Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Јас признавам дека не сум бил на Гази Баба, ама Водно и Вардар ми се многу блиску и сум немал потреба, а и немало прилика. Ретко некој да се пожалил за некаков инцидент таму.
На пример на кеј имам гледано сцени непријатни ама на патеката за точаци и до некаде со право, затоа што никој не поштуе кој дел за кого е. Веќе овој период до март, април полабаво е и на кеј.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Далеку од тоа дека е лошо место за трчање, еве јас живеам тука скоро 4 години и почесто сум на Гази Баба отколку на кеј, скоро и да не одам на кеј затоа што додека да отидам таму, на Гази Баба имам истрчано 1/3 од планираното, а не ни трчам големи растојанија туку трчам спринтови или до кај 10км. Во толку време сум видел различни работи, не дека често се случува али знаат да се соберат групи и кога минуваш крај нив те гледаат и ламотат нешто на нивно. Физички досега не ми направил никој проблем, а за дофрлање се случило повеќе пати, пред околу 2 недели на ширината на излезот за кон стадиончето, беа собрани тинејџери буквално со култура како да си ги симнал од планина, урлаа како да не виделе цивилизација, али кога ќе видиш такви ги има низ цел град и нема правило каде ќе налеташ на нив.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.132
Поени од реакции
13.258
Дечки една најава за месец ноември од мене

Најпрво е полумаратонот во Велес, на 4ти ноември, каде што патеката е кружна и се трча во парк, на истиот евент има и трка на 5км. Котизацијата за 5ка е сто денари, додека за полу е триста. Имајте на ум две работи, најпрво доколку сте до 27 години, имате бесплатен воз тој викенд, што е супер работа. Другата работа, доколку сте побрз натпреварувач, ќе имате мал проблем со разминувањето на тие што доцнат еден или повеќе круга после вас, па може да налетата на толпа тркачи што ќе мора цик цак да ја поминувате. Еве линк

Потоа се ноќните трки во Скопје и Куманово. Најпрво е Куманово на 10ти ноември , лани не се плаќаше котизација, би требало и годинава да е така. Трката беше најавена како 5км, но се трчаа 4.6км. Потоа е трката во Скопје на 13ти ноември, за неа имате отворено на смарт рејс да се пријавите, котизација е 150 денари најпрво, а потоа 300 , на мое мало разочарување, бидејќи досега оваа трка беше бесплатна. Трката е 6км. Овие должини се за машки, за женско се пократки за еден круг.

На 25ти ноември имате трка во Прилеп. Која оваа година има различни организатори, не се истите кои го одржуваа поштенски маратон ако се сеќавате. Нема уште информации околу котизација, ќе има полу и трка на 5км. Еве линк

Успат секако ќе имате две трки на кеј кај скејт паркот кај жабарот, со старт во 8:30, следете ја страната Nike школа за трчање, ќе објават додатно за кои датуми ќе се точно.

Мислам доста трки ќе се за месец ноември, ако излезе уште некоја, ќе објавам накнадно (y)(y)


„ НОЌНА АТЛЕТСКА ТРКА 2018 „

По повод празникот 13ти Ноември, денот на ослободување на Град Скопје, Атлетската федерација на Македонија во соработка со Град Скопје и Градоначалникот Петре Шилегов, ќе организира Атлетска ноќна улична трка во централното градско подрачје на 11 ноември 2018 година со почеток во 16:00 часот.

Пердвидени се следниве трки:
- 1.200 м. – трка за ученици
- 6.000 м. – главна трка

Програма
16.00 часот Отварање на настанот
16.10 часот 1200 метри (трка за ученици - 1 круг)
16.20 часот 1200 метри (трка за ученички - 1 круг)
16.30 часот Главна трка за мажи и жени ( 6000 м – 5 круга )
17.00 часот Прогласување на победници

Награди

За главната трка ( 6000 м ) во машка и женска конкуренција:
1. место – 6000 денари / медал / диплома
2. место – 5000 денари / медал / диплома
3. место – 4000 денари / медал / диплома
4. место – 3000 денари
5. место – 2000 денари
6. место – 1000 денари

За Училишната трка на 1.200 метри - машка и женска конкуренција:
1. место – медал / практична награда
2. место – медал / практична награда
3. место – медал / практична награда
4. место – практична награда
5. место – практична награда

Најмладиот и највозрасниот учесник ќе добијат медал и диплома.

Почитувани ,

Ве известуваме дека , по повод празникот 11ти Ноември, денот на ослободување на град Куманово,Општински сојуз на спортови Куманово , АФМ и АК Куманово во соработка со град Куманово Градоначалникот Максим Димитриевски ,ќе организира Ноќна улична трка во централното градско подрачје на 10 ноември 2018 година со почеток во 18,20 часот.

- програма

18:20 часот отварање

18.30 часот 5000 метри ( главна трка за мажи ), три круга

18.30 часот 3300 метри ( главна трка за жени ), два круга

19.00 часот прогласување на победници

- право на учество

Секој што ќе се пријави преку е-маил fillip_kolevski@yahoo.co.uk или на денот на трката од 16:00 до 18:00 часот на 10.11.2018 год

Еден учесник не може да настапи на двете трки.

- Превоз Бесплатен : За пријавените натпреварувачи-ки ќе има организиран превоз од Скопје на 10 Номеври 2018 година со поаѓање од 16:00 часот.

Зборно место: Паркинг пред Пошта ( кај железничка станица)
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
На 18-ти ноември е и Струмина Треил во Штип.

Еве детаљи. Трката е од планинско трчање.

Screenshot_20181025-220559_Facebook.jpg
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.132
Поени од реакции
13.258
Мое мислење за планинските трки, за кое не мора да делиме ист став, е дека МОРА да се дава медалче на крај. Подобро направи триста денари котизација, ама дај какво такво медалче за секој финишер. Сепак 18км се повеќе часовни маки низ планина, каде што освен со кондициска тежина, се соочуваш и со дехидрација ако снемаш вода, а нема станица за вода ко што сме навикнати, потоа со можно губење ако немаш маркација. Значи целиот тој друг, вреди за едно медалче на крај, за кога ќе го видиш после 5 години, да ти пробуди спомени и да ти текне низ што се си прошол. Јас сум трчал на трки и без медалче/диплома за први тројца, живи здрави секој колку има, на крај краева прав спортис не трча за медал на финиш на трка, ама убаво е за мотивација на некој рекреативец или личност што прв пат се пријавува на стазата.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.319
Поени од реакции
4.597
Викендов бев на Градче Трејл во Кочани. Котизација 100че, супер торба имаше, кроасани, чоколатца, дипломи ќе има за сите онлајн. Супер организација имаше над 200 луѓе.

Мислам дека на планински трки не одат сите и не им е толку битен медалот. Ептен почетниците прво на рамно одат :D
Многу пати сум бил на планински каде немало ни медал, па за успомен ете ги сликите од фб :D

Искрено догодина не би се замарал и маици да има у пакетот во Кавадарци, стави котизација 300 ден помалку или у краен случај како на скопје ран кој сака нека си ја купи дополнително :D
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Па добро. Јас иам медаљи и у некој шкаф ми се џиткосани.
Неам сеа некоја сериозна троцифрена бројка трки, ама пак...и на сите се сеќаам. Да не ти зборам за некои импровизирани планински, само бројката си ја имаш, ама сеќавањата си остануваат.
Јас ценам добро опремена станица за освежување. Памтам еден скопски 13-та или 14-та, еден од тие два, волонтери на една рака се броеа и имаше само вода на станиците. Плус коли свиреа и проаѓаа кај Црвен крст - ова ми е останато као лошо сеќавање. А медали, награди...ок. Ме нервира кога реагираат на скромноста на наградите, ко да ќе живееш од тоа. Со прв до врв знам дека многу тркачи се у конфликт и ич не учествуваат.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.132
Поени од реакции
13.258
Тоа за наградите точно дека се ниски на сите трки, ама кој досега не сфатил дека од атлетика не се живее во Македонија, со лесно нека му е. Ова со медалчето ми беше чисто за рекреативци повеќе да привлече, како мотив плус, а и нив сигурно им значи тоа медалче, не трчаат по пет трки месечно. За другово со опременост апсолутно дека тоа е најбитен фактор кај една трка, дали ќе биде добра или не. Да не кажувам сега која трка, искрено и заборавив дали имаше име. Трката немаше никакво прогласување на победници ниту пак церемонии, пиедестали, за награди, медалчиња, дипломи да не збориме, требаше да биде 3км излезе седумсто метра пократка, на крај носеа туба вода и рекоа сами да си тураме во чашки. На крај испадна дека тоа само било, колку да се каже дека се оранизирало нешто пред избори и организаторот да се сликал. Е за такви трки искрено жалам што сум дал придонес, кога намерите се скриени и не се чисти, и трчањето не е во преден план, немам што да трчам тука.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Тоа за наградите точно дека се ниски на сите трки, ама кој досега не сфатил дека од атлетика не се живее во Македонија, со лесно нека му е. Ова со медалчето ми беше чисто за рекреативци повеќе да привлече, како мотив плус, а и нив сигурно им значи тоа медалче, не трчаат по пет трки месечно. За другово со опременост апсолутно дека тоа е најбитен фактор кај една трка, дали ќе биде добра или не. Да не кажувам сега која трка, искрено и заборавив дали имаше име. Трката немаше никакво прогласување на победници ниту пак церемонии, пиедестали, за награди, медалчиња, дипломи да не збориме, требаше да биде 3км излезе седумсто метра пократка, на крај носеа туба вода и рекоа сами да си тураме во чашки. На крај испадна дека тоа само било, колку да се каже дека се оранизирало нешто пред избори и организаторот да се сликал. Е за такви трки искрено жалам што сум дал придонес, кога намерите се скриени и не се чисти, и трчањето не е во преден план, немам што да трчам тука.
Ova bese standard natprevar vo plivanje do pred nekoja godinava vo Severnava :D od drzavni prvenstva nemam nieden medal ako me veruvas, da im kazuvam na vnuci deka sum bila prvak a nemam medali ke pomislat baba im demencija fatila.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.319
Поени од реакции
4.597
Бев и ја у Подгорица. Времето на Адријана добива на тежина ако се знае дека истураше дожд.
Ја како шо сум слаб драј фит маицава мораше са подзастанувам да ја цедам на 2-3 минути :D патиките лесно се полнат со вода и мора додатен напор за да си побрз
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.132
Поени од реакции
13.258
Ич не се погоди времето во Подгорица, на две минути пред старт, на стартната линија живо пиле немаше, сите се криеме како покиснати глувци во кафичите, си истура гајле си нема. Кога трчаме секој чекор ти е шлапање, маиците и опремата после откако завршив и ги соблеков ми беше како тег да имам во рака, без претерување ама можно е со плус некое кило да сме трчале, од што сме собрале вода. Патекава е страшна депресија, и ако некој првпат трча таму, ќе нема да сака више да трча полумаратон во животот, ама од друга страна па добра е, бидејќи и да сакаш не можеш да се откажеш, ќе застанеш ќе видиш на километри нема никој, во вукојебина си, и ќе заборавиш на болката. И ако мислите дека скопски е мртва патеката без публика, треба тука да трчате. На крај барем интересно беше и нема во брзо време да се заборави трката, а и личен направив 1:26:35 . Браво за Адријана, која на вакво ниво истрча два маратони во две недели, небото е граница уште колку ќе напредува само тоа девојче (y)
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Ич не се погоди времето во Подгорица, на две минути пред старт, на стартната линија живо пиле немаше, сите се криеме како покиснати глувци во кафичите, си истура гајле си нема. Кога трчаме секој чекор ти е шлапање, маиците и опремата после откако завршив и ги соблеков ми беше како тег да имам во рака, без претерување ама можно е со плус некое кило да сме трчале, од што сме собрале вода. Патекава е страшна депресија, и ако некој првпат трча таму, ќе нема да сака више да трча полумаратон во животот, ама од друга страна па добра е, бидејќи и да сакаш не можеш да се откажеш, ќе застанеш ќе видиш на километри нема никој, во вукојебина си, и ќе заборавиш на болката. И ако мислите дека скопски е мртва патеката без публика, треба тука да трчате. На крај барем интересно беше и нема во брзо време да се заборави трката, а и личен направив 1:26:35 . Браво за Адријана, која на вакво ниво истрча два маратони во две недели, небото е граница уште колку ќе напредува само тоа девојче (y)
Викендов многу луѓе беа во Љубљана. Може требаше таму да одиш.
Се надевам дека ќе имам прилика да трчам таму. Љубљана и Берлин ми се некаков предизвик како настани. По кажување на пријатели кои учествувале, практично во шпалир од луѓе се трча цело време (посебно Љубљана) и во убав период од годината се, кога температурата е најдобра (секако ако е суво, ова со дождов, јасно е).
Скопје е жално што може да биде подобро, ама ни мањка мозок као народ - рутата е проектирана да не се ремети сообраќај, а не тркачите да уживаат - логика упм. Затоа оној дел по Трета македонска бригада кога се трча накај Аеродром стално се чудам што му била идејата на организаторот.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.884
Покрај Берлин и Лондон.
Берлин ја има најдобрата рута и најидеалната клима за марaтон затоа и повеќе рекорди се од таму, а Лондон е интересен затоа што е низ најпознатите улици и места.

На Љубљанскиот маратон пред стартот имаше дожд . Најголема грешка е кога трчаат на маратон и има дожд пред стартот не гледаат подолго време да останат некаде на суво, не носат резерва патики и чорапи со кои ќе се загреваат. Носат памучни маици и чорапи кои повеќе впиваат вода и тешко се сушат, а некои продолжуваат и да трчаат и со она пончо за дожд со што доаѓа ептен жешко и отежнато.
За разлика од тие има некои што носат и плус уште некој пар маици и чорапи во мал ранец и по неколку километри ги менуваат. За оние со поголем буџет Brooks има добри модели на водоотпорни патики за трчање.

Иначе победникот 4 набрз оваа година 2:04:58

На Подгоричкиот со околните планини има некоја депресивна позадина, ама Подгорица е блиску до морето и според некои што имаат учествувано полесно се трча и предизвик им е тоа прилагодување на различни надморски височини.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.319
Поени од реакции
4.597
Трчав и марато во Подгорица пред 2 години се трча накај Тузи, жив човек нема по пат да те опцуе и не можеш да застануваш :D
На окрепителни станици освен коцки шеќер ако начекаш вода среќен човек си :D барем банани да имаше и доволно е за 10 евра котизација.

Љубљана 35 евра котизација, има се, дури и енергетски гелови.

Еве пред 3 недели шо бев у Словачка опис на стазата.

И за полумаратон и за маратон препорачувам. Не е некое атрактивно име на град, али топ 10 маратон у Европа според многу магазини вака шо читам по нет.

Буквално трчаш у една насока 4-5км и вртењето ти е од другата страна шо значи со едно вртење утепуваш 9км.
Screenshot_2018-10-29-15-39-07-1.png Screenshot_2018-10-29-15-43-15-1.png
Еве од страва, она погоре е цепкано на 5-10 метри од шо е рамно.
Screenshot_2018-10-29-15-45-53-1.png

И медалот беше преубав
20181029_160009.jpg

И Љубљаана е доста рамна. Еве

Screenshot_2018-10-29-15-53-21-1.png
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom