Томас е последниот! Саул е член пред Томас а Мората е трансфер.
Ахам, јас те разбрав дека единствен е Томас, моја грешка
Инаку Гарсес мислам добиваше шанса пред да се повреди, последната сезона на Торес мислам беше тогаш.
Имаше и едно бекче изигра добро неколку натпревари во првиот тим кога останавме без бекови.
Како и да е Атлетико беше клуб со најмногу играчи од кантерата, сега дали толку им е квалитетот на новите младинци или е нешто друго во прашање не знам.
Ама мислам дека ретко кој клуб ќе му даде шанса на играч од школата пред некој кој е платен брдо пари.
За Лемар се слагам, овој не се вклопува во тимот уште илјада години, само проблемот е шо никој нема да даде повеќе од 30 милиони за него, а платен е 70.
Освен надвор од Европа да го шитнат или на позајмица да оди.