Premier League - Season 2020/2021

Кој ќе биде шампион во сезоната 2020/2021?

  • Вкупно гласачи
    166
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.895
Поени од реакции
84.267
Знаејќи ги околностите (Екипа што се бори за Европа, беше дел од врвот, противник на дното на табела што се бори за опстанок, фактот што им требаат бодови)

Мислам дека ова многу веројатно е најлошата фудбалска партија што ја имам гледано од било која екипа во животов.

Интерашите може да се жалат дека чувале 1-0 против 17 на табела и примиле гол колку сакаат, ама не постои тренер што со екипа од врвот БРАНИ НЕГАТИВА ПРОТИВ ЕКИПА ОД ДНОТО

:cuc: :cuc:

One man team се.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Ја не знам зошто си го трошите времето гледајќи ги Тотенхем, за вени сечење се нивните утакмици.

И да @dragonsky one man team се, а тој мен е Жозе. Срамота е со таков напаѓачки потенцијал ти да се браниш со играчи од калибарот на Даер, Санчез, Родон, Дејвис.
Со овој тим ти треба да играш фудбал со што повеќе голови, а не да се наслониш на оваа одбрана.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Реално и Тотенхем се силно зависни од Кејн, така да денеска Сон со одбраната на Брајтон можеше само екскурзии со умот да си прави. Нападот на Брајтон како што гледате е динамит, се некои наострени типчиња, за одбраната да не збориме. Имаат јака скок игра, све што ти треба за во ПЛ.
Јас во оваа утакмица не би му нашол маана на Мурџо, толку им е моќта :toe:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.653

А тек замисли и без Кореецот да останат
 
Кои напаѓачи бе друже? Моура и Винициус? Ете Бејл го проба да не јаде трици дека немал шанса, он како од старечки дом да го земале.
Автоматски споено мислење:

А тек замисли и без Кореецот да останат
Тоа Кики нека му ја мисли, и Бергвајн е добар, ама не е човек што сам би решил натпревар, освен против Мегваер и Јунајтед :D
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Кои напаѓачи бе друже? Моура и Винициус? Ете Бејл го проба да не јаде трици дека немал шанса, он како од старечки дом да го земале.
Не зборам стриктно за оваа утакмица бидејќи не ја гледав. Мурињо искачаше пичкарски против сите можни екипи и против пола од нив му се удри тоа од глава.
Ја гледам формацијата денес и гледам искочил со тројца стопери, Дејвис и факинг Сисоко како бек. Што мислел со ова да направи? Да се брани и да чека на контри?
За напаѓач го играл Бергвајн кој не верувам да некад играл како напаѓач. Ситен играч што игра како крило против такви стопери немал шанси. Па пре би Бејл би го играл таму. Винициус можел да стартува сепак не играше лошо во Лига Европа и по куповите.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.154
Поени од реакции
107.578
Реално и Тотенхем се силно зависни од Кејн, така да денеска Сон со одбраната на Брајтон можеше само екскурзии со умот да си прави. Нападот на Брајтон како што гледате е динамит, се некои наострени типчиња, за одбраната да не збориме. Имаат јака скок игра, све што ти треба за во ПЛ.
Јас во оваа утакмица не би му нашол маана на Мурџо, толку им е моќта :toe:
Не заебавај брат, на што личеше ова денес? Фино играше Тотенхем ланска сезона откако ги презема Мурџо, а и оваа до декември негде, од тогаш... Не е ни до напаѓачи ни до одбрана ни до ништо, до Мурџо е и до неговото его, упорен е со дефектниот дефанзивен пристап, башка му се повторува истото што му се дешаваше во Јунајтед, Челзи, Реал, караници со играчи. Еве со Орие се спукале, со Али веќе е спукан, така да за брзо време нема да ме чуди да пукне тиквата и со Љорис или Кејн. Мислам дека нема уште многу да биде тренер на Тотенхем како што тргнал.
 
Целосно гледано е така, ама денеска Брајтон ги растури. А демек Мурџо со тројца брзи играчи против крупната одбрана на Брајтон излезе, по тетратка добитна комбинација, ама Бејл не мрдна, Сон го изолираа му идеа двајца, Бергвајн така-така. Па и Моура, Ламела и Винициус само се доближија до темпото на Брајтон, не успеа Тотенхем ни во момент да наметне игра. Тоа со Орие и Деле Али не е од вчера, плус Орие ти е лудак, не знаеш дали е ќар или штета кога го имаш во состав. Господ ги погледна денеска, требаше минимум три да примаат.
Ако изгуби уште една-две наскоро, мислам дека толку му е на Мурџо и во Тотенхем и во ПЛ.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Тешко да се случи ама многу би сакал Арсенал да завршат на крај пред Тотенхем. Се надеваа на титула со Мурџо а на Арсенал му се потсмеваа дека ќе отпадне. Ќе биде епски ремет ако бидне и тоа. :)
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.837
Поени од реакции
7.591
1612139277438.png

Можеби како тренер тони, ама затоа главен шегаџија е станат.

*дабогда ништо не освои до крај на кариера
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom