Што анализа, фаворит си беше Баерн ама не бев баш убеден пошо не беа тестирани до сеа. Челзи не е на нивно ниво, а Бундесот горе доле е смешка. Не е ни Барса моментално, ама сепак со Меси и Суарез не смее човек да ги отпише. Малце верував дека може на некој блицкриг од Меси да ги заебат Баерн, ама...
Ми се свиѓа менталитетот на овој Баерн, буквално машинерија во права смисла на зборот, не застануваат 90 минути.
Е сега за со Сити не знам, за мене Сити е благ фаворит затоа што имаат подобра средина од Баерн, нарочито од технички аспект. Факт е дека Баерн е прејак, ама играат високо цело време и оставаат дупки позади, а екипа како Сити која има страшна транзиција тоа може да го казни. Барса вчера у прво неколку пати со 2-3 паса искочија 4 на 4 у половина на Баерн, онака од нигде никаде, а против Сити со играчи како КДБ и Стерлинг може да биде сурово казнето. Искрено, не верувам дека тренерот на Баерн ќе отстапи од досегашната тактика и филозофија, а и не треба, така да тоа е горе доле моето видување за тој двомеч. 51-49% во корист на Сити, секако ако не се изглупираат вечер, мада мислам дека нема шанси за такво нешто пошо Лион се 20 класи послаби.