Една од разликите меѓу мене и вас е тоа што јас во ниту еден пост не ги негирав српските злодела на Косово. Вие сметате дека албанските злодела се оправдани, етничкото чистење и уништувањето на црквите. Не може баш некаков разумен дијалог да се води со некој таков. Тоа е системска разлика во начинот на размислување.
Низ призма на тоа размислување, има доста неточности во постот на Dardan-ia. Толку многу, што не знам од кај да почнам.
Се разбира дека во секоја војна има злосторства од двете страни, но не можеш да ги изедначиш, ако не се еднакви.
Во случајот со српските злосторства, позади нив стои државна стратегија, не се работи за поединечни настани, туку целата полициска, воена и паравоена структура учествувала.
Убивање, плачкосување, протеривање,палење,криење трагови ... насекаде исто.
Во Батајница само некој километар далеку од Београд беше пронајдена масовна гробница на убиени албанци, остатоци на 705 од нив, меѓу кои 75 деца.
И многу други масовни гробници.
Сеуште не се пронајдени телата на 1600 албанци, веројатно се изгорени во рударски топилници.
Ти реков дека за 6 убиени срби и 4100 протерани во 2004, се осудени над 200 албанци. (лица на возраст од 15 до 77 години)
Исто така за воени злосторства за време на војната, од страна на меѓународните судови на Унмик и Еулекс осудени се 34 албанци и 4 срби.
Чекај сега, според ова испаѓа дека србите биле само жртви? Или ова е вака поради тоа што Србија ги штити своите злосторници.
А кога ќе видиш албанските злосторства на Косово, не можеш да пронајдеш настан во кој одеднаш се убиени повеќе од 22 срби.(и тоа од српските извори)
И просечната возраст на убиени албанци и срби разликува, убиените срби се претежно стари лица кои останале да ги чуваат домовите, додека кај албанците убиени се од прадедо до правнуци, сотрени се цели семејства.
А колку србинки се силувани, слободно служи се со српски извори?
Колку пари и злато им е одземено на србите?
И велиш не требало бомбардирање?
Селото Чабра на северно Косово беше рамнето со земја со багери во 1999 од соседите срби, во истото село во 2004 беа удавени 3 деца, после кој настан следоа немирите што толку ги форсираш.
Еве една вообичаена процедура, полицајци и соседи како крадат телевизори и трактори и на крај го палат селото, иако знаат дека се снимаат ... среќа во селото немало жители.