Центар за превенција и третман на злоупотреба и зависност од дрога и други психоактивни супстанции!

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 септември 2016
Мислења
22.399
Поени од реакции
38.959
poster_sov.jpg

... советувалиштето за превенција од употреба на дрога и други психоактивни супстанции меѓу учениците од средните училишта во Скопје започна со својата работа во септември 2012 година, поддржани од Градот Скопје, а ги спроведува Здружението ХЕРА ‒ Асоцијација за здравствена едукација и истражување (Health Education and Research Association).

MC-Vodno_13-juni_mk.png


... советувалиштето на почетокот работеше два дена во неделата по два часа, но поради зголемена фрекфенција на корисници почна да работи три дена во неделата по три часа, но подоцна поради рестрикција на финансиски средства работните часови на Советувалиштето беа намалени на двапати неделно по три часа!

cropped_drug_abuse_ireland___getty.jpg


... за 10 месеци се реализирани 242 посети од страна на 207 пациенти од кои нови биле 141 пациенти (млади, нивни родители) и тоа дел од нив имаат потреба од повеќе посети и континуирана работа и следење, друг дел имаат еднократна потреба само од информација и од психоедукација, а трет дел се препраќаат во друга институција!

...најчесто употребувани супстанции се марихуана, алкохол и седативи, многу поретко наркотични аналгетици и опијати, а дел од нив не употребуваат супстанции!

... во овој центар се нуди советување, поддршка и третман за млади лица како главна целна група, но и за нивните партнери, за нивнит родители и за стручни лица од образовниот систем каде се тие присутни барајќи совет за да се отстрани ученикот зависник поради притисок од родителите на другите ученици!

...советувалиште за превенција од употреба на дрога и други психоактивни супстанции е дел од Советувалиштето за млади „Сакам да знам” кое нуди доверливи и бесплатни услуги за сексуално и за репродуктивно здравје, советување за превенција од употреба на психоактивни супстанции од психијатар (советување, психоедукација на родители, партнери и млади, супортивна терапија, мотивациско интервју, техника на одбивање, превенција на рецидиви) и доверливи услуги за сексуално и за репродуктивно здравје,од гинеколог советувања за бременост и за контрацепција, ХИВ тестирање и советување, и советување за сексуално преносливи инфекции и совети од дерматовенеролог !

Screenshot_1-16-360x155.png


...во центарот на младите им се помага да станат свесни за притисокот што го вршат врсниците врз нив за да ги наведат на употреба на дрога и се вежбаат техники на одбивање и на избегнување, оти не знаат да кажат „не” се охрабруваат тоа да го применат во секојдневниот живот и секој успех се наградува со афирмативни пораки и подоцна да го донесе и својот другар во центарот, се запознаваат со законската регулатива за поседувањето и „дилање” на дрога е казниво, дека казните за „дилање“ се повисоки и дека дури и купувањето за другар е „дилање”, им се помага да научат како да одговорат кога се бара од нив да сторат нешто нелегално и учат како да преговараат со врсниците!

1. Упатство за третман на зависности од дрога, медицина заснована на докази! ТУКА!
2. Водич за родители на тема „Дрога“ ! ТУКА!
3. Упаство за превенција и контрола на инфективни болести тие кој инјектираат дрога! ТУКА!
4. Подобрување на квалитетот на програми за лекување на зависности во Скопје! ТУКА!
5. Водич за третман и за грижа на деца кои употребуваат дроги! ТУКА!

images
droga17.jpg


Локална стратегија за дроги за град Скопје согласност со Националната стратегија за дроги на Република Македонија (2006 –2011 год), како и со Законот за Град Скопје, Законот за локална самоуправа и Законот за социјална заштита!
...од 2009 год на клиниката за Токсикологија и ургентна медицина се спроведува лекување со бупренорфинод од страна на интернисти (програмата е централизирана), а се третираат и коморбидни соматски состојби!

289815-0.Basic-Bardovci.jpg


... во 2012 год е отворен центар при Градската општа болница„8-ми Септември” каде што се лекуваат пациенти единствено од општина Карпош и во 2014 год. евидентирани се 65 пациенти, а сите останати жители на град Скопје од 2014 година најголем број лица кои употребувале дрога се лекувале во Психијатриска болница Скопје, 429 пациенти во чиј рамки на болницата постои Центaр за превенција и третман на злоупотреба и зависност од дрога и уште три дневни болници и амбуланта во кои се спроведува лекувањето зависници лоцирани во центарот во Кисела Вода, а третата која започна со работа во 2009 година е лоцирана во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза во склоп на Клиничкиот Центар.
...четири приватни ординации во градот лекуваат околу 140 пациенти со метадон или бупренорфин
...на одделението за детска и адолесцентна психијатрија при Клиниката за психијатрија повремено хоспитално се лекуваат млади со психички растројства и коморбидна употреба на супстанца, каде што најчесто станува збор за штетна употреба, а не за зависност !

... од 2014 год постои соработката помеѓу институциите за третман на лица зависни од дрога и затворите во Скопје, како и Управата за извршување на санкции на лицата зависни од дрога кои влегуваат или излегуваат од Истражен затвор „Скопје” и КПУ „Идризово” се лекувале вкупно 232 лица со метадон, а најголем број од нив после завршување на казната затвор продолжуваат со третман во Психијатриска болница Скопје!
...од 2014 год во итна медицинска помош е достапен третман со Amp.Naloxon за предозираност или зависници од опијати и алкохол!
... на 135 машки пациенти зависници просек 26 се од женски пол највише средношколци, во последно време зголемен број на адолесцентни и по некој возрасен се евидентираат како зависници !
Законска регулатива поврзана со дрогата, тој што неовластено произведува, преработува, продава или нуди на продажба или заради продажба купува, држи или пренесува или посредува во продажба или купување или на друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, ќе се казни со затвор од една до десет години , ако е од помало количество, сторителот ќе се казни со затвор од шест месеца до три години,
Закон за прекршоци против јавен ред и мир
, член 20 „Кој се оддава на уживање на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори ќе му се изрече глоба во износ од 200, 500 Е

rsz_legalni_aspekti_na_drogata_plakat_edin.jpg


Главни цели на лекувањето на лицата зависни од дроги (ЛЗД) се:
намалување на употребата на илегални дроги; намалување на морбидитетот и морталитетот предизвикани со употреба на дрога, подобрување на физичкото и психолошкото здравје; намалување на криминалното однесување и унапредување на социјалното функционирање. Видови програми за лекување на зависност од опијати:
1. Кратка детоксикација е постапка со која на ЛЗД му се олеснува разрешувањето на апстиненцијалниот синдром по прекинувањето на земање опијати, а со постепено намалување на дневните дози на опиоидните агонисти во период до еден месец
2. Бавна детоксикација е постапка со која на ЛЗД му се олеснува разрешувањето на апстиненцијалниот синдром по прекинувањето на земање опијати, а со споро намалување на дневните дози на опиоидните агонисти во период од еден до шест или повеќе месеци
3. Кратко (привремено) одржување е постапка со која на ЛЗД му се олеснува одржувањето на апстиненцијата од хероин со помош на потребната (адекватна) дневна доза на опиоиден агонист, која не се менува во период од 6 месеци или пократко
4. Долготрајно одржување е постапка со која на ЛЗД му се овозможува примена на соодветна дневна доза на опиоиден агонист во период подолг од 6 месеци
5. Долготраен престој (до две години) во тераписка заедница за ЛЗД кои можат да се мотивираат за потполна апстиненција

60462081-A4D4-4D42-8C30-1139DC4D6D6A_cx0_cy19_cw0_w1023_r1_s.jpg


Лекување

- терапевтскиот пристап треба да е прилагоден на возраста, полот, етничката припадност и културата на индивидуата!
- бидејќи пациентите често го напуштаат третманот предвреме, програмите мораат да вклучат и стратегии за задржување на пациентите во третман!
- можната злоупотреба на дрога за време на третманот треба да е континуирано следена, - лекувањето не мора да биде доброволно за да биде ефикасно!
- програмите за лекување треба да обезбедат помош и советување за ХИВ/СИДА, Б и Ц жолтица, туберкулоза и други инфективни болести!
- детоксикацијата е само прва скала на третманот на зависноста и доколку е оставена сама дава мали резултати!
- кај долготрајната злоупотреба на дрога, Метадонот им помага на лицата зависни од хероин или други опијати да ги стабилизираат своите животи и да ја намалат злоупотребата на нелегални дроги!
* инаку многу комплексен сегмент во днешницата, посебно кога ќе се каже„ зависници од дрога“- ЛЗД веднаш се добива слика на лоша индивидуа малтене како клошар,крадец, манијак, бездомник, убиец!
...но не е така, денешни ЛЗД се најобични личности синови на доктори, ќерки на политичари шо велиме тие од повисока класа, како и деца на обичен народ наведен на користење на овие забранети супстанции, едни од збеснување, фраерлук, други да се докажат, трети од проблеми и сиромаштија!
 
Последно уредено:
На поединците со проблеми им е потребна човечка искрена братска, сестринска љубов, а не јебани институции. Кој по богу видел аир од ваква институција? Јас имам пријатели кој не да не виделе аир од такозваната професионална помош од "стручно лице", туку напротив, претворени се во зависници на легалната дрога у форма на апови и од тоа се ментално отупени на ниво на зомби.
 
Последно уредено од модератор:
Браво @bijons за темава и честитки за вложениов труд(y)

Убаво се си пишала и објаснила но фали одговор на најглавното прашање а тоа е, колку вкупно регистрирани зависници имаме во државава и колку од нив се излечени?

Бројката на излечени зависници, искрено и со тага ќе кажам дека е 0.5 %...жално, но вистинито.

Тие центри и установи само им ја даваат терапијата(дрогата) и толку од нив..подобро ќе беше ако им отвореа некоја соба каде таму самите зависници со бесплатни шприцови и игли ќе се боцкаат отколку тоа да го прават надвор, во дворот, позади грмушки, во подруми идр.

Незнам дали се уште постои една комуна, во Конопиште ли беше, незнам....таа едно време се фалеше со успешно излекувани пациенти...е сега што е излечен зависник, дали периодот од пет години апстиненција е доволен период да не стане повратник, незнам...како и да е, бројот расте:(

@Govinda а тие твои другари нели си ги посоветувал да побараат лекување, да одат некаде надвор од државава(едно време одеа во Хрватска, Италија)...зарем ти не им даде љубов и пријателство?
 
Браво @bijons
Бројката на излечени зависници, искрено и со тага ќе кажам дека е 0.5 %...жално, но вистинито.

Тие центри и установи само им ја даваат терапијата(дрогата) и толку од нив..подобро ќе беше ако им отвореа некоја соба каде таму самите зависници со бесплатни шприцови и игли ќе се боцкаат отколку тоа да го прават надвор, во дворот, позади грмушки, во подруми идр.
Sad but true! И самата знаеш дека институциите едноставно се без учинок и речиси го признаваш тоа, ама не баш директно, туку со пола г'з.[DOUBLEPOST=1560801551][/DOUBLEPOST]
@Govinda а тие твои другари нели си ги посоветувал да побараат лекување, да одат некаде надвор од државава(едно време одеа во Хрватска, Италија)...зарем ти не им даде љубов и пријателство?
Пробував, ама за жал неможеш да му помогнеш на некој кој несака помош. Коа некој ке најде комфор у зомби зоната веке е прекасно и ништо неможе да се направе.
 
Sad but true! И самата знаеш дека институциите едноставно се без учинок и речиси го признаваш тоа, ама не баш директно, туку со пола г'з.
Да, признавам дека институциите се покажаа како продолжена рака за наркоманијата, одолговлекување до смрт..грозно звучи но така е, а и персоналот не се труди ништо посебно да допринесе во нивното лекување, нормално е дека и не се мотивирани, немаат некој надоместок за работа под посебни услови идр..
прашањето ми беше, бидејќи ти така сезнајко во таа работа и рече дека им треба братска и сестринска љубов на тие луѓе, тоа сакав да го објасниш.
 
Тоа што го прашав во темата здравство. Не ми е јасно, не ги лекуваат него ги дрогираат со метадони. Игли, шприцеви и ампули метадони и дијазепами врие цели населби.
Незнам дали се уште постои една комуна, во Конопиште ли беше, незнам....
нарконон. ИМаше уште една заедница, и го заборавив името.
 
Тоа што го прашав во темата здравство. Не ми е јасно, не ги лекуваат него ги дрогираат со метадони. Игли, шприцеви и ампули метадони и дијазепами врие цели населби.
нарконон. ИМаше уште една заедница, и го заборавив името.
Па метадонот треба да го сипијат на лице место, пред сестрата ама они го земаат и го инјектираат у вена директно...затоа реков подобро можеби ке беше да им се обезбедеше во самиот центар некоја просторија каде би се бцкале, стонирале..што ти ја знам, само да не ги гледаат луѓето надвор.

А, да, нарконон..кој знае што бидна со него:)
 
Да, признавам дека институциите се покажаа како продолжена рака за наркоманијата, одолговлекување до смрт..грозно звучи но така е, а и персоналот не се труди ништо посебно да допринесе во нивното лекување, нормално е дека и не се мотивирани, немаат некој надоместок за работа под посебни услови идр..
прашањето ми беше, бидејќи ти така сезнајко во таа работа и рече дека им треба братска и сестринска љубов на тие луѓе, тоа сакав да го објасниш.
Еден поранешен пријател се има извлечено од зависност со престој во некое христијанско друштво (евангилистичко или слично) во Белград. Поточно бил примен и престојувал во домовите на поединци и едноставно се дружел со месец дена 24 чана на ден. Од тука и изкреката: "Ским си такав си".
А сум чул и читал за многу такви примери.
 
Како се друго во државава ни.
Децата-зависници од дрога умираат по улиците, а Македонија нема ни протокол како да ги лекува
http://www.youtharise.me/wp-content/uploads/2017/07/Децата-зависници-од-дрога-умираат-по-улиците-а-Македонија-нема-ни-протокол-како-да-ги-лекува-_-МКД.мк.pdf
Страшно..страшно и жално:(:(
А жителите од кисела вода бараат под итно да се дислоцира центарот...врие од сите страни..:(
 
Видите. Не треба да сме видовити ни Ајнштајни за да го видеме корено на проблемо.
Корено е самото опшетство. Општество модерно вакво со испревртени и потпуно уништени морални вредности е генератор на сите проблеми па и на нарко зависници. Неможеш да очекуваш тој шо те поебал да ти помогне и да те оправе. Затоа и цело време сум против институциите пошо тоа се само вештачки машинерии. И самите вработени во здравствените институции се понашаат како зомби без 2 грама човечност. Побитни им се јебаните протоколи него да ти помогнат. Тоа сите го гледаме секојдневно.
Затоа викам дека само промена на друштво, заедница може да помогне.
 
Последно уредено од модератор:
Од ова горе што читам и од разни портали, дали тоа значи дека овие центри ниту се добро обмислени ниту функционираат ниту соработуваат меѓусебе. Дека единствена улога им е делење дрога беспари?
 
Тоа се вика Луд јебе збуњеног.
 
Јас неможам да разберам како може луѓе да протестираат ПРОТИВ центар за лекување на зависници?
 
Имаат проблеми луѓето. Крвави крпи, игли и празни опаковки што е грозно и да гледаш, камоли да собираш со раце. Згора на тоа и кражби. Што значи ем проблем со криминал ем проблем за мали деца, миленици и возрасни. И на видеото еден од луѓето спомна дека детето му се боцнало од игла.

Прашањето да го поставиме поинаку-што му е функцијата на центарот за зависници и какви резултати има. Вели центар за лекување...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom