Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.053
- Поени од реакции
- 17.739
Многу реченици, малку поента.@Mondonico
Гледај како се понаша голем клуб(Баерн). Им дава по 2-3 гола до кај 60та и си свирка после.
Не игра држ-недај утакмици со Ференцварош, Верона или Кротоне.
Пробај да ја видеш поголемата слика, а не со филмот еее кога ке ни тргне ке видите сите.
Мислам дека ако сте малку свесни, ке увидевте дека имате фатено лоша насока. Сите играчи ги менувате од коњ на магаре што се вели, и се јачате. Види си ја срединава. Роналдо нека направи трансфер некаде и бетар од нас дупло ке сте.
Само кој да свати, АУФ РАБИОТ,АУФ АРТУР НОВИОТ ИНИЕСТА и сл коментари има еден куп.
ГИ имав и јас овие проблеми во мојот фан клуб, кога ги купуваа Мвиловци, Кондогбиовци и еден куп пропаднати бекови. И тогаш коментарите беа, АМА БРАТ И МАИКОН ДОЈДЕ ТАКА, НИКОЈ ГО НЕМАШЕ ГЛЕДАНО, ПА ВИДЕ ШТО СТАНА?
-АА ЖАО МАРИО, ТОП НОСИТЕЛ НА ИГРА ВО ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН.
Си правиш со сила филм дека одат напред работите, а реалноста е сосем друга.
И сеа ако станал Мајкон ѕвер, автоматски сите што се купуваат се такви? Кај се сеа новите Мајкон и Камби?
Сте го погодиле Видал или Погба така, ама не мора по дифолт сите што ке ги купите да ја имаат истата судбина.
Се мачите со тимови што пред 4-5год ги шлакавте рутински, голот да неможат да во гидат.
Да дојде Баерн, Ливерпул има 12 да ви дадат. Ке играте ко ние со Реал вчера.
Барем ние имаме некои играчи што вредат колку толку, па со друг тренер можи ке се оправат.
Е сеа не нагнети со Видаловци, Коларовци и Дармиани, и ни побегна Тонали али ајде, има сеуште квалитет во екипава.
Ќе бидам концизен, во она што јас го мислам. Тоа што го ебавам Интер, нека не те збунува за моето мислење за Јувентус.
Прв болд, најголем дел од фановите сме свесни дека имаме фатено лоша насока. Никаде, на ниедно место не верувам дека си го прочитал спротивното.
Втор болд, јас велам дека во Јувентус не одат напред работите, туку напротив. Ако до 2017 година, секоја сезона Јуве беше подобар од претходната сега е спротивното. 17/18 бевме полоши од 16/17, 18/19 полоши од 17/18 итн. Оваа сезона сме полоши дури и од минатата.
Е сега, со муабетите во црвено ја покажуваш твојата состојба на илузија. Прва работа, Роналдо е во Јувентус и сред сезона нема каде да оди, па муабетите нека направи трансфер, не играат улога. Втора работа, покрај Роналдо во пакет да си одат и уште двајца фудбалери по твој избор, пак нема Јувентус да биде полош од Интер. Тоа освен самиот да си го сфатиш, нема како да ти го објаснам. Твојата субјективност за квалитетот на Интер те спречува да ја увидиш реалноста.
Можеби во ова игра улога и тоа што, ако во 2017та Јувентус беше 8 скалила над Интер, сега е 3. Ама пак е над, како и да ја вртиш.
За вториот обележан муабет со црвено, една работа ќе ти кажам. Тренер на Интер е Антонио Конте, додека на Јувентус минатата сезона беше Маурицио Сари, а оваа сезона Андреа Пирло. Конте од овие двајца е едно седумнаесет пати поквалитетен тренер, колку и моментално од фрустрација да мислите дека ве води Серсе Козми.
Не знам кои играчи толку многу вредат, ама Интер има 2 ебено освоени бодови во 4 меча од ЛШ. Два пати нашарани од Реал дури и не го сметам за кикс, ама нерешено со Шахтјор кој прими 9 голови во два меча од Гладбах, па дури и само нерешено со Гладбах на домашен терен... Што да ти кажам повеќе, ако те боли тоа што си го ладам со Интер понекогаш си е твој проблем, ама да тропаш дека Интер имал какви - такви играчи и дека бил поквалитетен од Јувентус
За муабетите, Маикон, Камбиасо, Артур, Рабио нема што да ти вратам, бидејќи тоа не ти е поента, туку само збир на зборови.