Преживеани учесници од Илинденското востание

Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Земете си од книгите за илинденски сведоштва, и ќе прочитате за иљадници преживеани илинденци, кои јасно се декларирале како Македонци, и останале до крајот на своите животи да живеат во Македонија.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
51169447_248428629400432_6712034582197174272_n.jpg 50632965_1201295780030879_2331547482242154496_n.jpg 50754096_997952177069100_3886627738508853248_n.jpg

Првата слика:
Од Карафилоски Гаврилов Софронија, земјоделец од с. Врбјани, роден во 1865 год. а сега живее во с. Издеглавје околија охридска.
За време на славната Илинденска епопеа на македонскиот народ, во борбата против турскиот народ, поред останатите учесници во востанието и јас со пушка в рака се борев со останатите борци против турската тиранија, што немилосрдно го пленеше и гонеше македонскиот народ.
Во оваа борба учествував уште од 1898 год. а со пристапувањето примивме заклетва дека, доследно ќе се бориме до уништувањето на турската империја, што тогаш го владееше балканскиот полуостров.
Од тој момент секогаш бев во редовите на востаничките чети, под водство на Дејан Мицкоски, родум од с. Лактиње што крстареја на теренот, Охрид, Струга, Дебар и Кичево.
На овој терен директно сум учествувал во борбите против турската војска, што се изведувани во село Издеглавје, Арбиново.

Втора слика:
местото викано Горица, Раменов Камен, село Кленоец, Гари, над селото Душогубица место викано Два Камена.
Поред тоа што директно учествував во изведуваните борби и материјално сум го помагал македонското револуционерно движење. Како последица од водените борби и движење во невреме од едно место на друго, дојдов до скратување на слухот.
Мојте соучесници, можат да ги потрврдат горе наведените изложенија, преко својте дадени потписи и то: 1. Наумоски К. Трене, 2. Наумоски Т. Спасе, 3. Ристески Ј. Дејан од с. Врбјани, кои што денес добиваат заклетва од страна на народната власт илинденска пензија.
Поред тоа, што јас од порано имам барано да ми додели илинденска пензија, и до денес не сум примил.
Во фамилијата, имам 7 членови, од кој работоспособни се 2 члена, останатите чекаат издршка од нив. Член сум на бројни занати селски работни задруги, во која задруга уклучен ми е
Затоа, молам да се мојата молба разгледа и донесе правилно решение, би добил Илинденска пензија, која што ќе ми биде како признание за мојето уче

Трета слика:
ство во Илинденското востание, а истовремено помошта ќе ми биде како потреба во мојата изнемогла старост.
Сметам дека молбата че биде правилно решена и како употреба ви останувам крајно благодарен.

22. 11. 1951 год.
Молител
Неписмен-
Гаврилов Карафилоски Софронија, Цоле
Потпис на соучесниците:
1. Наумоски К. Трене
2. Наумоски Т. Спасе
3. Ристески Ј. Дејан

Сигурно имам некои грешки, зошто и за мене беше помалку нејасно што пишува, ова сепак се оригинални документи, пишувани пред повеќе од 50 години.
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
STIV, стана интересно, проучих темата ти и открих интересни нешта.
П'рво, има малка грешка.
В охридско војвода Дејан Мицковски нема.
Има војвода Дејан Мицков Димитров – Карпата от ТМОРО.
ОБАЧЕ, в четата на Дејан Карпата е участник Спиро Гаврилов, којто покасно става војвода на чета от ТМОРО(учествала в битки точно на тие места).
Интересно, но в БГ архиви нема данни и информација точно за този војвода Спиро Гаврилов.
Само се знае дека е бил от В'рбјани, бил е војвода от ТМОРО и е бил учестник в неколко сраженија в този реон, че е бил свидетел на см'ртта на Тома Давидов.
Понатамо, информацијата за Спиро Гаврилов изчезва.
Обаче, има друг врбенчанин(Деб'рца) - Гаврил Спиридонов Каранфилов – учесник в Охридскиот заговор(1880 г.) и затова заточеник в Диарбекир.
Гаврил Спиридонов Каранфилов – Спиро Гаврилов – Софронија Гаврилов Карафилоски – сите от Врбјани.
Много совпаденија, но поверојатно е да има вр'зка.
Може да се окаже, че си прапраправнук на Гаврил Спиридонов Каранфилов и праправнук на неговиот син – војводата Софронија(Спиридон) Гаврилов (Каранфилов) Карафилоски.
Зашто има разлика в имената?
Много ВМРОвци, след 1945 г. искат да скријат, че са били ВМРОвци. За това си сменјат имената.

Тази приказка може и да е истина – трси………[DOUBLEPOST=1549107542][/DOUBLEPOST]Мдааааа, неговите свидетели не са обикновени, и за тех нема полни информации в нашите архиви:
Спас Трајанов Наумов – ополченец от четата на Никола Герасимов.
Трајан(Трене) Симеонов Наумов – 6 охридска дружина.
Дејан јовчев Христов – ополченец – Трета партизанска рота.

Стиве, ти можеби наистина си внук и правнук на големи личности от Охридско.
Колко пра-, пра- не ми е јасно..........
Друже гледам дека си доста упатен, па ако не е проблем да побараш за мои предци дали има нешто во бугарските архиви. Првиот е Блажо Црвчов (Црвчев) којшто најверојатно бил соработник и учесник во Илинденското востание, не знам точно во која чета, само знам дека примал илинденска пензија поради тоа. Двајца негови синови, Јордан и Стеван, биле доволно возрасни за учество во Балканските војни и Првата светска војна, па ме интересира случајно да не биле регрутирани во бугарската војска тогаш или пак прво биле регрутирани во српската па преминале во бугарската потоа. Исто така знам за друг предок, Лазар (Лазо) Милошов (Милошевски) којшто добри десетина години живеел во Софија и работел во слаткара или пекара, којашто можно е да била негова бидејќи одреден период пред тоа има работено во Америка. Овој Лазо всушност е мој прапрадедо, на којшто му се родил синот Стојан во 1906 додека биле во Софија, кој е мој прадедо. Сите овие предци потекнуваат од село Љубанци, Скопска црна гора. Многу би бил благодарен ако најдеш било што за било кого од нив. Благодарам однапред и секое добро.
 
Член од
24 октомври 2012
Мислења
810
Поени од реакции
509
За Црвчов вече проверих, НО много е важно как е тоно името и селото каде е роден.

Ако имам време ше проверам.
Предеполагам че Лазар е Милошев и татко му е Стојан, заштото најмного децата са крстени на дедовците им.
Между другото за Льубанци нема много инфо, заштото там много са идзвали србите и е имало големи насилија и отнемане на архиви, документи, но мислја,у че мога да отделја нјаколко часа ..
Ако имаш време и ти, изтегли дневника на четите, излизали от Кјустендил и да четеш чета по чета имената на учасниците..може да наьдеш нешто.[DOUBLEPOST=1549121027][/DOUBLEPOST]Стефан Блажев как'в е бил по занајат?
Нешто златар, кујумджија??
Можеби не си ме разбрал убаво или јас не се изјаснив најдобро, но тој Лазар (или Лазо) е татко на Стојан а не обратно. Инаку семејното презиме е Милошов или Милошев на Лазар.
Патем сега дознавам од книга за с. Љубанци дека имало љубанска чета којашто била составена од Крсто Попов, Тодор Андасарски, Никола Чанкулов, Никола Милошев, Ангел Чуров, Спасо Милошев, Петре Тарчугов, Крсто Бојков Тарчугов и др. Е сега, во оваа чета го немаат спомнато прапрадедо ми Блажо Црвчов, но во друг дел од истата книга го има пишано него дека бил директен учесник во Илинденското востание и примал илинденска пензија заедно со Тодор Андасарски и Крсто Бојков Тарчугов. А син му на Блажо, Стефан (или Стеван) Црвчов мислам дека има работено во пекара, којашто им е одземена откако дошле комунистите на власт тука. Инаку од каде да ги најдам тие дневници на четите? Ако имаш нешто друго нејасно слободно прашај. Благодарам однапред уште еднаш друже. Поздрав и секое добро.
EDIT: Сега кога прочитав убаво видов дека не си ме сфатил погрешно. Јас сум те сфатил погрешно. Ама не знам колку има логика тоа со внуците да добијат имиња од дедовците. Затоа што синот на Стојан, Крсто, е мој дедо и не е крстен според дедо му Лазо. Дедо ми исто така имал брат, којшто е Борис, исто така не бил крстен по дедо му.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Следовател, јас само го преведов тоа што го пишува во книгата, зошто не се читаше баш најубаво. Иначе Софронија кого во селото го знаат и како Цоле бил татко на мојот прадедо Русе, и се преселил во Издеглавје со неговите други два сина кога овие отишле како домазетовци во Издеглавје, во тој период и ги дава своите сведоштва.[DOUBLEPOST=1549123308][/DOUBLEPOST]На википедија на бугарски јазик за селото Врбјани го пишува Спиро Гаврилов, за кого пишува дека бил водич на врбјанската чета. Спиро бил брат на Софронија (Цоле)[DOUBLEPOST=1549124098][/DOUBLEPOST]Гаврил кој учествувал во Охридскиот заговор бил татко на Спиро и Софронија (Цоле), тоа 100 %. . Дали во твоите документи што ги имаш има податок кога е роден Гаврил?

П.с таткото на Гаврил се викал Карафил, по кого и го носел презимето.
 
Последно уредено:
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Е ај баш прочитај на книгата, кај белото пишува КАРАФИЛоски, по предокот Карафил. Тоа што твоите го завеле како Каранфил е грешка.
А и твоите обично им менувале имиња на луѓето, па не ме чуди и за ова.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
104992143_3885366854871077_3538182001885527310_n.jpg
Стојан Ристов Димоски
88363966_3495990663808700_8385236192974602240_n.jpg
Ристо Ристоски

Учесници во илинденското востание од с.Мраморец.
 
Член од
21 август 2020
Мислења
53
Поени од реакции
35
Вистинските имена, кои ги пишале татковците им во екзархијската ц'рква, на двајцата се:
Стојан Христов Димов
Христо Гаврилов Христов
Со тие имена двајцата се получиле "поборническа пенсија" през 1943 г. от Царство Б'лгарија..
Зошто се им ги смениле имената?

Погоди от три пата, чија прабаба е г-жата Рада Шекеринова??
Автоматски споено мислење:

Screenshot (80).png
 
Последно уредено:
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Вистинските имена, кои ги пишале татковците им во екзархијската ц'рква, на двајцата се:
Стојан Христов Димов
Христо Гаврилов Христов
Со тие имена двајцата се получиле "поборническа пенсија" през 1943 г. от Царство Б'лгарија..
Зошто се им ги смениле имената?

Погоди от три пата, чија прабаба е г-жата Рада Шекеринова??
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 266625
Никој не им ги сменил, тие сами сакале да си ги сменат. Презимињата немаат врска, дали си Христов или Ристов, во Македонија немало име Христо пред да биде воведена бугарската егзархија, името си било Ристо или Ристе.

Дај прати го документот каде бараат тие луѓе пензија од бугарските власти за илинденска пензија.
Иначе ти верувам дека имало такви што барале и од бугарските и од југословенските власти, зошто јас лично сум видел кај некои индивидуи, дека при аплицирањето имаат поставено и документ од бугарска илинденска пензија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom