Јас не би ја ни започнал војната.
Мислев дека веќе одговорив: Јас не би ја ни започнал војната. Но ајде и таа игра да ја изиграме, не дека ќе биде за нешто полезна но штом инсистираш... Ете ако веќе мора да ги исполнам условите „брзина, малку/ич жртви, демонстрација на ново оружје на остатокотот од светот“: Фрлање атомска бомба на Фуџи. Сите услови исполнети, и деморализиран противник.
Но војната била последица од експанзионистичката политика на САД, и како таква не морала ни да започне. Целата ВСВ не морала да се случи да не биле активните малверзации на одредени фактори (да не идеме во уште подлабок офтопик).
Реалноста е дека САД
сакале да убијат многу цивили. Сакале да направат терор и ужас... Ама не за да ги покорат Јапонија (тие веќе биле поразени само им требало време да се соочат со реалноста), бомбардирањето немало за цел поразување на веќе поразениот противник туку демонстрација на сила за сите останати на планетата. И баш тоа ја прави целата работа толку чудовишна и злобна, посебно во комбинација со новиве лудачки неокон „
доктрини на прв удар“.
Затоа кажав дека не ја разбирате пораката на руското МНР.
Ама ако после оволку муабет не е јасно, тогаш тоа е заради тоа што свесно се одбива да се разбере.