Лојалноста е еден од столбовите на Бушидо. Јапонците се познати по својата лојалност и доследност во извршување на командите. Вертикалната субординација им е закон. Не еднаш Јапонците изгубиле битка заради тоа. На пример Лејте. А Перл Харбур, Саво и при некои други битки, баш заради несамоиницијативност и заради доследно следење на наредбите и планот, пропуштиле од оперативни да ги претворат победите во стратегиски. Сосема спротивно од начелата на Ауфтрагтактикс, каде самоиницијативата на офицерот високо се цени и препорачува. Нему никој не му кажува што треба да направи и како да стигне до целта. Само му е дадена целта. (кај другите армии не е баш таква доктрината) Германскиот офицер може, ако сака, да скокне еден степен на команда и да комуницира со повисоки кругови директно. Пример, Ромел, а и многу други.
Лојалноста кон повисокиот команден степен и доследното јапонско извршување на наредбите, во Втора Светска, е невидено кај армиите на другите учесници.
Сакам да кажам, не ми се верува дека Јамашита не знаел и дека не можел да ги спречи злосторствата (Манила, а во Сингапур болницата и Сук Чинг, како и др.).
Е сега, за тоа за кое го осудиле на смрт јас не гледам некоја вина кај него, најмногу заради тоа што како фактор кој е многу јак, ривалството на морнарицата и армијата, го надминало она за кое зборев на почетокот, односно ривалството допринело за кршење на субординацијата - морнарите одбиле да се повлечат со војската.
Тука за морнаричкиот офицер (кој одбил да се повлече со своите 10.000 морнари кои го направиле масакрот после), треба да се каже дека тој со непослушување на наредбата на Јамашита да се повлече со него од Манила, не се одметнал на некој начин. Значи со тоа што одбил команда не излегол од командниот ланец. Тој својата одлука ја донел врз база на слепа лојалност кон императорот и своите надредени во морнарицата, кои пак дејствуваат како воен одвоен систем од армијата (копнената армија). Јапонската окупација ја изведуваат две страни, внатрешно спротиставени и за тоа многу е зборено тука. Вертикалната субординација е закон, но изгледа само во рамките на секоја од овие две страни, не надвор од нив.
За злосторствата на Малајскиот полуостров (Сингапур), како и за пљачкањето, сметам дека нема кај да бега. Тие се извршени од единици директно под негова команда.
Тука има еден негов подреден, кој ми делува како мал Химлер, кој најверојатно имал најголема улога во тие грозни настани (ако бараме некој повисок чин на тапет).
Он киднал. Не го фатиле. Избегнал судења. Се појавил подоцна, па го снемало.