Топлотни пумпи - искуства и мислења

Член од
11 февруари 2019
Мислења
25
Поени од реакции
11
Здраво стручњаци :D
Ме интересираат искуства, и по некое мислење, за систем за греење со топлотна пумпа.
На реклама звучи совршено, но дали е се тоа баш така...
Конкретно се работи за куќа на два ката, некаде 60 + 65м2. Во моментов го користам само едниот кат (дневна, трпезарија и кујна во едно + мала спална и мал тоалет) и се греам со инвертер клима 5.5КВ, и помошен ѕиден калорифер во тоалет. Се изненадив од ефикасноста и економичноста на климата!
Од есен, здравје, у план ми е да го средам и другиот кат (3 спални и купатило). Да редам клими ми е малку глупо, па дали е паметно да ставам една топлотна пумпа, и внатре фенкојлери во сите простории, а доле да остане на клима? Или голема топлотна пумпа за цела куќа? (поскапа опција).
Има некој искуство??
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.126
Поени од реакции
17.914

Убо е, ама скапо.

Прво топлотната пумпа треба да биде на воздух т.е. како климиве, не на вода, затоа што со вода е многу комплицирано за одржување.

Второ куќата треба да ти биде добро изолирана.
------------------------------------------------------------------------------------------

Е сега јас ако би правел би го направил плус ова:

Трето не е лошо да имаш и бафер/бојлер за оваа изведба многу подобро ќе ти биде.

Четврто ако наместиш бафер, а воедно за да ти се исплати системот побрзо најдобро е да наместиш плус колектори, затоа што како што имам видено системи во таква изведба, практично топлотната пумпа ќе ти работи некаде од средина/крај на декември па до максимум почеток на март. Еве овие денови како што има сонце најверојатно ќе се грееше само со сонце.

Само пак ќе ти речам скапа инвестиција е, и иако ќе имаш сметка за струја од некаде 4500 - 6000 денари месечно на 400 квадрати (со сите потреби се разбира тука и топла вода, готвење итн.) сепак системот има одржување и ќе се исплати некаде за 7-10 години.
 
Топлотна пумпа на воздух, како јас што сфатив, не може да ми загрева бојлер? Или нешто не сум сфатил? Инаку да, подобро е на воздух од причина што ќе ја користам и во лето за ладење.
Изолацијата ми се состои од стиропор фасада 10см и пвц прозори со двокоморно стакло, но со прилично големи стаклени површини.
 
Со топлотна пумпа за да имаш топла вода најдобро е да имаш бафер/бојлер.

Со водено ладена топлотна пумпа можеш да се ладиш во лето, ама многу е комплицирана за одржување.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom