Кога полјакот Никола Коперник, се дразнал да кажи дека светот е веројатно кружен, истиот бил сместа повикан од Кардиналите во Рим, да се изјасни како тоа светот е кружен. Со себе да ја понеси и својата книга, за планетите, полна богохулие. Црквата чуствувала дека под влијание на науката, од раце и се лизга цела моќ, сите лаги, сите догми.
Во Ренесансата луѓето ги измислиле првите Телескопи. Галилео (италијанец) за прв пат ги видел прстените на Сатрун во Космосот. Евидентно било дека и ние се наоѓаме на такво кружно космичко тело кое 'виси' во просторот. Луѓето сакале да си објаснат како и зошто. За прв пат биле поблиску до Господ. Оној вистинскиот, семоќниот. Сите тие ѕвезди, супернови, експлозии, создавање, уништување. Сите тие небули, космички облаци во илјада бои, места каде се раѓаат нови ѕвезди. И сите тие црни дупки, кои немилосрдно вшмукуваат се околу нив. Сакале да знаат повеќе. Кои сме, зошто сме. Истите тие Библиски прашања одново реактуализирани. Ама црквата упорно тврдела дека светот е рамна плоча.
Од каде идат овие нови рамно-земјаши денес? Од евагелистичка ултра христијанско-еврејска Америка. Секоја теорија на заговор потекнува од нејзе. Истите догми, истите глупости. Сето веќе одамна изживеано во Европа.
За жал многу од тие Ренесансни научници завршиле лошо.
Самиот Леонардо да Винчи бил протеруван од град во град. Човекот имал нацрти за летање. Планови кои личат на летачки чинии. Имал коефициент на интелигенција од 220. Неповторлив интелектуалец. Европеец. Некој што ме тера да бидам вистински горд на тоа што и јас сум Европеец. Не Кардиналите. Тој.
ПС, пропорциите според Витувиус ќе ги тетовирам на грб, со оригинал текст на латински од римскиот архитект Ветрувиус, кој напишал 10 книги посветени на Архитектурата. Леонардо ги превел. Денес се во манастир во Швајцарија.