UEFA Champions League 2018/19

Статус
Затворена за нови мислења.

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
Јас искрено воопшто не сум импресиониран од Барселона сезонава, никако не би ги ставил како главни фаворити. Плус против Ливерпул ќе играат 1/2 финале, мое мислење е дека стилот на игра на Ливерпул воопшто не и лежи на Барселона, висок пресинг, јак ритам, многу трчање, нешто со кое Барселона има проблеми. Али ќе има улога овде и битката на Пул во ПЛ за титулата, тоа дополнително ќе ги исцрпува.

Од друга страна се би дал Ајакс да освои, искрено ни против Сити не би ги отпишал иако би било пеколно тешко. Дечките се права поезија, се гледа дека тренерот на Ајакс има многу научено од Пеп, копиран му е стилот на игра, триаголници, утрчувања, прав модерен фудбал. Денес за мене играч на мечот Ван Ден Бег или како и да се пишува, дечкото го изора теренот во Торино, го прекочи цел тим на Јувентус.
Се сеќаваш лани каков тотал фудбал изиграа Барселона против Севиља во финалето на купот?..онакво дробење и мочање беше надвор од сите параметри..а што е најинтересно еден месец претходно против Рома си играа како пријателска утакмица...што доволно ти кажува дека се е до пристапот на натпреварот..иако со Ливерпул(ако не се случи изненадување утре) ќе биди прејако
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.654
Поени од реакции
4.142

Сезонава исто така Barcelona изиграа добри утакмици против Sevilla 6:1 , Real 5:1...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.439

Да ама едно е Севиља која има комплекси од Барселона, друго е ова во ЛШ. Барса сезонава игра тотално на грбот на Меси, дечкото игра GOAT сезона, а ги видовме пар текми без него како изгледаа, лошо и безидејно. Не велам дека Барса е слаба или дека сигурно ќе испадне од Пул, ама мое мислење е дека стилот на игра на Пул ич не им одговара на Барса и дека се мачат со такви стилови на игра. Ќе го земам и Интер за пример, иако се 200 класи појаки од нас, на Кампот сезонава Интер играше висок пресинг и доста добро се држеше се до примениот гол, немаше Барса некоја течна игра и премногу шанси.

Но секако пишав дека улога ќе има и исцрпеноста на Ливерпул поради борбата за титулата во ПЛ, прашање кое на Барса и е веќе решено. Се на се мислам дека ќе биде прејак двомеч и дека ќе уживаме во двете утакмици кои ќе бидат исполнети со доста голови.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.663
Сезонава исто така Barcelona изиграа добри утакмици против Sevilla 6:1 , Real 5:1...
Те имам приметено оддамна и неможам да издржам веќе а да не прашам, како не те мрзи цело време алт шифт да правиш кога ги пишуваш имињата на играчите и екипите? :D
 
HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.893
Поени од реакции
1.195
Не исшутира Ајакс и Реал и нас тотално заслужено, атомски фудбал играат напоменав уште пред двомечов. Кога ќе погледнам само како во јато се собрале навивачи на Интер и Милан па по некој фан и на Ливерпул абе пролив човече да те фати, колкав комплекс има набиено Јувентус на некој фанови е страшно, овие пак третиве и они пустите незнаат зашо се ситат, сите знаат по што е позната нивната екипа и нивните фанови. И никој никаде не спомна за пеналот што ако не беше гол аут она од Кин требаше да се свирни ко ''преЦедателите" на Милан што трубеа цела недела биле оштетени, биле подобри а имаат екипа од ранг на ФК Три Чешми. Капа доле за Ајакс и сакам да тераат до крај, оваа екипа може и до трофеј и да покажат дека и без многу вложувања може да се дојде до титула.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.596
Поени од реакции
38.744
Не исшутира Ајакс и Реал и нас тотално заслужено, атомски фудбал играат напоменав уште пред двомечов. Кога ќе погледнам само како во јато се собрале навивачи на Интер и Милан па по некој фан и на Ливерпул абе пролив човече да те фати, колкав комплекс има набиено Јувентус на некој фанови е страшно
Ја неам ништо против Јуве ко екипа, Мундо на времето збореше Ливерпул имал 2 играчи само у екипа, па да го боцнам малце:D се извинувам до другите фанови ако се осетија навредено
 
HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.893
Поени од реакции
1.195
Ја неам ништо против Јуве ко екипа, Мундо на времето збореше Ливерпул имал 2 играчи само у екипа, па да го боцнам малце:D се извинувам до другите фанови ако се осетија навредено
Не мислев конкретно на тебе ама многу фанови на Ливерпул имаат огромен хејт спрема Јувентус и не ми е јасно зошто. После Хејсел јас на пример да сум бил фан на Пул ќе сум имал огромни симпатии спрема Јувентус може нема да сум навивал за нив али ќе сум имал симпатии знаејќи што се се има десено и се околу трагедијата. За овие другиве пациентиве се е јасно, најголем успех им е испаѓањето на Јувентус мора да се порадуваат на нешто :D:D:D, се однесуваат како пулените нивни Тимује и Френк, сликици ово оно, за греота. Хумор левел -99.
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.728
Поени од реакции
11.564
Од друга страна се би дал Ајакс да освои, искрено ни против Сити не би ги отпишал иако би било пеколно тешко. Дечките се права поезија, се гледа дека тренерот на Ајакс има многу научено од Пеп, копиран му е стилот на игра, триаголници, утрчувања, прав модерен фудбал. Денес за мене играч на мечот Ван Ден Бег или како и да се пишува, дечкото го изора теренот во Торино, го прекочи цел тим на Јувентус.
Тен Хаг беше тренер на вториот тим на Баерн кога Пеп беше во Германија. Има повеќе пати изјавувано дека премногу научил од него во тој период.
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.037
Да ама едно е Севиља која има комплекси од Барселона, друго е ова во ЛШ. Барса сезонава игра тотално на грбот на Меси, дечкото игра GOAT сезона, а ги видовме пар текми без него како изгледаа, лошо и безидејно. Не велам дека Барса е слаба или дека сигурно ќе испадне од Пул, ама мое мислење е дека стилот на игра на Пул ич не им одговара на Барса и дека се мачат со такви стилови на игра. Ќе го земам и Интер за пример, иако се 200 класи појаки од нас, на Кампот сезонава Интер играше висок пресинг и доста добро се држеше се до примениот гол, немаше Барса некоја течна игра и премногу шанси.

Но секако пишав дека улога ќе има и исцрпеноста на Ливерпул поради борбата за титулата во ПЛ, прашање кое на Барса и е веќе решено. Се на се мислам дека ќе биде прејак двомеч и дека ќе уживаме во двете утакмици кои ќе бидат исполнети со доста голови.

Мала замерка откако се појави Меси, Барса игра на неговиот грб а и тој игра за грбот на Барселона и ги брани боите на клубот.

Најреално стилот кој го игра Ливерпул И одговара на Барса највеќе. Ливерпул има мртва трка во ПЛ со Сити а Барселона влегува растеретена во тој поглед, Шпанија е завршена работа одамна. За Ливерпул секој натпревар до крај е финале Секако дека ќе биде пеколно тешко и неизвесно ама мислам и се надевам дека ќе ги победиме во двомечот. Клучно ќе биде да се добие средината, а Барселона со Артур Бускетс и Ракитич е покомплетна токму таму од Ливерпул.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.439
Тен Хаг беше тренер на вториот тим на Баерн кога Пеп беше во Германија. Има повеќе пати изјавувано дека премногу научил од него во тој период.
Знам бе затоа и спомнав ама тука беше Боропедија да не потсети за корените на тотал фудбалот, впрочем не ни знае дека овој бил тренер на вториот тим на Баерн. Мада не треба да го знаеш тој факт за да утврдиш дека го фура фудбалот на Пеп, од авион се гледа каков фудбал игра Ајакс.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom