Кинеска Синофарм или руска вакцина Спутник В против SARS-CoV-2?

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 септември 2016
Мислења
22.399
Поени од реакции
38.959
... дали вакцинирањето кај нас ќе почне со кинеските вакцини на Синофарм, па ќе продолжиме со некои други вакцини како руската вакцина Спутник В, односно ќе имаме комбинирање на двете вакцини, останува да видиме!

sinopharm-vaccine-china-serbia.jpg sputnik-5-vakcina.jpg

Цитат од ФБ на министерот за здравство Венко Филипче постирано во сабота 06.02.2021 во 04:24 ч ,

*отворен цитат :,,,...Владата донесе одлука за набавка на 200.000 дози на кинеската вакцина од Синофарм. Министерството за здравство во понеделник ќе го потпише договорот и реализира плаќањето. Очекуваме испорака на вакцините во најкус можен рок.

➡ Согласно овие колични кои се значително повеќе од првичните предвидени, ревидиран е Националниот оперативен план за вакцинација кој тековно ќе се ажурира.

➡ Согласно планот во првата фаза се вакцинираат: здравствени работници кои директно работат со ковид пациенти и од службите за итни состојби, од клиничките болници, јавни и приватни, од посебните институциите како домовите за стари лица, домови за лица со посебни потреби, матични лекари и друг здравствен персонал вработен во матичните ординации, вработени во лаборатории за тестирање и дијагностика, јавни и приватни, здравствените работници, кои ќе ја спроведуваат вакцинацијата.

➡ Во првата фаза, можност за вакцинација добиваат и сите граѓани над 70 години.

➡ Во втората фаза, се вакцинираат: лица над 65 години, лица од 18 до 64 години со коморбидитети, здравствени работници ИЈЗ и ЦЈЗ, фармацевти, стоматолози и друг здравствен пероснал, вработени во витални институции како полиција, војска, парламент, Влада, во образовни институции и градинки со предност на оние кои одат со физички присуство на работа

➡ И во третата фаза се вакцинираат сите преостанати лица од повеќе групи: вработени во други важни дејности, како прехрана, транспорт, производство на лекови, комунална хигиена, банкарство, земјоделие, образование, здравство со низок ризик на зараза и сите други граѓани кои сакаат да примаат вакцина на возраст од 18 до 64 години.

➡ Дневно е предвидено да се вакцинираат од 2000 до 2500 граѓани преку постоечката здравствена мрежа и вакциналните пунктови. Со оваа количина во која имаме две дози за вакцина и ревакцина ќе се вакцинираат 100.000 граѓани.

➡ За лицата над 70 години, матичните лекари ќе добијат список од системот Мој Термин со податоци за нивни пациенти од оваа категорија, по што телефонски поединечно ќе ги контактираат и доколку сакаат да се вакцинираат ќе им биде закажан термин за вакцинација.

➡ Следната недела ќе биде готова он-лајн апликација преку која ќе се врши закажување за вакцинација. Сите граѓани кои сакаат да се вакцинираат ќе може да се пријават преку истата, по што системот Мој Термин ќе испорача точен термин за вакцинација.

➡ За секој граѓанин веднаш по апликација на првата доза, ќе биде резервирана и втората што треба да ја прими. Вакцинираните граѓани ќе добијат соодветен сертификат за примената вакцина.

➡ Вакцинацијата во оваа фаза е наменета за групите граѓани кои се јасно дефинирани во планот. Апелирам граѓаните во ризичните групи да се вакцинираат во што поголем број како би се заштитле од ризик.

➡ Имунизацијата е најсилното оружје во борбата со вирусот. Но и натаму треба да се почитуваат другите јавно здравствени мерки од страна на сите граѓани- носење на заштитна маска, одржување на физичка дистанца и хигиена, кои заедно со вакцинацијата ќе овозможат најдобра заштита од COVID19 и сузбивање на пандемијата.
ice_screenshot_20210207-204942.jpeg Апелирам граѓаните во ризичните групи да се вакцинираат во што поголем број за да се заштитат од ризикот. Да не заборавиме дека целта на вакцинацијата е да се постигне што поголем опфат со истата. Би сакал да потенцирам дека буквално сите вакцини коишто се сега безбедни ги поминале сите потребни на вообичаено испитување на лекови и вакцини. Имунизацијата е најсилното оружје во борбата со вирусот, не само кај нас туку насекаде во светот. Меѓутоа, сакам да порачам дека и натаму ќе треба да се почитуваат сите други јавно здравствени мерки.

Kинеската вакцина е класичен модел на вакцина добиена со технологија на ослабнување (инактивирање) на вирусот. Тоа е една класична постапка којашто со години наназад се користи за изработка на некои други вакцини. Оваа вакцина се користи во голем број на други земји.
Планот за вакцинација согласно денешната пресконфернција:

ice_screenshot_20210207-202551.jpeg

Први ќе се вакцинираат здравствените работници кои се најмногу изложени на ризик од вирусот. По нив ќе се вакцинираат граѓаните од втората приоритетна група 1б, односно сите граѓани над 70 години кај кои факторот возраст го зголемува ризикот од заболување и компликации, висок морталитет и смртност,

ice_screenshot_20210207-202646.jpeg

останатите здравствени работници од ИЈЗ, ЦЈЗ, фармацевти, стоматолози и друг здравствен персонал, вработени во други витални институции, критична инфраструктура и новинарите, вработени во образовните институции и градинки.

ice_screenshot_20210207-202718.jpeg

Во третата фаза преостанати лица од повеќе групи од други важни дејности. И останати граѓани кои ќе изразат интерес за вакцинирање....,,

*затворен цитат!
 
Последно уредено од модератор:
Кинеската беше ли со 50% ефикасност?
 
Кинеско и руско влијание од Заев
 
Било која, само да дадат пасош да може да се патува :icon_mrgr:
Инаку, има ли поглуп човек од овенатиот Венко? Стоматолозите во втора фаза на вакцинација, а имаат најголем ризик од зараза со вирусов. Буквално штом уклучиш турбина (машинката од која сите се ежат, таа што прска вода) аеросоли се распрскаат низ цела ординација...

глуп трактор комуњарски..
 
 
А зашто моите коментари на темава каде што пишав дека е Спутник-В а не Спутник-5 се избришани?
 
А зашто моите коментари на темава каде што пишав дека е Спутник-В а не Спутник-5 се избришани?
Затоа што по забелешката, веднаш беше променета содржината во насловот и првата објава.

Статијата дава повеќе информации околу потеклото и значењето на името, а не е само „Името е В, а не 5“.
 
Скоро ќе почне вакцинацијата со Спутник Л (лајт) која ќе биде само со едно боцкање и ќе овозможи заштита 6-8 месеци.Но она во основно ќе оди за Африка.
Исто така многу скоро се очекува и Епивак-В (вектор). Коja ќе биде многу по ефективна од Спутник, над 95%.И која ќе издржува до +12.
 
Вов, каков план за вакцинација напраиле, мислиш 5 минути пред прес е праен колку да има нешто да покажат. Мизерија.
 
BBIBP-CorV или кинеска вакцина на Синофарм базирана на инактивиран сегмент од
коронавирусот BBIBP-CorV преку хемиски процес, така што тие можат да се инјектираат во човекот без да предизвикаат КОВИД-19, до септември 2020 год биле направени три клинички студии,
Обединетите Арапски Емирати (Дубаи) биле меѓу првите што ја одобрија вакцината од Синофарм при што потврдиле дека вакцината била ефикасна 86%, врз основа на привремените резултати од трета фаза на клинички испитувања,
 
 
... пред некој ден Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека почнала со регистрација на вакцината „Спутник В“, што ја изработил рускиот Институт „Гамалеја“ проценувајќи ја ефикасноста, квалитетот и безбедноста на вакцината со цел да одобри лиценца за употреба во ЕУ, токму поради силните реакции од многу држави поради слабата организација на набавка на вакцини како една од кочниците за побрзо и ефикасно вакцинирање на населението во ЕУ,

...и ние како држава иако не сме во ЕУ ги следиме такви реакции на другите држави во ЕУ за набавка на руската вакцина „Спутник В“, па и ние се трудиме истите да ги набавиме за вакцинација на нашето население,

... инаку Русија на ЕУ и' понудила 100 милиони дози од својата вакцина „Спутник В“ против К-19, но од институциите на ЕУ добиле негативен одговор дека руската вакцина не влегувала во стратегијата за борба против коронавирусот во ЕУ,

... покрај напорите на Европската агенција за лекови (ЕМА) да се даде лиценца за примена на руската вакцина во ЕУ, Европската комисија не дава предност ниту препорака да се стави руската вакцина во списокот на вакцини применливи во стратегијата за вакцинација на населението во ЕУ,

... дали ќе ја имаме ние таа руска вакцина „Спутник В“, ниту зависи од Комитетот за имунизација на МКД на чело со претседателката д-р Александра Грозданова, ниту зависи од Владата и премиерот, туку зависи што и какви насоки ни даде Комитетот ЕУ за заразни болести,

...дали тоа ќе значи дека и нашата Влада нема да може да ја набави ова руска вакцина „Спутник В“, според ЕУ препорака кои вакцини треба да се користат во стратегијата вакцинација на населението, останува да видиме утре дали воопшто ќе имаме пратка со некоја количина на вакцината „Спутник В“ според најавите на самиот премиер З.Заев,
 
Последно уредено:

55808926_403.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom