Не можеш ти да зборуваш за моите чувства кон него кога ниту ме познаваш ниту пак си бил запознаен за проблемите во нашата врска и ниту пак си бил таму да знаеш што точно се случи.
Како се осмелуваш да зборуваш за моите чувства кон човек кој знаеше што имав и што се' ризикував за него за тој да биде среќен? Во мојот мозок и срце си да знаеш што јас чувствувам?
Тој цело време се однесуваше незрело кон мене притоа лутејќи се за ситници зошто немаме отидено на одмор, зошто сум го пропуштила автобусот, зошто сум земала таква храна и ред триста глупости поради кој тој знаеше со денови да ми се лути и да не ми зборува наместо да постапи како секој нормален човек и да седне на маса и да ги каже сите работи кои му пречат кај мене а реално, тоа е глупост, ситниците за кои што се лутеше беа глупост а секој човек има граница до кај што може да се премине, тој ја премина со тоа што и неколку пати ме оставаше сама кај него и се однесуваше како јас да не бев присутна, никогаш не ме пречекуваше кога идев сама во туѓ град, ми префрлуваше за моите родители и да не кажувам уште многу работи поради кои јас молчев за да не начнувам караници. Моите родители ме оставиле кај него на негова одговорност а не да ме третира како задно piece of shit на светот. Сум го вадела последниот денар од џеб за автобуска карта да отидам кај него затоа што сум сакала да бидам со него а тој ќе ме игнорира.
Кој е овде човекот кој што се однесува незрело? Ти ќе третираш лошо некоја партнерка која поминала часови пат за да биде со тебе?
Да не очекуваш да го воспевам во песни и да пишувам поеми за него дека бил најдобриот партнер на светот кога реално не беше тоа?
Бил затворен и тип со комплекси, лично тој ми го кажа тоа и дека се уште ги лекувал.
Ако имал комплекси, и бурно минато што сум јас виновна овде секој негов неуспех и незадоволство да го истура врз мене?
Кој зрел човек бега од разговор? Нели во врската мора да постојат компромиси, разговори, комуникација меѓу двајцата партнери? Не можам јас цело време во врската да му вадам зборови од уста ниту пак јас читам мисли да знам што се врти во неговата глава и да знам како да постапам во дадениот момент.
Кога влегуваш во врска, биди подршка на партнерот за да опстане таа врска и борете се да опстане таа врска а не цело време едниот да се труди а другиот да не се замара воопшто, или ако воопшто не си бил за врска не почнувај воопшто бидејќи си играш со нечии чувства и ги повредуваш со некое детско однесување. Реално, детско однесување е, што сакаш кажи, I really don't care, јас се чувствував запоставено во таа врска, јас бев во врска со него, не ти.
Ме прашуваш што сум вложила јас а што тој? Дали си сериозен со прашањево?
Не може мене некој да ме третира како гомно а јас да имам високо мислење кон него и ќе ми зборуваш тука мене за љубов кога тој не се потруди воопшто околу мене туку цело време му беше секс, изморен од работа сум ќе седиме дома, а сега ниту е изморен, има време за се и сешто.
Те молам, немој да ме смееш.
Нека биде среќен, мило ми е што е среќен.