Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.287
Па не сме лоши бе.

Можевме и да тепаме, ама... после првенството во Јануари, и особено поразот од Грчка верувам дека голем дел од нас рачунаа дека ќе завршиме со 2 порази во овие два меча така да..

Браво! (y)
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Неколку ствари:

1. Солиден меч во рамките на нашите можности. Веројатно да бевме малку повеќе сконцентрирани во неколку моменти ќе земевме 2 бодови, но што е тука е. 3 бода од овој двомеч со Исланд да ни понудеше некој од старт мислам дека сите ќе прифатевме.
2. Централната бековска позиција ни е голем проблем, Фитиљо за разлика од мечот во Рејкјавик не се снајде баш најдобро на таа позиција денес. Танкоски донесе освежување кога влезе, се гледа дека игра лесно и можеби требаше да добие уште некоја минутка во одредени моменти, но тоа си е работа и проценка на селекторот.
3. Исланѓаните дојдоа многу спремни, особно дефанзивно. Играчите на позиции 2 и 5 често излагаа многу напред во обид да го прекинат протокот на топка на нашите бекови и тоа би рекол дека функционираше беспрекорно против нашата бековска линија Талески-Фитиљ-Кире. Талески и Фитиљо се играчи од по 2 метра, тешки, не којзнае колку подвижни, а и Кире не е далеку од нив кога ќе се земе дека има 39 години, па така доста добро ја елиминираа опасноста од нашите бекови. Затоа и сметам дека Танкоски можеби и требаше да добие поголема минутажа, бидејќи е побрз, полесен, подобра промена на правец има од овие тројца и е знае да одигра 1 на 1.
4. Столе за разлика од првиот меч беше многу добро чуван, се гледа дека се спремале за него, па од таму можеби и влегувањето на Жарко беше малце задоцнето, иако направи разлика на терен кога влезе.
5. Сегментот на кој што најмногу треба да работиме е дефинитивно одбраната. Јас не бев свесен пред светското оваа година колку всушност битен играч беше Јоно додека го имавме. Одигравме подобро во дефанзива од мечот во Рејкјавик, но не е на ниво на дефанзивата која сме ја играле назад во минатото.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Во принцип мислам дека вториот натпревар се на се беше поквалитетен во однос на првиот (и од двете екипи). Играта беше на реалтивно високо ниво во текот на поголемиот натпревар. Одбраната на двете екипи беше далеку подобра, а и голманите имаа придонес. Неколку кратки коментари за нашите:

1. Се надевам дека ова е заради важноста на натпреварите и реално немањето време нешто посебно да уигра, бидејќи по малку ме загрижува недостатокот на ротација. За нијанса имаше повеќе отколку во Исланд, но не и задоволително. Сега можевме, ама на првенство вака не се игра. Во одбрана некаква ротација можеби и видовме, но во напад, освен тие 5-6 минути на Танкоски, и последните 15 на Пешевски практично немавме друга ротација. Се виде ова и во играта. Во прво полувреме, Кузмановски и Талески беа одлични, во второ, очигледно се заморија и се изгубија (и психички и физички). 60 минути 2 правци, ни Карабатиќ веќе не игра, тука ќе мора да поработиме на ширината.

2. Кире во прво полувреме, мислам дека имаше едно од најлошите полувремиња кои ги одиграл за репрезентација, но затоа во второ е најзаслужен зошто не бевме поразени. На свој грб ја влечеше екипата првите 15 минути кога не одеше ништо и одбранта на Исланд гризеше на многу високо ниво. Прешивеавме во тие минути и после тоа се искористи во вторите 15 кога бевме далеку подобра екипа од Исланд.

3. Два тактички потези го решија натпреварот (кој патем требаше да го добиеме, ама како што среќно добивме бод плус во Исланд, така несреќно го изгубивме во Скопје):
- Влезот на Пешевски во напад во последните 15 минути. Немаа никакви шанси со него одбранбените на Исланд, кои претходно не убија и не можевме акција да врземе првите 15 минути од второто полувреме. Проблемот со Пешевски е тоа што тој е практично втора замена во одбрана (после Кире) што остава голем ризик за враќање во транзиција, но мислам дека и исланѓаните се уморија и не можеа да го искористат тоа, како што претпоставувам би го искористиле во прво полувреме.
- Влезот на Н.Маркоски во одбрана, или поточно поставувањето на Н.Маркоски/В.Маркоски/Талески/Кузмановски од 2ка до 5ка на 6-0 одбрана во исиот тој дел од натпреварот. Одбраната доби на агресивност и исланѓаните имаа огромни проблеми да генерираат квалитетни шутеви.

4. 5-1 одбраната (која според мене е добро што ја воведуваме во поголема мера во последно време) во Исланд воошто не функционираше, вчера беше многу подобра, но има уште работа тука. Брестовац ја сака оваа одбрана, така што претпоставувам дека ќе гледаме доста од неа и во иднина, во различни играчки варијанти. Како и да е, добро е да имаме опции, да не играме секогаш предвидливо 6-0.

5. Со 2 победи сме први, сега не смее да го уништиме тоа што се сработи неделава. Турција и Грција мора да паднат во Јуни, се надевам само нема да ги потцениме.
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
599
Поени од реакции
615
не секогаш е синхронизирано времето што тече на екранот со семафорот во салата,како што можете да приметите тек после првиот шут почнува да тече времето на екранот(заостанува секунда две).
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Сатот на екран е само за публика, не е официјален часовник и не е синхронизиран со тој во арената.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.520
Но и нашата репрезентација постигна гол во самиот финиш од средбата, според видеото, голот на Манасков е постигнат во регуларниот дел од пропишаните 60 минути, но очигледно дека судиите не сакаа да си направат некој скандал и да признаат гол за кој подоцна веројатно ќе ги провлекуваат низ европските медиуми.

Македонското новинарство не престанува да изненадува.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.287
upload_2019-4-16_20-15-9.png

Изгледа дека мечот со Грчка и официјално во Скопје ќе го играме...
Позитивно сум изненаден, со Турците не игравме тука, плус поради опасност од "контроверзии" не очекував ама..

Ај ќе видиме, можда ќе се смени.

Ако остане вака тогаш во рок од 9 дена ќе има три битни спортски настани во Скопјево кај што ќе играат наши репрезентации

7 Јуни - фудбал со Полска

10 Јуни - фудбал со Австрија

16 Јуни - ракомет со Грција
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
http://www.g-sport.mk/vest-statija/74355/kadetite-na-golem-test-vo-bugojno

Одличен тест е турнирот во Бугојно за кадетската репрезентација. Убедливо најдобар за млади категории во регионот (се работи за турнир на кадетски репрезентации). Одлична шанса да видиме дали има напредок или назадување. Зимата на турнирот во Скопје имаше видлив напредок, ама тоа е домашен терен, прашање е со какви состави беа противниците, ова е нешто друго.

Штета што нема да игра Кизиќ кој без дилеми е еден од главните играчи. Навистина неразбирлив потег на Вардар да не го пуштат на турнирот бидејќи ќе им требал во лигата - како демек ќе му дадат да игра...

Се враќаме на турнирот по едногодишна пауза, 96 генерацијата учествуваше се сеќавам 2 пати, исто и 98, а ова му е првпат (и единствен) на 2000та. Пласманите ако не грешам биле 5-6-7 место од 8 екипи. Слично нешто ми се чини не чека и со оваа генерација, но еве ќе навиваме нашите надежи да не демантираат и да постигнат поголем успех (што не е невозможно, има одреден потенцијал екипата).

Не знам дали има livestream од овој турнир, ако има може да е интересно да се погледнат дечките, за оние кои ги интересира.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom