Фарбање на Автомобил: да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.843
Поени од реакции
1.636
Имам темно син автомобил и имам МНОГУ голема желба да го офарбам бел, чисто од естетски причини, старата боја си е во ред.
Јасно ми е дека кога ќе ја продавам ќе оди потешко пошто е префарбувана, тоа не ми е битно.

Јасно ми е дека ништо не е замена за фабричката боја, но до толку ли е проблем префарбувањето?

Да, доколку се изгребе или оштети белата боја, ќе се познава сината под неа, но зар толку лесно се лупи таа боја без јас да ја чукнам или изгребам колата?
По некоја логика си велам и старата боја доколку ја оштетам нема да изгледа добро...

Друго, наводно сега зимно време не се фарбало пошто на лето се сушела подобро - разбирам дека ќе се суши побрзо летно време, но зар не е доволно зимно време да си стои една недела фарбана во гаража, зарем нема да се исуши таа боја како што треба?

Сакам да соберам доволно информации пред да избрзам и да направам нешто што не треба.

Благодарам однапред.
 
Мислам дека ако си отидеш на место кај што имаат комора не би требало да имаш проблем.
Ќе се симне оргиналната боја, ќе се префарба со квалитетна боја, ќе се испече во комора и тоа е тоа. Е сеа колку ќе те кошта и дали ќе ти се исплати не знам. Доколку не сакаш металик можеш и со Фолии да ја смениш бојата.
 
Супер, благодарам на одговорот, незнаев дека може да се синме оригиналната боја. Ќе биде сигурно над 1000 евра, ама ќе ги дадам искрено. Несакам фолии, само незнам какви се тие комори.... каде има такво нешто?
 
За симнување на оргинал боја ако не е оштетена можам само да те излажам, процесот детално не знам како иде. Јас малце лошо се изразив изгледа :D
Иначе кога прогуглав за фарбање Ова Место ми искочи меѓу првите, за вакви комори мислев. Познаници што имале оштетена боја знам носеле коли да им средат/префарбаат дали врата дали крило итн. Најдобро е некој што има лично искуство да ти препорача добро место каде што работат квалитетно :)
 
Нема никаков проблем, може да офарбаш од било која боја во било која друга и на зима и на лето. Многу потешко е да најдеш мајстор-фарбар кој си ја знае работата а и му се работи. Комора не е и толку задолжителна, мајсторијата е, и тоа како.
 
Мојот голф е фарбан сива боја пред да го купам, го возев 2 години (+1 брат ми продолжи) мислам дека нема никаков проблем со бојата, баш е добро направено посебно кога ке посети перална, СВЕТИ!

Голф 4 Рулз!
 
Folija druze mislam e podobra opcija ako ne se lazam.Mozes duri i bel mat da ti zalepat a ako sakas da ja prodades ili ti zdosadi samo da ja izvadis odnosno istegnes kako mrtva koza od zmija
 
Имам темно син автомобил и имам МНОГУ голема желба да го офарбам бел, чисто од естетски причини, старата боја си е во ред.
Јасно ми е дека кога ќе ја продавам ќе оди потешко пошто е префарбувана, тоа не ми е битно.

Јасно ми е дека ништо не е замена за фабричката боја, но до толку ли е проблем префарбувањето?

Да, доколку се изгребе или оштети белата боја, ќе се познава сината под неа, но зар толку лесно се лупи таа боја без јас да ја чукнам или изгребам колата?
По некоја логика си велам и старата боја доколку ја оштетам нема да изгледа добро...

Друго, наводно сега зимно време не се фарбало пошто на лето се сушела подобро - разбирам дека ќе се суши побрзо летно време, но зар не е доволно зимно време да си стои една недела фарбана во гаража, зарем нема да се исуши таа боја како што треба?

Сакам да соберам доволно информации пред да избрзам и да направам нешто што не треба.

Благодарам однапред.
Не може да се лупи ако се ишмиргла добро и саглам фарба и шприц кит ако му стави...затоа кај саглам мајстор. Проблем е што треба цела да се демонтира пошто не бива негде плаво негде бело....првенствено мислам за тапацири, пластики па и кај моторот е проблематично, ај може ќе помине шалтабла да не вадиш.
Околу сушењето...боље е летно време, ама си има комори а и претпоставувам ќе користиш акрилна боја што за нејзе не е битно толку пошто е двокомпонентна. Летно време повеќе ќе се посвети тој што ја прави, ова од лично искуство ма да не сум работел 20 год. со тоа :D
Ќе треба и сообраќајна да мењаш.
 
Фолија ти е поевтина опција макар да викаш дека не сакаш.
Префарбување се прави кај некој мајстор што го бива за таа работа. Треба да свртиш на повеќе места да се распрашаш само колку пари и колку време ќе го прават тоа.
Инаку симињаат се од колата, се се струга од старата боја, паѓа целосно таа и после ја нанесуваат новата.
Ако е добар мајсторот како фабричка ќе биде, макар да кај нас 95 проценти од луѓето ни обична боја нема да познаат да ја нашлапаш.
Ми ја удрија вратата и на старата и на новава кола(бела боја), ја носев на мајстор, не се познава воопшто разлика од остатокот од колата, што значи бојата ќе ја погодат ептен, а за фарбање препорачуваат барем од муабети со луѓево или на пролет да се прави или на есен, дека полесно се сушело, подобро ќе било ова она.

Инаку во однос на главното прашање, да или не, фарбај ја бе, еднаш се живее, ако имаш пари за да ја фарбаш, зошто да не :D
И плус, напрај и дестина слики пред да ја фарбаат, чувај ги, утре кога ќе ја препродаваш ќе му кажеш на купецот дека не е префарбана зошто е удрена туку дека така си сакал, ако воопшто познае дека е фарбана.
 
Инаку симињаат се од колата, се се струга од старата боја, паѓа целосно таа и после ја нанесуваат новата.
Кој вади цела фарба?
Тоа е лудорија...треба прајмер на цела кола, па кит па шприц кит.....работа како да реставрираш некое ауто од 60-ти. :)
 
За пари се се прави ;)
 
Имам темно син автомобил и имам МНОГУ голема желба да го офарбам бел, чисто од естетски причини, старата боја си е во ред.
Јасно ми е дека кога ќе ја продавам ќе оди потешко пошто е префарбувана, тоа не ми е битно.

Јасно ми е дека ништо не е замена за фабричката боја, но до толку ли е проблем префарбувањето?

Да, доколку се изгребе или оштети белата боја, ќе се познава сината под неа, но зар толку лесно се лупи таа боја без јас да ја чукнам или изгребам колата?
По некоја логика си велам и старата боја доколку ја оштетам нема да изгледа добро...

Друго, наводно сега зимно време не се фарбало пошто на лето се сушела подобро - разбирам дека ќе се суши побрзо летно време, но зар не е доволно зимно време да си стои една недела фарбана во гаража, зарем нема да се исуши таа боја како што треба?

Сакам да соберам доволно информации пред да избрзам и да направам нешто што не треба.

Благодарам однапред.
Koga se menuva boja prvo se struzi do gol metal a sega ima nova metoda ja prskat so kiselina i so malo struzenje cela boja pajga. Posle se klava minium zastita protiv rjga, kit, spric kit i na kraj farbanje pa lakiranje. Ko ke se isusi posle nedela dena poliranje. Se nase ke te kosta 800-1000 evra za ovaa rabota. Za ista boja da se prefarba kako fabricnata e od 400 evra pa nagore vo zavisnost kolku korozia i kolku ima za peglanje na kolata.
 
Имам темно син автомобил и имам МНОГУ голема желба да го офарбам бел, чисто од естетски причини, старата боја си е во ред.
Јасно ми е дека кога ќе ја продавам ќе оди потешко пошто е префарбувана, тоа не ми е битно.

Јасно ми е дека ништо не е замена за фабричката боја, но до толку ли е проблем префарбувањето?

Да, доколку се изгребе или оштети белата боја, ќе се познава сината под неа, но зар толку лесно се лупи таа боја без јас да ја чукнам или изгребам колата?
По некоја логика си велам и старата боја доколку ја оштетам нема да изгледа добро...

Друго, наводно сега зимно време не се фарбало пошто на лето се сушела подобро - разбирам дека ќе се суши побрзо летно време, но зар не е доволно зимно време да си стои една недела фарбана во гаража, зарем нема да се исуши таа боја како што треба?

Сакам да соберам доволно информации пред да избрзам и да направам нешто што не треба.

Благодарам однапред.
За каков автомобил станува збор?
 
Прашај си и во полиција која е процедурата за промена на боја во регистрацијата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom