Златко Марин - градоначалник на Општина Аеродром

  • Креатор на темата Креатор на темата igla
  • Време на започнување Време на започнување
Не сакам да ве разочарам ама не очекувајте дека ќе направи или ќе реализира нешто пред избори. Сега сите се ангажирани да ги убедат да гласаат за нивната партија. Лобираат и агитираат на сите страни, а заборавиле што ветиле. Проектите сега не им се во преден план.
Не ни очекуваме. Едниствено нешто што очекуваме е што поскоро да си замине, а до тогаш, ваљда ќе издржиме. Според постапките, верувам дека и он самиот е свесен дека не може да ги исполни очекувањата и само чека да заврши мандатот извршувајќи ги само најосновните функции. Ова испадна преголем залак за него. Сигурно е добар човек, но едноставно, не може да ги менаџира работите и да ја оправда функцијата која му е доверена.
 
Не ни очекуваме. Едниствено нешто што очекуваме е што поскоро да си замине, а до тогаш, ваљда ќе издржиме. Според постапките, верувам дека и он самиот е свесен дека не може да ги исполни очекувањата и само чека да заврши мандатот извршувајќи ги само најосновните функции. Ова испадна преголем залак за него. Сигурно е добар човек, но едноставно, не може да ги менаџира работите и да ја оправда функцијата која му е доверена.


Требало да биде свесен од самиот старт за тоа кои се одговорностите на градоначалникот. Може барем да се потруди да исполни бар дел од тоа што ветил. Инаку во право си добар човек е, како што напоменав претходно го познавам уште кога беше професор.Едноставно не е негов домен ова во кое се вплетка. Да ја оправда довербата која му е доверена мислам дека е доцна. Ама за да се потруди да остави подобар впечаток никогаш не е доцна.
 
Острово/Стар Аеродром е во општина Аеродром. На местото на старите бараки никна еден мини град и не престанува да се гради, само во моментов се градат уште 5 - 6 згради. Се што имаше од дрва се исече, едно ебано паркче нема, и тоа позади тобаковците што беше и таму една зградурина се изгради. Само згради, улици и паркинзи. Градоначалнициве имаат намера цела Македонија да ја уселат во Аеродром.


Незнам колку години си ама тие бараки беа предвидени да се срушат и дел се срушија уште за време на екс ју. Тој цел дел беше и требаше да се преуреди. Проблем со урбаната мафија во МКД се законите кој им дозволуваат на инвеститорите да менуваат земјиште за станови а притоа да не одвојуваат простор за паркинг и зеленило. Неможе некој што живеел во барака и стан од 45м2 да добие замена 2 стана од по 90м2 затоа што покрај станот имал двор па сега и тој двор ќе биде дел од зградата. На запад (АУС конкретно) за да добие некој право за гради повеќе катница мора да „врати“ квадратура на државата за зеленило и да обезебеди еден паркинг плац за секој еднособен или двособен стан а два паркинг плаца за секој 3собен или повеќе собен стан. Законот треба да се смени, градоначалниците не се криви за ова....
 
Последно уредено:
Не знам кој е крив, ама дефинитивно е утната работата. Не знам ни кој го носи тој урбанистички план кај што секој празен простор станува градежна парцела.
 
Сега ѕиркав нешто на FB. Да сум Златко Марин, би си ги избришал сите стари видеа со ветувања пред да ги види некој. Од 30 ветувања, дали 2 има реализирано :(
 
Фотнав дел од зеленилото пред зграда во Општина Аеродром / Град Скопје за кое секој месец плаќаме дополнителни 19.5% на сметката за вода.
ESLBfRtXUAA2jHq.jpg

ESLBgxMXYAAY-EA.jpg

ESLBil4XUAEV8fe.jpg
 
Фотнав дел од зеленилото пред зграда во Општина Аеродром / Град Скопје за кое секој месец плаќаме дополнителни 19.5% на сметката за вода.
Прегледај го приврзокот 235963

Прегледај го приврзокот 235964

Прегледај го приврзокот 235965
Едно прашање, не сум запознаен, но ова пред зграда не треба преку куќен совет да се организирате (да најдете фирма) да го уредите итн?
 
Едно прашање, не сум запознаен, но ова пред зграда не треба преку куќен совет да се организирате (да најдете фирма) да го уредите итн?
Не, тоа од другата страна на зградата (што е во наша сопственост) си е уредено.
Ова на фотографиите потпаѓа под Град Скопје и во ДУП е означено како „заштитно зеленило“ затоа што се наоѓа до булеверот. Треба да делува како еден вид на „тампон зона“ помеѓу автомобилите и станбените единици.
 
Кратерот (релативно тазе, месец и нешто) во лева лента на бул. Јане Сандански пред семафорите со бул. Србија :place:
Аман....толку ли е тешко да го средат.....а тоа издигнатата шахта помеѓу семафорите кај Три Бисери и Мајчин Дом (исто во лева трака) очигледно е научна фантастика за нив.
....си замислувам што би ми одговориле од општина......снајди се, вози во средна лента :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom