Абе другар, ти мислев попаметен ама грешка сум бил. Еднаш си Бугарин и зборуваш за реалните случувања и историски факти од минатото а сега изигруваш некаков си северно македонец.
Сега и Скендербег ли е Македонец-Словен?
А да бев јас Албанец тоа со гордост ќе го истакнев, како што тоа Албанците го прават.
Инаку според повелбата што си ја постирал името му бил Герг, албанската варијанта на Ѓорги.
Друг фактор што заборави да го споменеш е што кулата која татко му Иван ја изградил при Хилендарскиот манастир била нарекувана арбанашки пирг или арбанашка кула од страна на Србите.
Трет момент е што името на татко му било Иван а не Јован како што го изговараат Србите и словените во Македонија.
Понатаму, името на дедо му било Пал што е албанската варијанта на Павле додека пак пра-дедо му бил запишан како Константин Кастриотис Мазреку. Мазреку значи одгледувач на коњи на Албански.
Четврт момент е што територијата со која што владеел била Мат, Круја и Дебар а која воглавно била населена со Албанци.
Можеби Србите имаат право до некаде да се повикуваат на него поради мајка му која била по потекло од српско благородничко семејство ама тоа не значи дека треба да ја искривуваме историјата. Герг Кастриоти е со право Албански херој.
Сум бе шипо, исто ко Крсте Мисирков што бил Бугарин, а тој на сите статии кои ги напишал се потпишувал како македонски Бугарин. Види што значи тоа Бугарин прво па после збори.
Иван е старо албанско име, да, нема луѓе Словени, Иван што се викаат. Па кога ќе му ја видиш лозата, све Албанец до Албанец. Бранко, Станиша, Репош и Славјан се исто така стари албански имиња.
Податоци за поважните личности од лозата на Кастриотите:
– Константин ( 1186 – 1247 ) властелин – архонт. Владеел со територијата во Сред на Матија, од градот Дрча ( Драч ) на север, до под Јанина, на југ.
– Јован ( 1261 – 1327 ), познат како Канински, бил властелин. Имотите на својот дедо Константин ги проширил на север до над р. Дрим, опфаќајќи ги градовите Кроја, Дајин, Кукуш ( Кукс ), Светиград и Дебар.
– Јован, син на Бранко, внук на Јован, во периодот меѓу 1348 и 1357 г. бил епископ во Драч.
– Методиј, син на Бране ( + 1411 ), бил епископ на Кројската епархија.
– Александар, син на Павле ( + 1418) бил војвода и пратеник во Светата столица во Рим.
– Репош, син на Иван ( + 1449 ), бил дипломат и игумен на манастирот “Св. Ѓорѓи”, на Света Гора, каде што е погребан.
– Бране, син на Репош ( + 1496 ), бил дипломат и командант во одбраната на градот Кроја од Османлиите.
– Славјани, син на Константин ( + 1503 ) дипломат и командант во одбраната на градот Дебар од Османлиите.
– Гојко, син на Ангелина, амбасадор на Епирското кралство во Венеција.
– Ѓорѓија, син на Иван, во 1444 г. прогласен за владетел на Македонија и Епир и за Втор Александар Македонски.
Во 13 – та книга на Мартин Барлети од 15 век, под наслов:
“ Vita et Rex Macedonum praeclare gestae Khristi Athletae Georgii Kastrioti Epirotarum principis, lui propter heroicam virtutem suam a Turcis, Scanderbegus, id est Alexander Magnus cognominatus est libris XIII ”.
Ко што гледаш и тука е Георги пишан.