Златко Марин - градоначалник на Општина Аеродром

  • Креатор на темата Креатор на темата igla
  • Време на започнување Време на започнување
Какво предзнаење бе, за 3 дена со вистинскиот тим позади тебе има да знаеш повеќе за општината од било кој претходен градоначалник :)
Потребни се менаџерски способности, добар тим, поставување вистински приоритети (не борба за инстант популарност), иновативни идеи кои соодвествуваат на 2020-та година (smart city), работливост и соработка со граѓаните и приватниот сектор.
 
Јас не сум ВМРО-вец, да сме начисто... и имам живеено 2 години во населбата. Можам слободно да кажам дека Аеродром стана пример и една од најсредените општини во Скопје во времето кога со неа владееше ВМРО, т.е. Ивица Конески (ако му беше така името).
Немам што да додадам...
 
Не сфаќам како може скоро пола година да е затворена едната страна на АСНОМ булеварот, на раскрсницата кај мост Близнак. Од октомври е така, слична ситуација имаше и во Бутел со главната улица пред година и кусур. И тоа за овие работи знам дека движам на тие релации, сигурно има слични срања и во други населби/општини.
И нормално не може да се заборави скоро непостоечката трева (имаше и споредба со ситуацијата пред неколку години преку сателитски снимки) во Ново Лисиче. Таква багра на куп во тоа Советот одамна немало, мој до мојега се сите на чело со безгласниот Златко.
 
Може, затоа што се ДЕ БИ ЛИ. Од една страна мачкаат очи дека се грижат за екологија и чист воздух, а од друга - цела населба крка ПРАШИНА затоа што пола година се работи на еден ебан прекоп.
 
Јас не сум ВМРО-вец, да сме начисто... и имам живеено 2 години во населбата. Можам слободно да кажам дека Аеродром стана пример и една од најсредените општини во Скопје во времето кога со неа владееше ВМРО, т.е. Ивица Конески (ако му беше така името).
Немам што да додадам...
Тоа затоа што не си отишол у Острово да видиш какво ДебарМаало/Рампа у Кисела Вода, напраи Конески.
 
Тоа затоа што не си отишол у Острово да видиш какво ДебарМаало/Рампа у Кисела Вода, напраи Конески.
Кажувам само за тоа што го видов и доживеав тие 2 години, во населба Аеродром. Поконкретно наспроти Бисер, кај големиот парк опкружен со згради.
Не знам за другите околни населби... и не можам да тврдам што се случувало таму.
 
Све убајте рабоќе кај бисер и центар се дешаваат, сврти некое крукче низ скопје ќе видиш какво е.
 
Кажувам само за тоа што го видов и доживеав тие 2 години, во населба Аеродром. Поконкретно наспроти Бисер, кај големиот парк опкружен со згради.
Не знам за другите околни населби... и не можам да тврдам што се случувало таму.
Острово/Стар Аеродром е во општина Аеродром. На местото на старите бараки никна еден мини град и не престанува да се гради, само во моментов се градат уште 5 - 6 згради. Се што имаше од дрва се исече, едно ебано паркче нема, и тоа позади тобаковците што беше и таму една зградурина се изгради. Само згради, улици и паркинзи. Градоначалнициве имаат намера цела Македонија да ја уселат во Аеродром.
 
Зградите се буквално како кај Рампа у Кисела Вода - можеш да се ракуваш со комшијата од карши зградата.
 
Епа вие си го гласавте
Постот беше наменет за Бојан :)
Ај сеа тебе Бојан да те праша некои работи, зошто саде памет си :)

Прво, како ти знаеш за кој сум гласал ?

Второ, на страна од тоа, знаеш кои беа кандидати за градоначалници на Аеродром или си од тие што како пензионерине на утринскине програми се јавуваат за да кажуваат како они се знаат, ама никој не ги слуша ?
  • Ивица, што дозволи еден куп згради да се изградат. Асоцијација на Ивица секогаш ќе ми биде кога Политико го праша што ќе прави со колите паркирани на тротоари и он „ама па од секогаш се паркирале коли на тротоари“ :yid::yid:
  • Марин, што уствари го продолжи ликот и делото на Ивица, па општинава се збогати со уште неколку зградички. Зградана кај Мајчин дом може комотно на булеварот да ја прават, не знам што се устручаваат толку...
  • Шехтански, тука мислам дека и нема потреба уопште нешто да се објаснува

Трето, зошто ете ти не си го гласал Марин и си најпаметен, ела чичо да ти закачи една медаља :)
 
Мене ми се многу смешни оние што се населија у згради на поранешни паркови, или бараки, или ватевер, и кога ќе се направи уште една таква зграда (а во радиус од 50 метри има 100 згради), тогаш стануваат екологисти, и бонус истите тие паркираат на улица или тротоари зашто скапи им се гаражите.

Не сум го знаел муабетот за Коневски и паркингот, ама за таква изјава во затвор треба да се носат луѓе заради предизвикување опасност.

Огромен хаос е со коли паркирани по улици и тротоари, дали ќе се роди херој кој ќе го среди овој проблем, тешко.

Каков народ, таква општина, град, држава...
 
Еве, јас на пример сум населен во дел кај што НЕМАШЕ ПАРК, а после година и кусур - уште нема парк, нема хигиена (не се празнат контејнери, има кабаст отпад до секој контејнер и нема доволно контејнери и корпи за отпадоци), не се косат зелени површини (се' е дива трева, а тоа што не е - самите граѓани го имаат засадено), не се асфалтирани улиците, има дупки и џукели по улиците. Дали ова ме прави валиден кандидат за мрчење? :)

Ни „ветија“ парк преку Facebook објава и нормално - тоа ЌЕ се реализира (ако се реализира) во очи избори (на пролет). Очајно.
 
Не сакам да ве разочарам ама не очекувајте дека ќе направи или ќе реализира нешто пред избори. Сега сите се ангажирани да ги убедат да гласаат за нивната партија. Лобираат и агитираат на сите страни, а заборавиле што ветиле. Проектите сега не им се во преден план.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom