Како прво не е грчка митологија туку
хеленска.
Еве по нешто за секој од 12те Олимпи, може ќе му се најде на некој.
1. Зевс– Врховен Бог
Роден и скриен на планината Дикта од неговата мајка Реја, Зевс бил одгледан од страна на нимфите кои се грижеле за него и го хранеле со козјо млеко. Негово оружје бил громот, а неговата власт се простирала и на небото и на земјата. Негова сопруга и животна сопатничка била Хера со која добил повеќе деца: Арес, Хеба, Хефест... Зевс е познат и по своите еротски лудории и љубовни авантури со други божици и обични смртнички кои само ја предизвикувале љубомората на Хера. Од тие негови авантури се родиле многу други деца - богови, полубогови и херои. Едни од тие попознати потомци се Хермес, Дионис, Аполон, Артемида, Атина, деветте музи...
2. Хера – Заштитничка на бракот
Таа е ќерка на Хронос и Реја, сестра и сопруга на Зевс, а на нас позната како заштитничка на бракот. Нејзината врска со Зевс започнала многу порано пред да стане негова жена и тие се состанувале тајно, без да дознаат нивните родители. Хера ја среќаваме во многу митови и тоа најчесто како го казнува неверството и сурово им се одмаздува на љубовниците на својот сопруг. Пример за една нејзина одмазда е случката кога Ија, која Зевс многу ја сакал, таа ја претворила во крава. За време на Тројанската војна, Хера ги штитила хелените поради што била обожувана и славена во цела Хелада.
3. Хера – Заштитничка на бракот
Таа е ќерка на Хронос и Реја, сестра и сопруга на Зевс, а на нас позната како заштитничка на бракот. Нејзината врска со Зевс започнала многу порано пред да стане негова жена и тие се состанувале тајно, без да дознаат нивните родители. Хера ја среќаваме во многу митови и тоа најчесто како го казнува неверството и сурово им се одмаздува на љубовниците на својот сопруг. Пример за една нејзина одмазда е случката кога Ија, која Зевс многу ја сакал, таа ја претворила во крава. За време на Тројанската војна, Хера ги штитила хелените поради што била обожувана и славена во цела Хелада.
4. Хермес – Гласник меѓу небото и земјата
Хермес е син на Зевс и Маја. Уште од мал бил многу лукав и досетлив бог. Па така уште како шестмесечно бебе успеал на брата си Аполон да му украде стадо бикови и така вешто да ги сокрие што овој бил принуден да ја употреби сета моќ за предвидување за да може да го пронајде стадото. На сандалите и шлемот кои ги носел имал крилја. Пред да стане гласник на боговите и да ги придружува душите на патот кон подземјето бил гласник на Зевс и носел и донесувал пораки по негов налог.
5. Афродита – Божица на убавината, љубовта и плодноста
Постојат две различни приказни за раѓањето на Афродита. Според едната, таа е ќерка на Зевс и нимфата Диона, а според другата таа е родена од спермата на богот Уран кога неговите гениталии, претходно исечени од Хронос, биле фрлени во морето. Така, од морската пена се родила Афродита. Таа ги штитела заљубените, а најголемо задоволство и претставувало да ги тера боговите да се заљубат во смртни жени. Сакала да прави интриги и сплетки, а особено на богот Зевс, кој постојано бил вмешан во некоја љубовна перипетија. Но ниту таа самата не била нешто подобро. Иако била омажена за Хефес, била во љубовна врска и со Арес, а подоцна и со Дионис со кои имала и деца. Омилен цвет и била ружата, а нејзината кочија била влечена од гулаби, птиците кои најмногу ги сакала.
6. Посејдон – Бог на морето
Тој е син на Хронос и Реја и брат на Зевс и Хадес со кои ја делеле власта. Како еден од постарите богови бил многу почитуван. Длабоко во брановите се наоѓа неговата кристална палата Егa. Со златни кочии крстосува низ своето кралство – океаните и морињата, помеѓу бранови кои не го ни намокруваат. Со својот тризабец удира во нив, ја потресува земјата и ги крши карпите. Лесно е радразлив и мошне лут. Негова жена е прекрасната Амфитрита, а син Тритон – моќен морски бог со човечко горно тело, а со рибји опаш. Посејдон уште се смета и за творец на коњот и бикот. Иако во Илијадата е претставен како заштитник на Хелените, тој во Одисејата со сите свои сили се труди да го отежни што е можно повеќе враќањето на Одисеј во татковината. Причината е тоа што овој го ослепил неговиот син, киклопот Полифрем. Истото им го направил и на останатите херои на патот од Троја, и покрај тоа што бил нивни заштитник во војната, поради тоа што тешко му паднало уништувањето на градот кој тој самиот со свои раце го изградил. Посејдон уживал во друштвото на многу божици и обични смртници и од тие љубовни врски му се родиле многу деца.
7. Деметра – Божица на житните полиња
Деметра е божица на плодноста и мајка на житните полињата. Токму поради тоа се смета дека и таа учествувала во создавањето на светот и се’ што на земјата живее, цвета и донесува плод е резултат на нејзината грижа. Деметра била многу приврзана кон нејзината ќерка Персефона која ја добила од Зевс. Персефона растела покрај мајка си и останатите Богови се додека во неа не се вљубил Хадес и ја грабнал. Деметра, кога дознала за исчезнувањето на Персефона, тргнала во потрага по неа. Кога Хелиос и ја кажал вистината таа толку се налутила што ја напуштила планината Олимп и ги запоставила должностите. За сето тоа време земјата останала необработена, земјоделството стагнирало, немало плодови... Кога го видел ова Зевс му наредил на Хад да ја врати Персефона на мајка си. Хадес се согласил, но пред да ја врати со лукавство ја измамил и и’ дал да изеде едно зрно од калинка што било доволно да ја врзе за подземниот свет. Па така на крајот заедно се согласиле Персефона осум месеци да живее со мајка и Деметра, а останатите четири со сопругот.
8. Арес – Бог на војната
Арес многу ги сакал борбите и затоа секаде е претставуван со шлем, во војничка опрема, спремен за борба. Каде имало војни и крвопролевања таму бил присутен и тој. Тоа е причината поради која луѓето не го почитувале и обожавале како останатите богови. Тој е син на Зевс и Хера, но многу често влегувал во конфликти со неговиот татко и со останатите богови. Единствено бил славен во Теба бидејќи неговата ќерка Хармонија која ја добил од Афродита била сопруга на Тебанскиот крал Кадмо. Можеби е чудно, но Арес имал љубовна врска со убавата Афродита и освен Хармонија имале уште три деца меѓу кои и Ерос – Богот на страста
9. Аполон – Бог на сонцето, поезијата и музиката
Аполон припаѓа на втората генерација богови од Олимп затоа што е син на Зевс исто како и Артемида која е негова сестра близначка. Тој сторил многу храбри дела како што е примерот со ослободувањето на Делфи од страшниот змеј Питон кој тој го убил со своите стрели. Овој бог е еден од најубавите. Висок, одлично граден и со бујна коса. Имал многу афери со различни нимфи и обични смртнички од кои добил многу деца. Негова неостварена љубов била Дафне, ќерката на богот Пенеј. За да се спаси од неговото прогонување нејзиниот татко ја претворил во билка (ловор) по нејзино барање. Освен жените Аполон ги сакал и убавите мажи од кои се издвојуваат Хијакинт и Кипарис. По нивната смрт едниот бил претворен во цвет, а другиот во дрво. Некои го сметаат за татко на Питагора.
10. Артемида – Божица на ловот
Артемида е сестрата близначка на Аполон и божица на ловот. Уште од мала побарала од Зевс да остане немажена и времето го поминувала шетајќи во шумата со лак и стрела во друштво на срните и елените. Иако ги штитела ловците и чесните луѓе таа била многу одмаздољубива божица. Познати се нејзините одмазди на Ниоба и Актеон. Ниоба постојано се фалела како таа родила 14 деца, а нивната мајка само две – неа и Аполон. За да возвратат на навредата на нивната мајка Артемида и Аполон со стрели ги убиле сите нејзини деца. На Актеон му била лута затоа што ја гледал додека таа се капела гола во езеро. Го казнила така што го претворила во елен, а неговите педесет песа ги заразила со беснило и тие и го убиле на крајот. Нејзини свети симболи се еленот и дрвото кипарис.
11. Хестија – Божица на домот
Хестија е првородената ќерка на Хронос и Реја. Од нејзиниот брат Зевс побарала засекогаш да остане девица иако и Посејдон и Аполон ја сакале за своја сопруга. Нејзиниот мирен живот и стабилната положба во куќата во Олимп се причина што таа не се споменува во никакви случки за разлика од другите Богови.
12. Хадес – Бог на подземјето
Син на Хронос и Реја и брат на Зевс и Посејдон со кои ја делел власта. Бил многу строг и им бил непријател на смртниците поради што и сите го мразеле. И боговите и луѓето. Кој еднаш стапи во подземјето повеќе не може да излезе од таму. Носел невидлив шлем кој му го направил еден Киклоп, а власта ја делел со сопругата Персефона која била озбилна и строга исто како него.
И мојот омилен мит
Орфеј и Евридика
Орфеј е митски хеленски пејач чиј татко бил Еагар, а мајката е непозната. Подоцна, како негови родители се споменуваат Аполон и музата Калиопа од која ја наследил дарбата за убаво пеење. Кога Орфеј научил да свири Аполон му ја подарил својата лира што ја изработил Хермес од оклоп на желка. Со својата музика и пеење Орфеј ги скротувал ѕверовите, ги запирал реките, ги придвижувал дрвјата и камењата.
Пред крајот на животот, Орфеј престанал да ги почитува сите Богови освен Богот на Сонцето – Аполон. Едно утро се искачувал по планината Пангајон и го поздравил својот Бог на утрото. Но Менадите го растргнале зашто не го почитувал својот претходен Бог – Дионис. Штом ја здогледал Евридика помеѓу нејзините пријателки, Орфеј знаел дека тие двајца ќе станат едно. Прекрасната Евридика, со долга руса коса и очи со боја на нарцис, наскоро станала негова жена. Но брачната среќа не траела долго бидејќи Евридика била допрена од студената рака на смртта. Бегајќи од сладострасниот Аристеј, кој сакал да ја силува, нагазила на змија скриена во висока трева.
Неутешниот Орфеј се одлучил на еден неверојатен подвиг – слегување во светот на мртвите. На влезот во Хадот со својата лира го маѓепсал Кербер и застанал пред Хадес и неговата жена Персефона и почнал да пее за спасување на својата сакана. Трогнати од неговата песна, тие одлучиле да ја пуштат Евридика назад на сончевата светлина, но под еден услов: Кога ќе се враќа на горниот свет, Орфеј не смее да се сврти по Евридика, која требало да ги следи неговите стапки.
Тргнувајќи полека, Орфеј, мачен од големиот копнеж да го види лицето на својата сакана и загрижен што не ги чул нејзините чекори, го прекршил поставениот услов. Евридика потонала назад во светот на сенките, подавајќи му ги уште еднаш своите бледи раце. Ја изгубил засекогаш.
И многу јасно, Clash of the titans и Wrath of the titans обавезно изгледани.
