Локалитет (град/населба): Градот Закамен, само легенда или историска вистина?

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
https://mk.wikipedia.org/wiki/Закамен
Овде ги има наброено сите родови за кои се знае дека потекнуаат од Закамен.
И јас имам исто така потекло од Закамен, од Закамен се преселиле во Мраморец, Дебарца. Кога точно не се знае.

Добри истражувачи сте сите овдека браво ,
Закамен последен паднал под турците , А за Поп Мартин од кај најдовте алал да ви е!
Легендата вели дека : поп Мартин преку ден си ја работал попската работа, а преку ноќ со својата чета организирал напади и грабежи врз турски каравани со злато(арач) собран низ западна Македонија.
А за златото Во еден стар запис што го имам видено вели: 10 товари злато скриени во ајдучката пештера,
А 10 товари злато се десет магариња или коњи така ги рачунале тогаш еден коњ или магаре е 1 товар.Пресметајте Сами :)

Закамен постои со свои очи го имам видено.
Ова истото за поп Мартин ми го има кажано и еден човек од Подвис,на кој исто така предците му се доселиле од Закамен.
Jas sum od kičevo i mnogu od selata imaat poteklo od Zakamen.Kaj nas se zboruva deka Zakamen e negde vo segašna Albanija.Eve i dur pišuvam so mene e na rabota kolega koj po poteklo e od Lavčani,a predcite mu bile od Zakamen
Во Подвис не се сигурни дали е кај дебарско, или охридско. Али дефинитивно не мислат дека е во Албанија.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.904
Поени од реакции
14.596
https://mk.wikipedia.org/wiki/Закамен
Овде ги има наброено сите родови за кои се знае дека потекнуаат од Закамен.
И јас имам исто така потекло од Закамен, од Закамен се преселиле во Мраморец, Дебарца. Кога точно не се знае.

Ова истото за поп Мартин ми го има кажано и еден човек од Подвис,на кој исто така предците му се доселиле од Закамен.

Во Подвис не се сигурни дали е кај дебарско, или охридско. Али дефинитивно не мислат дека е во Албанија.
Zdravo komšija....jas sum od Vrbjani:aplauz:
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Хах. Баба ми е од Врбјани :D
Може и роднини да испаднеме некои, баба ми е од Гавриловци, порано мислев дека татко и е роден во Издеглавје, а уствари двајца браќа на прадедо ми Русе отишле како домазетовци во Издеглавје, а прадедо ми уствари да си бил чисто врбјанче. Лоши информации имав добиено од баба ми. :D
Од кој род си ти?
Иначе партизанот Аспарух Гаврилоски ми е дедо, братучед на баба ми. Мислам го пишува на споменикот во село.
 
Еееее...јас сум најблискиот роднина на Аспарух Гаврилоски, брат на мојата родена баба(мајка на мојата мајка)....а на дедо ти Русе јас му бев еден од омилените внуци(јас сум 47+).:eek:

Нормално дека сме роднини....имам роднини и во Издеглавје......Ристо ,,ѓупката,, со камионот ми е најблизок роднина

колку е мал светот:icon_lol:
 
Член од
21 февруари 2019
Мислења
2
Поени од реакции
1
Здраво
Многу ме заинтересира темава Закамен, затоа што моето потекло е од таму, моите побегнале во Ботун потекнувам од Мацевци.
Кој има интерес и има корени од Закамен предлагам да се запознаееме и некогаш да појдиме таму да видиме од каде потекнуваме.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Во истражувањата на Јован Трифуноски за Мацевци пишува дека се доселени од Закамен во 1830 година, а во истражувањата на Бранислав Русиќ дека се доселени во 1758 година, кое е поточно дали знаеш?

Иначе за Закамен сеуште не се знае точно кај се наоѓал, затоа тешко да се собериме и да отидеме таму. Јас потекнувам од мојата пра-пра баба Цвета од родот Матевци, и тие во Мраморец се дојдени од Закамен.
 
Член од
21 февруари 2019
Мислења
2
Поени од реакции
1
Годината на доселување не јазнам, сигурно било во периодот кога Турците го запалиле Закаме. Сите ние Мацевци бе разлика каде сне доселени Ботун, Белчишта Мараморец или Средорече сне роднини.

Закамен се знае каде е.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.009
https://mk.wikipedia.org/wiki/Закамен
Овде ги има наброено сите родови за кои се знае дека потекнуаат од Закамен.
И јас имам исто така потекло од Закамен, од Закамен се преселиле во Мраморец, Дебарца. Кога точно не се знае.

Ова истото за поп Мартин ми го има кажано и еден човек од Подвис,на кој исто така предците му се доселиле од Закамен.

Во Подвис не се сигурни дали е кај дебарско, или охридско. Али дефинитивно не мислат дека е во Албанија.
Аииии фамилија Црвенковски од Слатино има потекло од Закамен.... Тоа многу работи објаснува.... Да не сум слушнал лош збор за Бане од сеа. :D

Јас мислам да оформиме здружение на Закаменци и нормално Бане да го побараме за претседател...
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Ехх многу закаменци има низ западна Македонија, само мене ми е чудно, ако Закамен пропаднал одеднаш, како тогаш населението наведува дека се иселило од Закамен во разни периоди, еве јас имам прочитано многу книги за потеклото на населението, па ми фати око резултатот од истражувањата на Бранислав Русиќ за Дебарца, каде наведува дека Црвенковци се доселиле од Закамен во 1875 година, а Мацевци во Ботун сто години порано, има и други чудни нешта, па се ме наведува на мислата дека Закамен уствари било област во која спаѓало и раселеното село Радомирово кај Песочани, и постоеле и други села. Ова ми дојде како мисла од како прочитав за раселеното село Славила кај Селце (Малесија), за кое пишуваше дека се наоѓало во областа Закамен.
Што мислиш ти за ова?

И баш ме интересира од кај потекнуваш од кичевско? и дали знаеш нешто подетално за Закамен?

Иначе Бане одсекогаш сум го почитувал зш е од Дебарца :cool:
 
Околу различните периоди на доселување... Тоа се должи најчесто што фамилиите биле преселувани од село во село, пошто не ретко селата биле палени и опустошувани, па така населението бегало во збегови и други села. Па така најверојатно Црвенковци, прво биле во некое друго село, па дел од таа фамилија се преселила во Слатино. Дефинитивно во народните преданија кај фамилиите со потекло од Закамен, без исклучок се спомнува нагло уништување на градот. Кај некои е во оптек верзијата дека самите мештани го уништиле пред да се иселат, а кај други дека Турците го уништиле. Според мене тоа се случило во средината на 18 век (се поклопува со периодот на укинувањето на Охридската Архиепископија). И може да збори за некакво востание заборавено од официјалната историја. Дефинитивно треба да се побара во Истамбулските архиви за нешто поконкретно

Иначе со оглед на тоа колку потомци има во денешно време од Закамен, може да се каже дека не бил баш мал град, и дефинитивно бил центар на брсјачијата. Иначе интересно е дека исто фамилии со потекло од Закамен се забележуваат и на Албанска страна во областа Дибра и Голо Брдо. А за местоположбата на градот, искрено незнам. Единствено нешто поконкретно што имам слушнато е приказна, дека кога се иселувале од градот, ја закопале цркавата целосно под земја, за да Турците не изградат џамија врз нејзините темели. Не би обрнувал многу внимание на оваа приказна, ако не било случај во Кочанското село Мородвис пред 3-40тина години да најдат исто таква закопана црква која своевремено била митрополија.

Све на све откривањето на Закамен, би отворило многу прашања, како на пример зошто сме учеле дека градовите биле населувани исклучиво со нехристијанско население до втората половина на 18 век, кога христијанските занаетчии и трговци почнале да ги населуваат градовите. Закамен би докажал дека тоа тврдење не е баш вистинито.

Што се однесува до Радомирово, тоа пред да стане село било многу веројатно некаков административно-воен центар од раниот среден век.
 
Член од
2 јули 2017
Мислења
6
Поени од реакции
5
Здраво на сите. Многу ми се допаѓа оваа тема што ја најдов тука. И сега да кажам нешто за моето потекло. Јас живеам во Тетово меѓутоа имам поречко потекло од Село Сушица. Мојата фамилија е доселена од Сушица во Тетовско пред 200 години, па во 1973 во Тетово. Случајно на вашиов форум најдов една мапа : Потекло становништва у Порече. Српска мапа од краљевина југославија. За село Сушица се вели дека се доселени од ЗАКАМЕН ОХРИДСКО. Си го најдов коренот благодарение на ВАС !!! Ви благодарам многу. Еве ја мапата каде се споменува за некои села од Порече дека се од Закамен.
http://www.srpski-despot.com/detalj.aspx?object=125

Се гордеам што сум од ЗАКАМЕН !!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom