Месечен лимит за уплата на физичко лице на трансакциска

  • Креатор на темата Креатор на темата vidooq
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 април 2012
Мислења
33.381
Поени од реакции
69.332
Ме интересира дали постои акумулиран лимит на пари кои може да си ги внесам на своја сметка без да мора да покажам потекло на пари? И ако да, дали тој износ е лимитиран на месечно или годишно ниво. Се распрашав по банки, и изгледа секоја банка си има различна процедура. Во една бараат потекло на пари за суми на 2.500E, во друга над 5.000E. Ова ми делува наивно, зашто едноставното решение би било на секои 3-4 дена да пуштам по 1500Е, и би можел 10.000Е да внесам за 2 недели.

Проблемот што го имам е што парите ми се стекнати легално, пред скоро 15 години, ама биле надвор од банкарскиот систем(во сеф), и сега имам проблем да ги вратам назад во платен промет, зашто ми бараат документ со кој се потврдува дека пред 15 години ги имам повлечено од банка, кој нормално го немам, ниту пак E-Banking иде толку многу години наназад. Им приложив договор за закуп на сеф, договор за работа каде стои колку имам заработувано, ама не ми ги прифаќаат како валидни.
 
Не сум знаел дека толку се глупи правилата, кај им приложуваш доказ дека си ги заработил пак да не прифаќаат, кој чува уплатници стари 15 години, кога самите тие избледуваат.

Можда можеш да ги ставиш во различни банки исцепкани па после да ги извадиш и да ги ставиш во една со тоа што ќе им приложиш документ дека си ги извадил од таа банка.
 
Ако не се лажам мислам дека до 10 000 евра не би требало да има проблем за уплата на трансакциска.
Најдобро распрашај се кај луѓе што се по упатени, па ако треба цепкај ги месечено а во меѓувреме изнајми друг сеф.

Доколку мораш да ги имаш на трансакциска ради Х причини можеш и некако на сив начин да ги „легализираш“ веќе легалните финансии.
 
Јас стаив 8 илјади евра на сметка во стопанска банка пред месец дена.
Никој ништо не ме праша.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Do 10000 evra, stavi nesto pomalce, 9800 primer.
 
Ме интересира дали постои акумулиран лимит на пари кои може да си ги внесам на своја сметка без да мора да покажам потекло на пари? И ако да, дали тој износ е лимитиран на месечно или годишно ниво. Се распрашав по банки, и изгледа секоја банка си има различна процедура. Во една бараат потекло на пари за суми на 2.500E, во друга над 5.000E. Ова ми делува наивно, зашто едноставното решение би било на секои 3-4 дена да пуштам по 1500Е, и би можел 10.000Е да внесам за 2 недели.

Проблемот што го имам е што парите ми се стекнати легално, пред скоро 15 години, ама биле надвор од банкарскиот систем(во сеф), и сега имам проблем да ги вратам назад во платен промет, зашто ми бараат документ со кој се потврдува дека пред 15 години ги имам повлечено од банка, кој нормално го немам, ниту пак E-Banking иде толку многу години наназад. Им приложив договор за закуп на сеф, договор за работа каде стои колку имам заработувано, ама не ми ги прифаќаат како валидни.
Кој не ти ги прифаќа? Банката? Воопшто не си требал да кажуваш.
Јас за кола уплаќав, околу 16к, па дури и тогаш мислам дека немав никакви примања - ниту некој ме праша, ниту пополнив некаква изјава/прашалник. Последно што имав такво искуство се некои 6-7000 уплатени како штеден влог одеднаш - исто, никому ништо.
Мене ако ме прашаш, ќе станеш сомнителен на УЈП ако ја заредиш така со уплати до и околу лимитот.
Ништо чудно оваа лоповска држава да ги има олабавено тие мерки - гледаш порано можеше кеш да се плаќа до 30.000 денари, за некаде од лани да се подигне тој лимит на 600.000 денари. Ова ти е држава на кичевци, орциња и онакви шо им крадат миљон од дома, кешот у цел свет го снемува, само овде си цепа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

До пред 2 години од прилика, мислам дека немаше никаков проблем за внес на пари, зашто пред дестина години орочував пари на име на мајка ми која е невработена без никаков проблем. У последно време се почесто слушам дека економски инспектори копаат по млади луѓе кои купуваат станови во готово за потекло на пари.

Ретардирана работа.
 
Озбилно ова?
 
Озбилно ова?

Да, Куманово 2016-2018-та доживеа бум со заработки од Адсенс, и ги проверуваат дали кој, колку има платено данок на парите кога ке купат нешто поголемо. Имаме сограѓанин кој заработи околу 1,500,000 евра за една година.

Другар купи стан во готово од околу 80,000 евра, и му дојдоа 2-ца инспектори + 1 џандар и мораше да потпишува изјава за потекло на пари. Нормално, со платен данок на истите. Не знам што им е на луѓево.
 
Рекетарска работа. Мајмуни.
Да не отидат кај оној прошла недела шо му украдоа милион од дома....сигурно од семки продавање на плоштад му биле.
 
Јас никогаш не би им потпишал никаква изјава. Закон за потекло на имот не е донесен, нека ме исправи некој
 
Ако сакаш државата да ја почастиш со 70% од износот на парите на кој не можеш да докажеш од каде ти се парите, слободно не потпишувај.

Буџет се знае како се полни, затоа очекувајте уште построги контроли и закони.
 
Има едно срање за финансирање тероризам и перење пари. На тој основ.
Да збориме за потекло на пари во оваа скапана држава, веројатно 90% од населението треба да скапе у затвор.
 
Ова што го кажуваш е многу општо. Кажи ми по кој Закон сум обврзан и врз основа на што ќе ја почестам државата со тој процент
Автоматски споено мислење:

Има едно срање за финансирање тероризам и перење пари. На тој основ.
Да збориме за потекло на пари во оваа скапана држава, веројатно 90% од населението треба да скапе у затвор.
Тој Закон е донесен, дека ете, влегуваме во Европа. Донесен е колку да се донесе. Претходно требаше да биде донесен закон кој ќе го регулира потеклото на имотот. Сега нешто, предизборно се силат, дека ќе го донесат барем за политичарите. Кај нас докажани криминалци не ги прашуваат од каде им се парите, обичен смртник ќе се тресе во банка за некоја ситна сума
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom