Конти е убедливо најочајниот играч што заиграл за милан заедно со помалиот му брат Калабрија.
Наградата за најпреценет играч евер оди кај Ромањоли, иако денес не беше нешто екстремно лош. Па Огучи Онуеву и Сендерос се доктори на науки за овие клошари у одбрана што ги имаме.
Се виде на дело денес колку и како работат играчиве и колку се спремни физички и психички. тотален пад во второ полувреме.
Нема везе интер што се бори за титула и се тоа, овие нашиве не се ни 50% од комшииве во поглед на физичка подготвеност.
Преку утакмицава се гледа уствари колку се небо и земја управите и стручниот штаб на двата клуба во секој аспект, особено во дневното функционирање, тренинзи и сеопштиот менталитет на играчите.