Коронавирус (COVID-19)

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Со лесно да поминете...
Ќе помине, само... Веќе 10 дена сме во изолација, ако рачунаат од денот на тестирање (наместо од симптоми), сме го јаделе во 4 ѕида уште 21 ден :))
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.496
Поени од реакции
2.619

Е ова не ми е јасно на мене..Од неделата сме во самоизолација а жената официјално е позитивна од вчера.Она со симптоми неколку дена само мирис и вкус а јас со температура 3 дена и денес немам,само главоболка.
Е сега како ке рачунаат од кога до кога ке бидеме официјално затворени со оглед дека сме со симптоми?А знам дека веќе не прават контролни тестови да проверат дали си негативен?
 
Не знам. Знам само дека ситуацијата дефинитивно не е под контрола и никој не знае ништо конкретно.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Ќе помине, само... Веќе 10 дена сме во изолација, ако рачунаат од денот на тестирање (наместо од симптоми), сме го јаделе во 4 ѕида уште 21 ден :))
Рачунаат од денот кога си се тестирал, кога ти е земен брис, на мажот ми така му стои во решението. Другиве дома не се тестиравме, немаме решение за изолација
 
Член од
5 август 2020
Мислења
95
Поени од реакции
117

Се рачуна од денот на земање на брисот. Позитивните се во изолација 20 дена, контактите 14. Е сеа некој ден плус што ќе почекаш за решение, рачунај вкупно 21-22 дена.
 
Член од
5 август 2020
Мислења
95
Поени од реакции
117
Ако не си се тестирал, нема да добиеш решение за изолација
Ако мајка, татко, брат, сестра, баџанак небитно кој, испадне позитивен и живеете под ист покрив, ти и да не направиш тест, добиваш решение за изолација во времетраење од 14 дена.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.496
Поени од реакции
2.619
Рачунаат од денот кога си се тестирал, кога ти е земен брис, на мажот ми така му стои во решението. Другиве дома не се тестиравме, немаме решение за изолација
Е добро сега кај мене жената се тестираше вчера приватно испадна позитивна а и јас сум со симптоми полоши од неа а не сум тестиран.Сега ке ме тестираат и мене од јавно здравје или само ке не затворат дома со синот?
 
Член од
5 август 2020
Мислења
95
Поени од реакции
117
Е добро сега кај мене жената се тестираше вчера приватно испадна позитивна а и јас сум со симптоми полоши од неа а не сум тестиран.Сега ке ме тестираат и мене од јавно здравје или само ке не затворат дома со синот?
Ако се јавиш кај матичен дека имаш симптоми, ќе ти закажи тестирање и ќе се тестираш кога ќе има термин (може да биде и за 1 ден, може и за 1 недела) . Ако не, 14 дена ќе биде изолацијата за тебе од денот на земање брис на жена ти.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Ако мајка, татко, брат, сестра, баџанак небитно кој, испадне позитивен и живеете под ист покрив, ти и да не направиш тест, добиваш решение за изолација во времетраење од 14 дена.
Ние дома не добивме, ниту го прашаа мажот ми за контакти или со кого живее. Откако има решение, само еднаш, во неделата, дојде полиција на врата да провери дали е дома.
Е добро сега кај мене жената се тестираше вчера приватно испадна позитивна а и јас сум со симптоми полоши од неа а не сум тестиран.Сега ке ме тестираат и мене од јавно здравје или само ке не затворат дома со синот?
На решението пишува од денот на давање брис броиш 20 дена изолација, а ако немаш симптоми 10 дена. Ако закажеш тестирање, ќе те тестираат, инаку нема од јавно здравје да се потепаат... Изгледа помина времето кога се правеше така ...
 
Член од
5 август 2020
Мислења
95
Поени од реакции
117
Ние дома не добивме, ниту го прашаа мажот ми за контакти или со кого живее. Откако има решение, само еднаш, во неделата, дојде полиција на врата да провери дали е дома.

На решението пишува од денот на давање брис броиш 20 дена изолација, а ако немаш симптоми 10 дена. Ако закажеш тестирање, ќе те тестираат, инаку нема од јавно здравје да се потепаат... Изгледа помина времето кога се правеше така ...
Кај нас зедоа матични од сите, заради позитивен во фамилија. Позитивниот беше во изолација 20дена, ние другите 14. И за сите имаше решенија, кои важеа од денот на земање брис на позитивниот. Очигледно не им се знае крајот. Сите прават различно.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.496
Поени од реакции
2.619
Ако се јавиш кај матичен дека имаш симптоми, ќе ти закажи тестирање и ќе се тестираш кога ќе има термин (може да биде и за 1 ден, може и за 1 недела) . Ако не, 14 дена ќе биде изолацијата за тебе од денот на земање брис на жена ти.
Ооо мамичето на тие матични тие врска немаат ми вика на телефон немаме протоколи за овакви работи без разлика што пишува на тв.Ми закажа матичната вчера пред да се тестира жената али чак во Тетово за четврток а како да отидам таму сам со малку покачена температура не знам.Нели во Скопје демек има брзи рапид тестови за овакви случаи.А бе катастрофа ако чекаш нешто државно.Ај ние малце совесни и одма се изолиравме.Па минимум 50 проценти од позитивните си се шетаат сега лом прават.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.656
Поени од реакции
4.713
Официјално, позитивни сме сите. Кој сака нека честита.

За сега не е страшно, само што денес се чувствувам преморено и на моменти не можам да станам. Вчера имав повеќе енергија. Температура речиси цело време немам, на моменти до 37.2. И тоа е чудната работа, како и без температура може да те изремети.
Баш како што пиша вчера,после кивање големи болки во мускули..премореност .. болки во мускулите да не можеш да станеш,температура скоро да немаш.

Би додал и сите други симптоми со немање вкус и мирис плус губење воздух неколку пати како да те дави некој,

Сето ова го пројдов крајот на февруари и почеток на март и имав пишано во темата.

Но тогаш се препорачување да НЕ се носат маски и не беше популарен ковид како што е сега.И многу како мене истераа така како да рмбале на Голи Оток во домашни услови.
 
Член од
5 август 2020
Мислења
95
Поени од реакции
117
Ооо мамичето на тие матични тие врска немаат ми вика на телефон немаме протоколи за овакви работи без разлика што пишува на тв.Ми закажа матичната вчера пред да се тестира жената али чак во Тетово за четврток а како да отидам таму сам со малку покачена температура не знам.Нели во Скопје демек има брзи рапид тестови за овакви случаи.А бе катастрофа ако чекаш нешто државно.Ај ние малце совесни и одма се изолиравме.Па минимум 50 проценти од позитивните си се шетаат сега лом прават.
Нема пилот авионов пријателе
 
Kajgana Shop

На врв Bottom