Денес ги отварав кочниците на Бравото и задното лево не можев никако да го извадам, оклопот во кој се сместени кочниците.
Што може да го кочи и како да го извадам на друг начин?
Со чук пробав и како чукам од едната страна излегува до одредено ниво, а од другата се затвара, па после од другата чукам , овој отворениот дел се затвара.
Приметив дека тоа тркало помалку блокира, откако ке стиснам и пуштам кочница не олабавува одма него откако ке свртам неколку кругови на тркалото, и тогаш пушта ама не како другите.
тој оклоп е уствари добош. тоа што неможеш да го извадиш, значи дека добошот ти направил АЈНЗАК од нај малку 2 милиметри, т.е. се потрошил најмалку 2 милиметри. бидејки гуртните не допираат на цело поле, туку го трошат само оној дел кај што допираат, а тоа не е крајната линија од добошот. чаре? чарето е со чукање од сите страни еднакво да се извлекува полека полека према надвор. после тоа, ОБАВЕЗНО однеси го на дреар да ти го симне ајнзакот на нула, зашто следен пат може и да не го извадиш, туку ке треба да се сече. да те предупредам дека возможно е после оваа процедура (чукањето) да ти се расипе лагерот на тркало за брзо време. те советувам и двата добоша да си ги однесеш на дреар да ги обработи за да немаш проблеми.
инаку, ваков ајнзак се појавува на поминати одприлика нај малку 100.000 километри, ама многу зависи и како и колку се кочи т.е. до шоферот зависи....
тоа што одпосле ти пушта кочницата, т.е. се задржува стисната уште некое време, посочува на проблем со клипчето за кочници. кога ке го извадиш добошот, растури го клипчето исчисти го убаво и врати се назад. внимавај на холендерот од цевката како го отштрафуваш и стегаш. обавезно испушти воздух од сите 4 тркала после ова. ако во рок од 1 недела не протече клипот, си завршил работа, а ако протече тогаш мењај го. јас да сум на твое место, би го сменил од сам старт.
и на крајот, ти советувам овие зафати да ти ги прави стручно лице, бидејки не спаѓаат во доменот на НАПРАВИ САМ, затоа што играњето со кочници, нестручноста и некоја минимална грешка може да доведе до КАТАСТРОФАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ, во нај мала рака материјална штета... нема играње со кочници... тоа ти е мој совет и искрена препорака...