Дали кола е корисна или повеќе трошок за возење во град како Скопје?

  • Креатор на темата Креатор на темата NekojBatka
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
234
Локација
Скопје
Дали кола е корисна за возење во град како Скопје или можеби повеќе е трошок/товар затоа што Скопје е гужва и нема место каде да застанеш на кратко или подолго?

Доста луѓе што ги гледам скоро секој ден се возат со електрични тротинети или велосипеди.
А и јавниот превоз врши работа иако некој пат добро доаѓа и кола да имаш, до овде до онде.
Што мислите?
 
Дефинитивно трошок. Скопје после 7 и 30 наутро се претвора во џунгла. И на пример од Аеродром сакаш да стигнеш до Карпош, ќе ти требаат 45 минути за релација од 6 - 7 километра. А ако има протести, блокирани улици итн. испод саат не си.. (барем до лани пред коронава така беше, сега и јас сум пешки до работа) Така да ако времето дозволува дефинитивно точак, тротинет, пешки ако ти е релативно блиску. Иако овие со тротинетите се тотално без осет, шибаат со 40 на саат на тротоар/пешачка патека.
 
Да има добар градски превоз, кола не нема ни да ти треба.

Искрено, јас сум само за точак, ама и за тоа нема добра инфраструктура... :(
Тротинетите ги мразам (извинете вие што имате) ама толку се за нигде, ни пазат дека има пешаци, ни ги слушаш дека идат од позади, како само за нив да се тротоарите.
 
Зависи за што и колку планираш да ја возиш. Секој ден да патуваш на работа со неа сам во кола е огромен трошок и во поглед на пари и на време.
Јас сум скоро цело време на точак, пред коронава и на факс со точак си одев и цело зимо без проблем. Кола палам само кога одиме повеќе души заедно некаде или ако треба да носам нешто гломазно.
Се случува и две недели да не ја запалам колата, ама пак знам дека имам кола кога ќе ми затреба.

Чисто илустративно, од кисела вода до шумарски со точак ми е 13-15 минути, со кола минимум 30(и тоа без да барам паркинг затоа што има на факс)
 
Ја не можам без кола, башка уживам да возам. Освен на снег, ама па тогаш пак се нема друга солуција.
Автоматски споено мислење:

Зависи за што и колку планираш да ја возиш. Секој ден да патуваш на работа со неа сам во кола е огромен трошок и во поглед на пари и на време.
Јас сум скоро цело време на точак, пред коронава и на факс со точак си одев и цело зимо без проблем. Кола палам само кога одиме повеќе души заедно некаде или ако треба да носам нешто гломазно.
Се случува и две недели да не ја запалам колата, ама пак знам дека имам кола кога ќе ми затреба.

Чисто илустративно, од кисела вода до шумарски со точак ми е 13-15 минути, со кола минимум 30(и тоа без да барам паркинг затоа што има на факс)
Физичко имавме последна 19-ка, Партизан ли се викаше салата.... у I-ва па после на архитектонски некои вежби и предавања нацртна. Понеделник се фаќаше, пешки сум шпартал по блиску 10 Км и плус фудбал таму., со Т лењирчето.....тоа беа времиња, од 7 до 7 :)
 
Завиши каде живееш, доколку си ви Центар или во непосредна близина на Центар, не ти е потребна кола, сега зависи од човек, има некои не сакаат 50 метри да поодат и слични, но доколку живееш да речеме Миладиновци, Марино, Волково што ти ја знам село, тогаш колата е дефинитивно потреба, ова е уште поточно за надвор од Скопје.
 
Во оваа доба со коронава и те како е кола потребна. Никој нормален не би се возел со автобус ако има кола.

Во нормално време од друга страна, зависи, кола во секој случај се наоѓа, али дефинитивно е трошок ако не зараборуваш добро, мислам на барем едно 30,000+ месечни примања, ако работиш за 14,500-20,000 треба да зимаш кредити за да си дозволиш да возиш стара кола од пред 20 години па и да ја сервисираш на неколку месеци. Тука има уште неколку тракатанци што се негативни, ти треба возачка, која е скапа, за која што ќе паѓаш 5 пати градска, за возачка што е најмалку вредна во европските земји, ако еден ден заминеш надвор. Друго, старите коли кај нас се многу поскапи одошто истите коли во соседниве земји кои што се во ЕУ.
 
Потреба е...не дека не може со точак скутер или слично, ама баш кога врне, кога е ладно, кога не може со скутер или точак е тогаш е најпотребна колата. А пак ако живееш и малку подалеку без кола нема шанси да функционираш освен ако не планираш голем дел од денот да го минеш во чекање автобуси и сл.


Тоа што се прават гужви и нема паркинг е пред се резултат на непланско градење и немање визија уште од пред 50 години.

Колата не е луксуз, сосем нормална појава и работа е во цел нормален свет и сите градби треба да се планираат спрема тоа. Нема теорија маркет кој врие од луѓе и прави по 10к+ евра промет на дневно ниво да нема планиран паркинг или да има има две паркинг места...не е ова 1965 година.
 
,,,pred da se sluchi koronava i taka i taka , ama sega iskluchivo kola, nema shansa jsp , a i taksito e rizichno,,,
 
118778762_10222516014865825_8269527472035632763_n.jpg
 
Абе зависи за што ти треба, ако ти е само за да отидеш до работа и назад (и тоа работата да не е толку далеку) има и други решенија (иако јавниот превоз во секоја доба ќе те вади од такт), јас колата најмалку ја возам до работа, повеќе ми е за други потреби и за викенди.

Инаку кола особено за фамилијарни луѓе треба, често треба да пазариш повеќе работи, да отидеш до некаде, викенди често ќе мрднеш надвор од Скопје и тн. Од друга страна ако возиш малку километри и сметаш одржување на поскапо возило, можеби и такси ќе ти дојде исплатливо :)
Е сега колата си има и доста трошоци: 150+ евра годишно регистрација и технички, во зависност од староста на колата истата ќе губи вредност од тоа што си ја купил од некои 300 евра на стари коли до преку 1500 евра на нови коли, сервиси кај стари коли тури си минимум 250 евра иако најчесто тоа е неколку пати повеќе од ова, гориво, редовни сервиси (масло, филтри, фреон), гуми, паркинзи...така да ако не возиш многу и си сам поарно земи си некое друго превозно средство (точак, мотор, тротинет) + јавен превоз кога врне.
 
ako si Palancanac od Rankovce,German maalo,a sk Skopjanac u Stajkovce kola ti e zivot,dosta si odea peske u osmoletka.
Aj temava e za potreba na kola vo Skopje, ama edno cudo kako e taa potreba i vo ete edno Stajkovci ili Kadino selo ili durgo skopsko selo.
Tamu da se cudis,pali kola a ne odi nikade samo da svrti nekoe krukce vo selo,da bide viden, a tek za do koperacija po pivo obavezno so kola,a ene mu se gleda kukata od tamu,ova i vie ste go primetile ili i go pravite.
 
кола си е кола, најбитната ствар е да се опуштиш и возењето да ти е задоволство а не товар, вози си лабаво и свиркај си
 
кола си е кола, најбитната ствар е да се опуштиш и возењето да ти е задоволство а не товар, вози си лабаво и свиркај си
Нема лабаво кај мене, по една кеса им давам у кола кога се качуваат :D Температурава како падна не лепат гуми толку добро, ќе се заебев прееска на една кривина. Секако е уживање....ја како мал си играв со колички јбг, ферари тестароса ми беше љубов :love:
П.С. Да не се налути карера 911....и тоа си го сакав :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom