Premier League - Season 2019/2020

Кој ќе биде шампион 2019/2020 во ЕПЛ?

  • Вкупно гласачи
    280
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
7 години секоја сезона се најавува враќање на М.Ј. во походот кон титулата, но 7 години ништо од тоа, не гледам како следната би била различна.
Сериозно, ова е аргумент?
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Сериозно, ова е аргумент?
Хајпот беше дури и поголем од сега, најпрво со Шмидфилдерите и Марија, па потоа и со Погба, Мики, Ибра. А во тие моменти немаше вакви Ливерпул и Сити. Не гледам зошто не би бил.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.651
Поени од реакции
9.229
Многу Нострадамуси има на темава.

Факт е дека Јунајтед мака мачеше со повреди и беше приморан најважниот период од сезоната да игра без некој од Марсиал и Рашфорд, ни се повреди МекТоминеј, а Погба не заигра од Септември. Матич топло ладно со периодични повреди. Значи оној најгуст и најважен период од крајот на Октомври до почеток на Февруари имаме десеткуван тим кој мора меч за меч средината да му ја покрива Переира и Лингард, десно мора да игра бавниот Мата и лево Џејмс кој е се освен првотимски играч.

Е сега имаме комплетен тим плус брилијантен Бруно кој носи свежина и нова димензија на играта. Играме преубав фудбал за око, не се мачиме воопшто и се фаќа некој за пеналот, а не ја коментира играта со рака во казнен простор на Вила кој го промени текот на движење на топката(кон Марсиал).
Настрана сумливиот пенал, Јунајтед немаше проблеми вчера со Вила...ги издоминиравме и заслужено победивме.

Бруно е играчиште, настрана фудбалски квалитети има мозок кој е неколку чекори понапред од противникот...пак што ќе правел кога ќе го научеле противниците

Оле постави одлична основа која во моментов е 2 играчи одалечена од перфектна 11ка која ако е фит може да се носи со секого, нешто што не беше случај изминативе години. За да сме конкуренти за сериозен пласман мораме да ги доведеме тие 2 играчи, плус некој за ротација од клупа.

За Ливерпул сувишно е да го негирам импактот на Хендерсон, Фабињо и Вајналдум. Одлично спакувана и компактна тројка во средина што одговара на филозофијата на Клоп.
Е сега дали би било исто Вајналдум и Хендерсон да отсуствуваат неколку месеци, а во исто време повремено да фали некој од Мане, Салах и Фирмино??
Многу фактори влијаат на текот на сезоната.

Sent from my SM-A750FN using Tapatalk
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Добро бе дечки, што да ви кажам, за два месеци ќе почне нова сезона. Слободно цитирајте ме кога ќе почне сезоната, заебавјте ме ако немав право. Само да знаете, ако се свртат работите, има да ви се качам на глава. Ако сега мислите дека сум напорен, ќе видите што значи некој да биде напорен. :pipi:
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
1.496
Ќе има многу самобанирање од тема за брзо време така ми гледа :pos: материјал, колку ти душа сака.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Не е аргумент, предвидување базирано на искуствата од пост-Фергусон ерата :)
Ако се вадат заклучоци за иднината во однос на минатото, каков заклучок пред само две години би извадил ти за веројатноста Ливерпул да земе титула, после 30 години пост, и после неколку епски лузерства од минатите сезони?
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Пеналот беше на 0:0. Не се правете сега и вие на Тошо.

Пред тоа, Вила имаше шанси преку Грилиш и Трезеге кој удри статива. Непостоечкиот пенал беше на нерешен резултат, во моменти кога Јунајтед не покажуваше таква доминација како во продолжението на натпреварот.

Пеналот го ,,скрши" мечот. И тоа како има различно влијание кога ќе се свирне ваков пенал на 0:0. Да го свирнеше на 2:0, ајде, во ред.

@Vladimir1984

Мечот за кој зборуваш е Кардиф - Челзи. Тогаш Лофтус-Чик постигна гол од офсајд. А само две кола претходно, Челзи загуби бодови поради судиска грешка. Ама за тоа не ти се зборува, секако.
Греота е да го ставиш Челзи во контекст како тим што добивал поддршка од судии. Баш греота. Покрај Арсенал, убедливо најоштетувана екипа во ПЛ во тој поглед. За во Европа залудно е да зборувам.
А греота е дополнително, со оглед на фактот дека си фан на Манчестер Јунајтед. Немаме сите кратка меморија. :)
 
Последно уредено:
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
1.496
Дупиш? :D

Додека Фернандеш го фалат за игрите против треторазредни екипи од дното на табелата, еве ти момент кога го фалеа Џини :)

Прегледај го приврзокот 258471

Прегледај го приврзокот 258472

Прегледај го приврзокот 258473

Прегледај го приврзокот 258474
Да беше навивач на други сеа веќе ќе беше распнат дека суптилно си кажал Вајналдум е подобар од Фернандеш. Тебе ти преќутеа 50% атер успехот на Ливерпул и 49,99 % затоа што се работи за игтач на Јунајтед. Останатиот процент од распнувачите си ти :) отприлика така функционира темава...
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Ако се вадат заклучоци за иднината во однос на минатото, каков заклучок пред само две години би извадил ти за веројатноста Ливерпул да земе титула, после 30 години пост, и после неколку епски лузерства од минатите сезони?
Кои епски лузерства? Два пати титула им избега за милиметар, играа финале на ЛШ и ЛЕ, пред да освојат англиска, европска и светска титула. Пред 3 сезони беа 4-ти ако не се лажам, но играњето во финале на ЛШ таа сезона беше знак дека има простор за ова што се случува сега, проблемот, голман и лидер во одбрана/штопер ги делеше од ова што се. Тоа го решија со пар скапи трансфери кои им се исплатија до последен цент.

Генерално не, тешко би се предвидела ваква сезона на Ливерпул со вадење на заклучоци од две години во однос на минатото, иако имаше очигледни знаци на напредок, не верувам дека и најголемите оптимисти кај скаузерите се надевале на ваква сезона.
Но вадење заклучоци од 7 сезони дава повеќе простор за прогноза во однос на минатите настани, со 4-5 менаџери изротирани, со пола милијарда фунти фрлени и само по една ЛЕ, ФА и ЛК и ниту еднаш приближување до титула во ПЛ.

Како и да е, ќе видиме што ќе се случува :)
 
Истото што ти го кажуваш за Ливерпул дека беа на два три играчи до конкурентен тим тогаш, и кој проблем ги решија со носењето на Ван Дајк и Алисон јас можам да ти го кажам сега за Јунајтед. Десно крило, стопер и уште еден играч за ротација. И како е ова смешно, а твоето за Ливерпул не е смешно? Затоа што потоа Ливерпул освои? Тоа е заклучување пост фактум, не е предвидување. Ако Јунајтед се смеша во борба за титула следната сезона, тогаш не е смешно, ако не се смеша е смешно. Во секој случај аргументот со седумте години е невалиден.

Зошто би било твоето предвидување повалидно? Оти имаш подобар аватар од мене?
 
Последно уредено:
Член од
16 ноември 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
1.496
Пеналот беше на 0:0. Не се правете сега и вие на Тошо.

Пред тоа, Вила имаше шанси преку Грилиш и Трезеге кој удри статива. Непостоечкиот пенал беше на нерешен резултат, во моменти кога Јунајтед не покажуваше таква доминација како во продолжението на натпреварот.

Пеналот го ,,скрши" мечот. И тоа како има различно влијание кога ќе се свирне ваков пенал на 0:0. Да го свирнеше на 2:0, ајде, во ред.
Нема во ред, никогаш не е во ред таков пенал, но се случуваат. Штетата е иста пенал е пенал а ако не е - НЕ Е. Но дека пенал во 25мин бил пресуден за вила да изгуби, хмм? Сите се сукаат еве јас ќе кажам, имаше Јунајтед непостоечки пенали, конкретно 3 на број. Имаше и против Јунајтед. Не гледам никаква намера за помош. Сакате да го дрвиме со видеа од сите пенали сезонава да направиме споредби кој добил највеќе непостоечки и шротив кого не се суделе постоечки?
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Пеналот беше на 0:0. Не се правете сега и вие на Тошо.

Пред тоа, Вила имаше шанси преку Грилиш и Трезеге кој удри статива. Непостоечкиот пенал беше на нерешен резултат, во моменти кога Јунајтед не покажуваше таква доминација како во продолжението на натпреварот.

Пеналот го ,,скрши" мечот. И тоа како има различно влијание кога ќе се свирне ваков пенал на 0:0. Да го свирнеше на 2:0, ајде, во ред.
Зависи како ја гледаш чашата, пола празна или напола полна!
Инаку да, првиот гол е важан ама и не така битен! Настрана фактот што црепот не го виде играњето со рака, па и ВАР не му сугерираше ништо, а за овој у најмала рака сомнителен момент се сложија одма.
Јас стојам на мнението дека ќе ја растуревме Вила, со или без пенал, па дури и да поведеа они!
Така и пеналот на Баи прошлото коло, почуден здравје, ама тоа ти се судиите во ПЛ!
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Зависи како ја гледаш чашата, пола празна или напола полна!
Инаку да, првиот гол е важан ама и не така битен! Настрана фактот што црепот не го виде играњето со рака, па и ВАР не му сугерираше ништо, а за овој у најмала рака сомнителен момент се сложија одма.
Јас стојам на мнението дека ќе ја растуревме Вила, со или без пенал, па дури и да поведеа они!
Така и пеналот на Баи прошлото коло, почуден здравје, ама тоа ти се судиите во ПЛ!

Чашата е преполна, ако си Олгица Христовска.

Секое добро пријател.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Да беше навивач на други сеа веќе ќе беше распнат дека суптилно си кажал Вајналдум е подобар од Фернандеш. Тебе ти преќутеа 50% атер успехот на Ливерпул и 49,99 % затоа што се работи за игтач на Јунајтед. Останатиот процент од распнувачите си ти :) отприлика така функционира темава...
Добро, ти не си писмен или се правиш глуп?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom