European Economic Area (EEA)

  • Креатор на темата Креатор на темата dace@mkd
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 април 2015
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.740
Локација
Скопје,Macedonia
Европската економска зона е зона која ги опфаќа членките на ЕУ и неколку дополнителни земји кои не се дел од ЕУ. Се наметнува прашањето дали нашата земја (Северна) Македонија може да биде дел од оваа група на земји, без да биде членка на ЕУ. Како и кои се позитивните и негативните страни да се биде дел од оваа група. Како пример вакви земји се Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и можеби УК зависно од договорот. Еве некои права кои ги овозможува оваа зона:
Еnableѕ free movement of persons, goods, services, and capital within the European Single Market, including the freedom to choose residence in any country within this area. Колку што знам овие земји членки немаат право на глас во ЕУ, но се дел од Шенген зоната. Дали е прифатливо за вас да се биде дел од оваа шенген група?
 
Не гледам дека им е нешто лошо на Исланд и Норвешка :)
 
Ама како нашите политичари ќе користат пари од ЕУ фондови или што би рекол нашиот претседател политичко присуство во ЕУ
 
Алтернативна форма :pos: :pos: :pos:

За што ни е потребно политичкото присуство? Моќни сме колку Полска за да можеме да ги дупиме? Или не можат без знаењето на нашите политички експерти?
 
Еј ако е ова вистина со тоа дека Пендаровски дека одбил .... Каков идиот си море бре :pos: Као да речеш не на шарска плескавица ....
 
Напиша некој некаде нешто слично. Не верувам дека ова била некаква официјална понуда во стил ,,земи или остави" повеќе би рекол дека било спомнато како идеја во тек на дипломатски разговори.
Инаку ова би било одлично за народот, за поединецот, односно за нас сите ,,закрепостени селани" што не сме врзани со приходи од државната каса, ами аргатуваме кај нашиве тендер бегови и аги. Лошо за државата, по што никој нема да остане, а најлошо за газдите и политичарите, оти ќе нема кој да му работи ангарија, ќе нема кој да ги гласа, оти рајата ќе има алтернатива и нема толку лесно да паѓа на уцени.
Но сепак, се ова повеќе изгледа како паралелна реалност, наспроти онаа поопипливата ,,мал шенген" реалност која што мене ми изгледа поизвесна.
 
За што ни е потребно политичкото присуство? Моќни сме колку Полска за да можеме да ги дупиме? Или не можат без знаењето на нашите политички експерти?
ЕУ членството и дава на Бугарија моќ колку и на Германија, за да се дупи со една Македонија.
Грција му рече "НЕ" на Буш и САД кому Македонија им требаше во НАТО за стратешки цели.

Сега тоа дека САД им се одмаздиле со лоша Кока Кола и Бугарија допрва ќе крка лоши чоколади од Меркел... незнам колку ви држи вода, воглавном се граничи со равноземљашите.
Факт е дека Бојко телохранитело од Софија ебе не вади. Затоа што ЕУ членството му го дало тоа право. Со ЕЕА немаш такво право.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Сега тоа дека САД им се одмаздиле со лоша Кока Кола и Бугарија допрва ќе крка лоши чоколади од Меркел... незнам колку ви држи вода, воглавном се граничи со равноземљашите.
Може превод на ова?

Факт е дека Бојко телохранитело од Софија ебе не вади. Затоа што ЕУ членството му го дало тоа право. Со ЕЕА немаш такво право.
Кого ќе дупиме ние и кој ќе им дозволи на нашиве да дупат некого?
 
Инаку ова не е крај на светот, туку привремено, многу земји како Финска, Шведска, Португалија, Австрија, Данска, УК ја напуштиле оваа зона и влегле во ЕУ. Оваа организација Европска Фри Трејд Асоцијација била формирана како пандан на тогашната Европска Економска Заедница (денешно ЕУ).
 
Може превод на ова?
Во превод - Кога малите слаби земји ќе се спротистават на големи супер сили добиваат реперкусии. Или како што мак патриоти љубат да кажат Greek Crisis е одмазда за тоа што Грција и го направи на Македонија во Букурешт.
Се прашувам која одмазда ја спрема Германија спрема Бугарија?!
 
Напиша некој некаде нешто слично. Не верувам дека ова била некаква официјална понуда во стил ,,земи или остави" повеќе би рекол дека било спомнато како идеја во тек на дипломатски разговори.
Инаку ова би било одлично за народот, за поединецот, односно за нас сите ,,закрепостени селани" што не сме врзани со приходи од државната каса, ами аргатуваме кај нашиве тендер бегови и аги. Лошо за државата, по што никој нема да остане, а најлошо за газдите и политичарите, оти ќе нема кој да му работи ангарија, ќе нема кој да ги гласа, оти рајата ќе има алтернатива и нема толку лесно да паѓа на уцени.
Но сепак, се ова повеќе изгледа како паралелна реалност, наспроти онаа поопипливата ,,мал шенген" реалност која што мене ми изгледа поизвесна.

Јас па би рекол дека од ова има само позитивни работи. Конкуренцијата ќе им штети само на лошите газди т.е монополистите отворениот пазар на долг рок ќе донесе само просперитет.

На некој начин и сега Македонија живее од пари од печалбарите со влез во оваа зона би имало многу повеќе луѓе со повеќе ресурси од кои дел би трошеле во Македонија, а во идеален случај би ги инвестирале во некој бизнис.

Лично мислам дека влез во ЕЕА е се што ни треба и членство во ЕУ дури и повеќе е штета отколку корист.

П.С За ова вреди да се протестира.
 
Во превод - Кога малите слаби земји ќе се спротистават на големи супер сили добиваат реперкусии. Или како што мак патриоти љубат да кажат Greek Crisis е одмазда за тоа што Грција и го направи на Македонија во Букурешт.
Се прашувам која одмазда ја спрема Германија спрема Бугарија?!
Значи затоа протестирале Полјаците, Сорос ги потплатил за одмазда :D
 
Јас па би рекол дека од ова има само позитивни работи. Конкуренцијата ќе им штети само на лошите газди т.е монополистите отворениот пазар на долг рок ќе донесе само просперитет.

На некој начин и сега Македонија живее од пари од печалбарите со влез во оваа зона би имало многу повеќе луѓе со повеќе ресурси од кои дел би трошеле во Македонија, а во идеален случај би ги инвестирале во некој бизнис.

Лично мислам дека влез во ЕЕА е се што ни треба и членство во ЕУ дури и повеќе е штета отколку корист.

П.С За ова вреди да се протестира.
Не сум баш толку сигурен дека работите би оделе по тој редослед. Барем до онаму до каде што досега мојот видокруг, со мала доза на резерва, доаѓам се повеќе до заклучок дека ние фазата на градење држава ја одминавме одамна. Не гледам ниту воља ниту пак капацитет кај сегашните генерации за превземање на таков товар и тоа поради низа причини од кои голем дел издржани и за кои што никој нема право да дели замерки, особено кога ќе се земе во предвид актуелната мизерија во која што битисуваме.
Не верувам дека таквата заедница поседува толкава моќ за преобразба на цели општества и корекција на сите системски слабости од кои што нашата држава боледува. Не сум сигурен дека членството таму би донело економски и финансиски спас за државата. За поединецот можеби, но за државата тешко.
 
Една од најубавите карактеристики на ЕЕА е тоа што можеш бесплатно да се школуваш (пример Мастерс) во некои земји каде условот е да си дел од ЕУ/ЕЕА, на пример Данска или Шведска. А има таму и јаки универзитети со одличен кадар.
 
Не сум баш толку сигурен дека работите би оделе по тој редослед. Барем до онаму до каде што досега мојот видокруг, со мала доза на резерва, доаѓам се повеќе до заклучок дека ние фазата на градење држава ја одминавме одамна. Не гледам ниту воља ниту пак капацитет кај сегашните генерации за превземање на таков товар и тоа поради низа причини од кои голем дел издржани и за кои што никој нема право да дели замерки, особено кога ќе се земе во предвид актуелната мизерија во која што битисуваме.
Не верувам дека таквата заедница поседува толкава моќ за преобразба на цели општества и корекција на сите системски слабости од кои што нашата држава боледува. Не сум сигурен дека членството таму би донело економски и финансиски спас за државата. За поединецот можеби, но за државата тешко.
Го делам песимизмот за се што се случува во Македонија. Е сега јас пак спасот на државата го гледам преку спас на поединецот. ЕЕА мислам дека е чекор напред, но само по себе не значи ништо исто како и влез во ЕУ.

Да можеби влијанието ќе биде позитивно ама тоа е само дел од се она што како земја треба системски да промениме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom