден ќе му помине рокот (затоа и го дале Бугарите).
Problemot so Johnson e deka e malku prisutna voopsto. Edinstven prednost e edna doza ali zatoa pomalku efikasnost od tie so dve dozi sto se. Ama ako ti e za sertifikatot valjda najlesno so nea.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.392
Тоа и беше муабетот. На таквите баш за сертификатот им е. Инаку јас лично одбив Фајзер за традиционална вакцина кога Фајзер не го нудеа како опција за избор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom