Premier League - Season 2020/2021

Кој ќе биде шампион во сезоната 2020/2021?

  • Вкупно гласачи
    166
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 април 2012
Мислења
32.571
Поени од реакции
66.229
Сепак Старлети што повеќе сакаат да бидат познати инстаграмџии, тиктокери и гејмери не сакаат авторитет што сака да победува и да освојува трофеи.
Кој тренер и да дојде следен место Оле ако не е хиерархиски над играчите и нема "одврзани раце" е осуден на пропаст.

Без хејт но мислам дека Јунајтед повеќе лупа на бренд и "имиња" него на квалитет на терен во последно време.
Кое е тоа последно време, и кои се тие имиња?
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.406
Поени од реакции
7.708

Очигледно не знаете зошто Оле се вика Baby Face Assassin :D Си плеска се во фаца, но во право време и простор, нема потреба циркузант да изиграва по медиуми како Мурињо.Лукаку изводеше на ланска пред-сезона и објавни податоци кои се тајни за клубот(од тренинг), 3 дена после тоа он заврши во Интер, за сума која не му одговараше на Јунајтед, но едноставно немаше смисла да го држат веќе.

Лингард лани се избрука на одмор со некое глупо видео, доби третман соодветен (позади сцена), се окози од работа на пред-сезона и пак за џабе.После доби шанса зошто немаше играчи на располагање.Переира исто, само што дојде Бруно, со Лингард не помирисаа клупа, а камо ли први 11.Единствено Погба и Рашфорд добиле малку посебен третман, Рашфорд лани изгина за Оле и му ја спаси работата, Погба веројатно дека го има тренирано во младинците и имаат меѓусебна почит, но сезонава го стави на клупа повеќе пати кога му гореше под нозе на Оле.Дополнително Погба има и врски од горе, зошто ако тотално го бенчне, ќе му падне продажна цена и тоа иде на штета на клубот.Како што реков и он си ги потроши џокерите и во најбитните утакмици на Оле сезонава, не игра од старт.

Џејмс лани почна многу добро, но од тогаш нема напреднато (прегоре малиот, ама после одморот па не се рехабилитираше) и годинава често не е ни во први 18.Чим еден Матич што е балкански old school карактер(не е инстаграмџија) стигна да го подбере и на крај да го мотивира да наведе глава и да си го испоти газот на 33 години, што е со другиве.Матич дури јавно излезе и си кажа, имал различни мислења со Оле, но ги "испеглале".

Како и да е, се менуваат генерациите и луѓето, па соодветно и односот подруго ќе се гради.Мурињо тип на курчење тешко дека ќе пројде.Интересно ми е што има и други случаи на така наречени инстаграмџии како Фирмињо, Аубамејанг и ред други денсери, гејмери, бојачи на коси или било што друго, но сте се фатиле за Лингард што последна утакмица му била против Астана пред година дена.

ПС: Не се оспорува фактот дека се гледа маркетиншка страна на играч, но тоа најчесто е еден кој треба да биде starboy.Порано беше Погба, Алексис беше моментална прилика, следна идеја беше Санчо (сеуште е).Тоа што се накотија дрва во тимот е резултат на нефудбалска управа т.е. луѓе што немаат поима од фубал и немаат конкретна замисла за идеологија.Со Оле е подруго на тоа поле, ама да не должам ќе ми треба уште многу да ја објаснувам работата на Оле.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
Кое е тоа последно време, и кои се тие имиња?
Последен пример ми е Санчо.
Одличен играч, преголем талент, да не се сфатиме погрешно но тука друг е проблемот, очигледно е дека Јунајтед не беше спремен да искешира за него бараната сума, план Б немаа. Барем 10 десни крила можеа да најдат до 30 милки што би можеле да улетаат во прв состав но не се толку звучни имиња (погодни за брендот итн.). За на крај да ги земат Диало и Пелистри за околу 30 милиони. Не викам дека нема да се покажат, може и класа играчи да искочат но Јунајтед сега моментално нема десно крило, тоа на сите ни е јасно :)
Плус хајпот за Санчо и цела таа фама. Тоа беше лудница. :D
Мегваер иако е добар играч, сепак скапо платен. Само ради целата фама што се крена околу него.

ПС: Не се оспорува фактот дека се гледа маркетиншка страна на играч, но тоа најчесто е еден кој треба да биде starboy.Порано беше Погба, Алексис беше моментална прилика, следна идеја беше Санчо (сеуште е).Тоа што се накотија дрва во тимот е резултат на нефудбалска управа т.е. луѓе што немаат поима од фубал и немаат конкретна замисла за идеологија.Со Оле е подруго на тоа поле, ама да не должам ќе ми треба уште многу да ја објаснувам работата на Оле.
За Оле не се сложуваме. Мило ми е што на тебе како фан на Јунајтед ти одговара Оле, јас на пример контињо си го колнам секој ден барем по 3 пати.
За управата се сложувам максимално со тебе, повеќе вртат на маркетинг одколку на фудбал.
За Погба какви врски и да има, со што и да ги уценува ни на клупа не би го стаил. Требаше да си ја прифатат грешката и да го дадат, да не заврши само како Санчез.
За Лукаку ќе ви кажам само Фала ви :)

Времето ќе покаже дали Оле е правиот избор, но вака не делува како авторотет. Мене лично не ми е човекот за тренер на екипа од рангот на Манчестер Јунајтед. :)
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.406
Поени од реакции
7.708
Последен пример ми е Санчо.
Одличен играч, преголем талент, да не се сфатиме погрешно но тука друг е проблемот, очигледно е дека Јунајтед не беше спремен да искешира за него бараната сума, план Б немаа. Барем 10 десни крила можеа да најдат до 30 милки што би можеле да улетаат во прв состав но не се толку звучни имиња (погодни за брендот итн.). За на крај да ги земат Диало и Пелистри за околу 30 милиони. Не викам дека нема да се покажат, може и класа играчи да искочат но Јунајтед сега моментално нема десно крило, тоа на сите ни е јасно :)
Плус хајпот за Санчо и цела таа фама. Тоа беше лудница. :D
Мегваер иако е добар играч, сепак скапо платен. Само ради целата фама што се крена околу него.

За Оле не се сложуваме. Мило ми е што на тебе како фан на Јунајтед ти одговара Оле, јас на пример контињо си го колнам секој ден барем по 3 пати.
За управата се сложувам максимално со тебе, повеќе вртат на маркетинг одколку на фудбал.
За Погба какви врски и да има, со што и да ги уценува ни на клупа не би го стаил. Требаше да си ја прифатат грешката и да го дадат, да не заврши само како Санчез.
За Лукаку ќе ви кажам само Фала ви :)

Времето ќе покаже дали Оле е правиот избор, но вака не делува како авторотет. Мене лично не ми е човекот за тренер на екипа од рангот на Манчестер Јунајтед. :)
Ако немал авторитет, зошто секогаш кога медиумите ќе шпекулираат да го избркаат Оле и општо тимот е под притисок, дечките играат со 120% ? Видено е тоа веќе неколку пати, да сакаа да го тргнат ќе се понашаа како последните 2-3 месеци под Мурињо, тотално незаинтересирани и како аутистични ќе беа.
Лани имаа најмлад тим во лига со просек од 24.7 години (децималата не се сеќавам како беше), не сум сиугрен дали и на крај испаднаа најмлад тим во ПЛ од самото постоење, ама долго време беа најмлад тим прошлата сезона.Кога си имаш работа со деца или играчи во развој, очекувано е да има падни стани форма.Секако, тоа не е стандардот кој се очекува од Јунајтед но е во фаза на развој.

За план Б муабетот, пак фудбалската управа е проблем, но за првпат после многу години изиграа паметно, донесоа 2 млади и доста потенцијални десни крила.Погба да не беше коронава, 100% ќе си одеше од Јунајтед, сега со ситуацијава никој неќеше да фукне толку пари, како и да е, далеку од Санчез е.

За Оле знаеме дека гради тим за кој треба време и нема скратен пат, затоа и има поддршка.Со Мурињо се излажаа демек на брзина шампионска екипа ќе се прави, ама останаа заебани.Затоа и овој пристап на Оле, youth courage success, британско јадро на тимот, со млади играчи, со брзи и офанзивни крила и напаѓачи.Дополнително не доаѓа до израз работата во младинските категории, но за првпат после многу години после САФ, младинскиот погон работи на големо и подобро, се собираат многу млади талентирани у16 играчи.Капак на се, одлично се справува со медиумскиот притисок и man-management на тимот, нешто што претходните им одеше релативно ужасно.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Намалете со трешингот на Гринвуд, Џастин од Сити кој се самоуби му бил најдобар другар, логично е да биде отстранет од сѐ ако не му е умот во фудбалот периодов. Кога беа курвите и забавите во прашање да разбере човек.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.155
Поени од реакции
7.858
Фалеше асален штопер за партнер на ВВД (Гомез е Фил Џонс у најава), а после затоа што Матип и Гомез се стаклени, долгорочно никаква корист од такви играчи.Другото е океј, се донесе Тиаго и Жота, вториов поготово е одлична зделка и самите гледате дека е одлично да има квалитетен играч кој ќе ја ротира/одмара предната тројка.Којзнае што ќе беше да ги немавте ни Жота ни Тиаго.

Како и да е сезонава е ненормална, сите ќе имаат повредени играчи.По мене одма треба да се врати правилоно за 5 замени, ќе умрат играчине - ненормално темпо е утакмица на секои 3 дена.Повреди имало и ќе има, сите се крпеле на некој начин.Искрено по мене, вие имавте доста среќа низ годиниве со фитнес на тимот, веројатно за тоа ви се чини како криза.
Во првичниот пост што ти го цитирав сам имаш напишано дека е сплет на околности, односно “јбг Фирмино е време да покаже дефанзивни способности”. Дури и да е идеално пополнета екипа на сите позиции, пак ќе има премногу повреди и непланирани ситуации заради чудниот тек на сезонава.
И моето мислење е дека требаше нов стабилен стопер како партнер за ВВД, на ниво над Матип. Гомез имаше одлично партнерство со ВВД лани, мислам дека долгорочно се гледа на него во таа улога, иако сезонава имаше доста повеќе киксови, ваљда ради општо нестабилноста на одбраната.
Нема правило кога станува збор за трансферите на Пул, имаме повеќе пати пишувано за ова. Специфичен начин на работа има Клоп и ретко излегуваат било какви информации за шпекулации за разлика од другиве големи клубови.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
И ништо. Статистика. Се извинувам што пробав статистика да постирам во темава.

Сега ќе бидам онтопик се извинувам за офтопикот

HAHAHA OVA MASON GREENWOOD SE GLEA DEKA E SHUPAK ZELENO DRVO TI KAZUVA PREZIMETO AHAH
LIZERPUL BEZ VAR SE SUPACI KE GO JADAT STAPOT AHHA
ARSENAL TI KAZUVA IMETO ARSE ANAL AHAHAHAHA
CELZI I SITI SE VESTACKI HAHAHA
VRSKA NEMA VASHATA OMILENA EKIPA MOJATA OMILENA EKIPA E POJAKA SISAJTE GO HEJTERIII
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.524
Поени од реакции
2.376

Абе уживај,битно тебе да ти е забавно.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Лани имаа најмлад тим во лига со просек од 24.7 години (децималата не се сеќавам како беше), не сум сиугрен дали и на крај испаднаа најмлад тим во ПЛ од самото постоење, ама долго време беа најмлад тим прошлата сезона.Кога си имаш работа со деца или играчи во развој, очекувано е да има падни стани форма.Секако, тоа не е стандардот кој се очекува од Јунајтед но е во фаза на развој.
И оваа сезона мислам дека Јунајтед има најмлад состав во ПЛ, 25.2 просек. Тука се и Челзи и Вила. Треба да се земе во предвид и тој податок кога ќе се фрла со дрва и камења по тимот...
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
'likely to be out for significant part of season'
Да ама Феругсон.. Ошеј.. Флечер... Керик...

Иначе и Трент е повреден за тие што заборавија. Со прекршен Матип што игра една паузира десет, само Робертсон останува од сениорите. И замената му е повредена, ко на попот капата.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.728
Поени од реакции
52.668
И оваа сезона мислам дека Јунајтед има најмлад состав во ПЛ, 25.2 просек. Тука се и Челзи и Вила. Треба да се земе во предвид и тој податок кога ќе се фрла со дрва и камења по тимот...
Не треба костурот да е Де Геа, Мегваер, Погба, Бруно, Рашфорд? Само Рашфорд е млад, ама и он не може да се гледа ко некој неискусен играч кога веќе четири години игра во прв тим.
Не ја гледам поентата, посебно на претходното пишано "кога си имаш работа со деца", а тоа само Гринвуд без искуство од тие што цело време играат во прв тим.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom