Драга Кајгана (виртуелен дневник)

D

dARK_ElementaL

Гостин
Драга, кога ќе ми текне кога бев 4то одд. (пред 13 години) на А1 се емитуваа, моите омилени, Нинџа Желки. Ги гледав постојано и поради тоа речиси сите другари ми се смееја. Демек ,,Еј гледаш цртани'' ; ,,Кога ќе си фатиш девојка за Нинџа желки ли ќе и зборуваш?'' (сеуште не гледам како девојката и нинџиве се поврзани, но ајде). По неколку години истите тие кога стигнаа 6то одд. се прибираа дома во 4 саат за да гледаат Покемон, а најфанатично тој што најмногу ми се смееше. :tapp: OMD [Oh My Darkness].
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Кајг,
се чудам како нема некој штрајк за незнаење на ученици, основци, средношколци кои со своите сведителства со сите петки, а немаат основно познавање од било кој предмет? одозгора па и родителите го подржуваат таквиот штрајк, а нека ги прашат своите деца, кој е главен град на Унгарија појма немаат, кој е главен град на Грција- одговор Солун, каде се наоѓа јетрата? што е тоа? каде се наоѓа бубрегот? овде напред лево и десно?
мислам ејјј јас лично би штрајкувала за веќе добиените плати за незавршена работа? излегуваат од клупи ученици со основно НЕпознавање!
... демек денес, сите наставници биле на своите работни места? работно место е да се работи, а не во наставничка канцеларија бош муабети и кафе пиење со колеги мерејќи си го кој има „поголем стомак“, а ваму во текот на годината наставниците ниту празник, ниту викенд работат, а годишни одмори по три месеци ....е да де , присутни се на „работа“ бркаат муви за да им пројде време!
(секоја чест за неколкуте кој својот живот го посветиле на пренесување на своето знаење, ама тоа се бројат на прсти, ги спомнувам само како репект кон нивниот труд!)
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Кеј во друштво до пред два месеца бевме 8-9 другари, моментално сме двајца. Во рок од два месеца си замина во странство цел мој социјален живот. Немам на кого да му се јавам да направам најобичен муабет. И тие што ги познавав, а не се дружев до толку со нив фатија патот.
Не знам од каде и како да почнам да ја оправам работата. Ми доаѓа сам да почнам на кафе да си идам и по кафани. Плус со новава работа уште толку сум надвор од светот. Затворен во четири ѕида и комуникација само по телефон со старци.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Кајг,
демек документ „ строго доверливо“ ? :vozbud:

јас знам најмалку 3,4 души што немаат сертификат, а ги имаат доверливите документи во раце! :facepalm:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Не знам каде е и шо праи Фокси Батерфлај. Беше доста агресивна на форумов едно време... :(
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.838
Кога би се затворил Институтот за јавно здравје,едноставно да не постои таква дно од установа тоа би преставувало еден голем чекор напред за државава
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Кајгич, пошто во последно време гледам кај тебе сум мрчаторски настроена, изгледа не сум ти кажала кога се изгубив во Зелениково? :ROFLMAO: Да бе, и тоа го доживеав, пред година дена негде. Ама сама си го барав, чекај ќе ти кажам сеа. :P Почна све откако ја утнав автобуската станица, нели логично... (ќе почнам да се прашувам кога сум ја погодила веќе). Само што бев убедена дека сум на правото место, па почнав да одам по една уличка и така си одам јас и слушам некој глас од негде: - Девојче, кого бараш?
Мене во тој момент ми светнува сијаличката во бојлерот дека сум влегла во нечиј двор (да кажам нешто во самоодбрана - отпосле ја приметив оградата од дворот :ROFLMAO: океј, ќорле сум), претпоставив од некоја тераса доаѓа гласот, пошто немаше никој околу мене па реков: - Јас само го утнав патот, ќе се вратам назад.
Во тој момент гласот се обрати на некого - Го утнала патот...
Океј, сите разбраа дека го утнав патот, нема везе. :facepalm: Си се вратив на автобуската. Се' ќе беше многу полесно, фино и едноставно, доколку јас уклучев мапа на телефонот. Ама, не. Пред да излезам од дома, му се заинатив на мобилниот, пошто се навикнал само да го полнам, па да го полнам и ми прекипе, си реков цркни, нема да те полнам за скоро (да, кажува доволно за мене тоа што на телефони држам инат, пошто телефонот ќе ме сфати колку сум изреволтирана, нели? :sakasuste:). Така излегов од дома со 6% батерија (мери ми го паметот), па дур се симнав таму, веќе беше на 3%. Ако пуштев интернет, во секунда ќе се исклучеше.
Ништо, што ќе правам, продолжив по патот право. :toe: Затоа што знаев дека автобусите се ретки, си реков нема шанси да чекам следен да дојде. Поминав една, па втора автобуска и гледам едно девојче, и' објаснив каде сакам да одам и ми вика: - Ааа, па имаш едно 3-4 километри од овде, ама само право.
И така, јас си стигнав кај што треба. Во истото време кога стигна таму и наредниот автобус.
Фала многу, пријатно. :ROFLMAO:
 
Ф

Флеш

Гостин
Драга

Јако ми е она кога ти пишува,

вечер каде да се видиме,
јас ќе те земам со кола и ќе одиме .

Чуството е кога она те вози,после ти ја возиш.

Фраер сум .

1567592067440.jpeg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom