Совет за нов автомобил дали некој има искуство со Mitsubishi Space Star

  • Креатор на темата Креатор на темата branegj
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 јануари 2009
Мислења
97
Поени од реакции
21
не може некој да има искуство со возило кое сеуште не е понудено на пазарот, ако добро читаш пишува

SPACE STAR
Изненадување...
8.880 евра
Наскоро новиот
SPACE STAR


инаку доста интересно изгледа понудава
 
Ако ти прави ќеф, земај го и ич не му се мисли!
 
Гледам само едно review и тоа на италијански

 
1.0 мотор, 3 цилиндри
1.2 моделот ценовно дебело е влезен во територија на Toyota Yaris така. ОСвен ептен ако ти прави ќеиф..

Како викаат? „Глопоста и ќеифот немаат граници“
 
не може некој да има искуство со возило кое сеуште не е понудено на пазарот, ако добро читаш пишува

SPACE STAR
Изненадување...
8.880 евра
Наскоро новиот
SPACE STAR


инаку доста интересно изгледа понудава
Ова мислам оти не е нов модел туку редизајн на веќе постоечкиот.
Инаку имаше тест на ова возило пред неколку години на еден наш веб портал за коли, 1.0 моторот беше остро критикуван заради неподносливо слабите перформанси и високата потрошувачка. Поголемиот 1.2 мотор е малку подобар ама и тој не е ништо посебно а гледам оти е доста поскап.
1.0 мотор, 3 цилиндри
1.2 моделот ценовно дебело е влезен во територија на Toyota Yaris така. ОСвен ептен ако ти прави ќеиф..

Како викаат? „Глопоста и ќеифот немаат граници“
И 1.2 е со 3 цилиндри
 
И 1.2 е со 3 цилиндри
Да
Сакав да кажам дека онаа цена од 8800 некако брзо се топи ако почнеш да му калемиш опрема како што има конкуренцијата
Шо знам..
Јас би зел Тојота Јарис
Или автомобил до една гдина стар од прв газда.
 
Совет за нов автомобил дали некој има искуство со Mitsubishi Space Star https://mitsubishimotors.mk/space-s...LnafDxxZtKaTn9TT4lwWfZ97kxi6c36O8Z10bEvvHOe-s
Подолго време се мислам да купам нов автомобил па дали некој има искуство со овој автомобил или некој пријател..
Јас имам Колт, постариот модел од 2013. Немам ниедна замерка, Мицубиши си е Мицубиши, со тоа нема промашај. Ново е ново, но добиваш колку што плаќаш, реалноста е таа. Не можеш да бараша кожни седишта или 100-ка за 6 секунди за таа цена, али нема ни да најдеш нешто подобро за таа цена . И моето е со 1.0 мотор, лично тоа воопшто не ми смета. Досега сум немал ниту еден проблем, буквално ништо освен редовен сервис не сум чепнал. Од мене имаш +1.
 
Која кола и да ја земеш до 100к на саатот мирна ти е главата ;) Прави и сервис на 6-7к ( уље,филтри ) и ќе тера па и фичо да е.
 
Да
Сакав да кажам дека онаа цена од 8800 некако брзо се топи ако почнеш да му калемиш опрема како што има конкуренцијата
Шо знам..
Јас би зел Тојота Јарис
Или автомобил до една гдина стар од прв газда.
За 8490 имаш нова панда 1.2
Јас имам Колт, постариот модел од 2013. Немам ниедна замерка, Мицубиши си е Мицубиши, со тоа нема промашај. Ново е ново, но добиваш колку што плаќаш, реалноста е таа. Не можеш да бараша кожни седишта или 100-ка за 6 секунди за таа цена, али нема ни да најдеш нешто подобро за таа цена . И моето е со 1.0 мотор, лично тоа воопшто не ми смета. Досега сум немал ниту еден проблем, буквално ништо освен редовен сервис не сум чепнал. Од мене имаш +1.
Зар има Колт 1.0? Не беше основниот Колт со 1.1 мотор?
 
Последно уредено:
А да си земиш кола до 5.000 евра а со остатокот да напрајш фул сервис, хемиско/полирање и 8 пара гуми?
 
А да си земиш кола до 5.000 евра а со остатокот да напрајш фул сервис, хемиско/полирање и 8 пара гуми?
Со овие шо планира 9.000 евра,може да увезе гром количе од надвор. Дали Германија,Швицарска .... Малку се возени и башка не се лепени како кај нас,браникот со китче ајде ....
 
Економично градско возило и за цената добиваш многу опрема, види конкуренција што нудат за твојот буџет.

Ама за тие пари имаш и убава половна кола. Нели ново си е ново, ама не значи дека ако е половно е ѓубре. Јас меркам еден Форд Фокус за да ја заменам Астрата на жена ми.
За тие пари имаш и друг избор.


Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Со овие шо планира 9.000 евра,може да увезе гром количе од надвор. Дали Германија,Швицарска .... Малку се возени и башка не се лепени како кај нас,браникот со китче ајде ....
Не се исплаќа да увезуваш со новиот закон сега. Премногу давачки имаш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom