- Член од
- 22 јули 2010
- Мислења
- 32.528
- Поени од реакции
- 81.968
Тука ќе те цитирам, да не умарам за овие работи кај вас у фан клуб.Не е баш истата ситуација Икарди е убедливо најдобар играч на Интер, дури и да стои само на терен е од огромно значење на тимот, додека Кутињо беше играч мање во Ливерпул и кочничар во играта (затоа уште лани пишав дека далеку ќе догурате без него) истиот е во Барса истиот беше во Интер, па сакаат нека се ложат Шинтерашиве на тие ретки евроголови, а и тие ги нема сега. Единствено што би ми било криво е што полуиграч ко Кутињо е платен 150 мил. а класа ко Икарди би го изгубиле за 110.
Сплет на околности е што догуравме толку далеку и Ливерпул е тука кај што е а продажбата на Кутињо не е една од причините за тоа. Конечно со неговата продажба парите се реинвестираа во нешто што долго време беше проблем во клубот (ВВД и Алисон) а да додадеме и на тоа дека веќе Ливерпул имаше релативно квалитетен состав, плус Клоп како фактор. Се' ова си игра улога да Ливерпул е онаму каде што е сега, со релативно огромна помош од сопствениците. Конкретно Клоп нема добиено „не“ за ниту еден играч кој сакал да го добие, напротив, он сам го одби Дракслер (пред овој да оди у ПСЖ). Ливерпул со Кутињо у состав ќе биде далеку подобар, затоа што му треба креативна 10ка како него, нешто што со негова продажба го изгубивме како опција во тимот. Затоа и како што пишав пред некој ден, не знам дали ме прочита, Клоп ептен загриза по Фекир.