Лига на шампиони - Сезона 2018/19

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Во средата се врати шампионската лига на ТВ ЕКРАНИТЕ, освен на МРТ кои од за нив "објективни" причини се решија да не одморат од нивните легендарни експертизи, можеби и подобро e вака што излезе.
Најавенo е дека на ТВ ТЕЛМА ќе одат преносите, од месец октомври, а дотогаш нека се снаоѓаат снаодливите..:D

Минатата сезона покажа дека нема фаворити во Келн, не игра толку одлучувачка улога какви имиња имаш во ростерот, едноставно победува таа екипа која има најдобар тимски дух во тие нешто повеќе од 24 часа ракомет на Ф4,
Но до Келн има време, долга е сезона.
Да одиме група по група.

Група А

Според мене а верувам и според многумина групата на смртта.

РК ШАЛАБАЈЗЕРЕН ЛЕВЕН

http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/011148/Rhein-Neckar+Löwen

Мислам дека имаат подобар тим од ланската сезона, иако им заминаа Пекелер кој беше еден од столбовите на одбраната, но дојде Абутовиќ и не би требало овде да има проблеми, заминаа и Баена и Рајкинд, Ду Риц, но дојдоа Колбахер, Јеспер Нилсен, два докажани пивоти, дојде Липовина како бекап на Петерсон, дојде јако засилување на лев бек во името на Стефан Фат, + костурот на тимот од лани, Енди Шмит, Менсах, Валур Сигурдсон, Грецки, двајцата лудаци од голмани, се на се една многу јака екипа, не ме чуди шо ја скинаа Барса.
Проблемот кај шалабајзерите е шо се палат како млади мајмуни во ЛШ со јаките екипи, ќе тепаат со било кого и било каде и потоа во екот на Бундес Лига прават калкулации, шеми, штедат сили и никако не можат докрај да ја истуркаат сезоната, сепак разбирирливо е, да се бориш за титула во Бундеслига е страшно тешка задача, истото се однесува и за Фленсбург.

Барса Ласа

http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/001816/Barça+Lassa

Легија на странци, колку се појјаки од лани или послаби ќе видиме, го добија Фабрегас на пикер, дојде Дуарте од Висла како некоја меѓу комбинација на лев и среден бек, дојде Мортенсен на лево крило, дојде Мелер како замена за министерот на голот.
Би требало да се појјаки, не ќе треба време, а дали ќе успеаат да се снајдат во ваква група видеќемо.
Страшен ростер имаат на сите позиции, но некако сеуште се бараат, како да нема хемија помеѓу екипа, посебно помеѓу Палмарсон со останатите бекови и пикерите, кога беа Лазаров, Сармиеното, кога беше помлад Ентрериос со врзани очи се читаа, ќе треба време за оваа екипа.
Се врати во ростер по тешката повреда и Ласе Андерсон, опасен пуцач, но ќе му треба време да се врати во ритам.
Изненадување за многумина е малиот Абело Гомез на десно крило, 11 комада со РНЛ во средата, како изгледа Томас ГлуФчето ќе си го облечи костумот и ќе си започне директорска кариера.
Треба Барса да е во топ 3 во група со оглед на страшната конкуренција..

Виве Киелце
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/match/2/002055/PGE+Vive+Kielce
Овие се тотална енигма, изнакупија се живо и диво во ракометниот свет, изнапотпишаа играчи со резервации за по 3 сезони и на крај дојдоа да бараат грант од Локалната самоуправа на Киелце:pos:.
Којзнае кои шеми ги прават.
Нема врска, нивна работа,
Со оваа екипа и со повредите тешко дека ќе успеаат да направат нешто повеќе од учество во разигрување.
Болница им е екипата,
Дојде Циндриќ, дојде Фернандез од Ла Риоха на лево крило на местото на Штрлек Глодарот, дојде Чупара на голот како замена за Шмал, дојде Каралек на пикер, опасен пикер, нема збор, надежен...
Кулеш на лев бек, + Мамиќ, два млади бека, суртуци, + малиот Душебаев го вратија од позајмица од Цеље, + Јуркевиќ и Јурецки, солидна артилерија на десно раки пуцачи, , на среден цел товар ќе е на Циндриќ, но нема гајле тој, машина е...
Десно Алекс и Лијевски, доста солидно делуваат.
Вака на хартија доста освежена е екипата, но повредите, кризата со кешот, ќе видиме како ќе се одвива оваа приказна, би рекол на РАКОМЕТНИОТ МАНЧЕСТЕР СИТИ.
Да не отворат стечај за брзо:pos:

МЕШКОВ БРЕСТ
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/007056/HC+Meshkov+Brest

Доста солидна екипа, летните подготовки се доказ дека одат во нагорна линија.
Го задржаа речиси цел лански тим + зедоа неколку солидни млади и веќе докажани играчи како Дарко ЏукиЌу, Шиме Ивиќ, Сандро Обрановиќ.
Добар проект, би требало да направат доста беља во хрупата.

Веспрем
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/001832/Telekom+Veszprém+HC
Овие се бетер од Киелце, но со разлика што цела држава стои зад нив.
Пари има од сите страни, милиони се истураат.
Ете го потпишаа и Лауге Шмит за наредна сезона, полека добиваат прозападен шмек, не се базираат само на балканци како на времето.
На хартија треба да се далеку појјаки од лани, останаа речиси сите најважни играчи.
Дојдоа Штербик, Штрлек Глодарот, Мае, Мачковшек, Тофт Хансен како замена за легендата на клубот Ренато Сулиќ кој замина во Висла.
Треба да ја има научено ланската лекција Љубо Врањеш па да одат до самиот крај, со овај ростер и тој капитал се освен Ф4 е рамно на неуспех.

Монпеље
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/001824/Montpellier+HB

Доказ дека се е можно е Монпеље, екипа која својата игра ја гради околу тренерот и неговата филозофија за ракометот.
Екипата е речиси идентична од ланската, со измени на пикер, си замина еден од најдобрите во екипата Фабрегас, на негово место како бекап за Соуси и Мамуд, дојде Фредрик Петерсон, играше за Кристианстад на времето, не е лош...
Не би требало да имаат мака на пикер, Соуси и Мамуд и лани покажаа дека се многу квалитетни пикери.
Треба да ја поминат групата без проблем..

Кристианстад
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/017614/IFK+Kristianstad

Тотален аутсајдер во групата, секој бод за нив ќе е премија.
Горе долу речиси истата екипа од лани, си замина Лагерген кој беше најдобар десен бек во екипата лани..
Успех за нив е што секоја сезона се во појјаките групи...

Вардар
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/001918/HC+Vardar

Ќе ги видиме денес можностите на екипата.
Познати се играчите кои заминаа, од тие што дојдоа повеќето се енигма, освен Скубе, Горбок имаше голем малер и прашање е дали ќе се врати повторно на терен,
Ќе видиме каков квалитет има тој Словенецот, би требало да е ок, доста солидно делуваа Словенците на СП и не случајно освоија злато, но младинско првенство и лига шампиони не се иста работа.
Некако премногу низок е за бек, ќе видиме.
Кисељев е енигма, исто и Калараш...
Милосављев покажува дека има солиден квалитет, колку ќе успее да се снајде ќе видиме.
Истото важи и за Гарсија Парондо на клупата, многу ќе зависи од него.
И секако од изданијата на гости, дома Вардар е фаворит против повеќето екипи во групата...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Група Б

ПСЖ
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/006499/Paris+Saint-Germain+HB

Повторно како и секоја сезона први фаворити за титула,
Како ќе изгледаат сега под палката на ЕЛ КОМАНДАНТЕ видеќемо.
Во едно сум сигурен, сигурно ќе бидат далеку поинвентивни отколку со Нока со кого играа ракомет од минатиот век, се се базираше на индивидуалниот квалитет на играчите.
Составот е речиси ист како лани, со измена на пикер каде како бекап за Лука дојде помладиот од Тофт Хансен-ите, Хендрик..
Во одбрана Виран Морос треба да даде дополнителна цврстина, некој ракомет сличен на Вардар ќе играат, со измени напад- одбрана, Виран наместо некој од бековите.
Исто и Ду Риц дојде...:pos:
Ќе видиме, треба време за Раул, да ја воспостави својата филозофија на игра, на почеток на сезона во Франција се виде дека се ранливи, два порази во супер куп, но ова не мора ништо да значи...

ПИК СЕГЕД
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/001954/MOL-Pick+Szeged

Изненадувачки лани освоија титула во Унгарија, иако според парите кои години ги вложуваат не е.
Воспостави Карлос Пастор еден добар систем на работа кој дава резултати.
Секоја сезона се во јаките групи на ЛШ, освоија Куп на ЕХФ пред некоја сезона, лани конечно го симнаа Веспрем од тронот.
Доста нови играчи зедоа, пред се Бомбач на плеј е и тоа како засилување, тука се Македа и Кањелас дедото.
Дојде еден опасен топчија, добро го знаеме од мечевите со Чешка, десниот бек Кашпарек, топ има во раката дечкото.
На лев бек на местото на Горбок дојде Ник Хенингман, опасен копиљак од Словенија, доста ветува дечкото.
Треба да се многу јак тим сезонава Сегед во оваа група, да замешаат доста сметки.

Фленсбург
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/001903/SG+Flensburg-Handewitt

Ги гледав со Кил минатата сабота. многу солиден впечаток ми оставија.
Доста новитети имаат сезонава, два нови голмани, веќе докажани во светот на ракометот, Бенјамин Буриќ од Вецлар и Торбјорн Бергерут од Норвешка.
Страшна двојка.
Нов пикер зедоа, на местото на Тофт Хансен, добро запомнете го ова име Јоханес Гола, од Мелсунген го зедоа, кои движења ги има, ги изремети тотално Пекелер и Винчек, двајца киклопи, многу добар пикер.
На лево крило дојде Магнус Јондал од Норвешка, како замена за Швеѓанецот Хампус Ване,
На плеј малку чкрипат затоа што речиси целиот товар е на Готфридсон, но ќе покриваат Лауге Шмит, тука е Јепсон на лев бек, секако Гландорф машината.
Треба да се сериозен играч во групата, а и доста солиден тренер имаат во Бакула или Макула, никако да го запомнам неговото презиме:D...

СКЈЕРН
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/player/570171/JanGrebenc
Овие се опасни копиљаци, и лани го покажаа ова.
Доколку некој ги потцени скапо ќе го плати тоа..
Микс на скандинавци од сите земји + еден Словенец:D, Јан Гребенц, доста надежен копиљак кој дојде од Горење.
Треба да се ОК екипа и оваа година...

ППД ЗАГРЕБ
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/001811/HC+PPD+Zagreb

Чика Лино конечно се врати дома, виде дека чика Минчо не планира повеќе да се расфрла со кеш..:pos:
Доста солидна екипа скоцка стариот, има нос да си еби векот:D.
Бичаниќ на лев остана, + зедоа еден многу надежен лев бек во името на Грегор Поточник, на пикер дојде Сењамин Буриќ,стандарден репрезантивец на Босна, големо исксуство има од Француска лига дечкото.
Дојде едно големо засилување на десен бек, Иван Сршен, лани во Сегед искина дечкото, не знам зошто не го задржаа:confused:, иако лани играше како позајмен од Нексе..
Се врати од повреда и Марио Вуглач на десен, опасен играч, + имаат уште едно младо детиште, новиот Копљар, Векиќ, 210 см висок десен вањски.
Треба да се ок, со Лино нема заебанција. ќе бидат тврд орев за секого,
Утрешниот меч со Сегед ќе го играат во Осијек, можеби подобро ќе им оди надвор од Загреб.

Цеље
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/001853/RK+Celje+Pivovarna+Lasko

Ги видовме во Струга дечките на Тамше,
Го загубија младиот Душебаев, не знам зошто не играше тогаш Драшко Ненадиќ.
Од лани си замина и Лука Митровиќ.
Сепак доста млади звезди у успону имаат, посебно Малуш и Макуч, два млади виртуози,
Опасно талентирана екипа, + добар тренер, треба да има многу солиден ракомет на мечевите на Цеље, добар ракомет за око играат Словенците.
Симпатична екипа, вреди да се следат...

НАНТ
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/match/2/016515/HBC+Nantes

И кај нив немаше некои големи радикални промени, речиси истиот ростер од лани.
Единствена рокада има не лево крило, на местото на Клајн се врати Ривера.
Знаеме што да очекуваме од Нант, треба да котираат високо на табелата.

МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/match/2/014307/HC+Motor+Zaporozhye

Екипата на Жарета Пешевског.
Добар проект се, години вложуваат солидни пари за источноевропски услови, по Мешков се можеби најдобриот тим од тој источен екс СССР блок,
Новитети се Жарета и Матеуш Кус во одбрана, горе долу истите фаци од лани.
Треба да направат некоја беља, барем на домашен терен..
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Да ги испочитувам и останатите групи, не би се осмелил повеќе да ги нарекувам како досега " лузерски", со оглед на тоа што Монпеље баш од овие послаби групи освои титула, а секако и епизодата Скјерн и елиминацијата на супер скапиот Веспрем ланската сезона..

Група Ц

Бјерингборо Силкеборг
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/006319/Bjerringbro-Silkeborg

Доста солиден состав, како лидери на тимот се искусниот Кнудсен на пикер, Маркусен на лев бек, играчи со репрезентативно искуство,
Малку странци имаат, само два Словенци, Скубе е попознат, доста години е во Силкеборг, и еден Норвежанец, се друго е домашен кадар,.
Денес го изметија подот со Русите, 39 комада,
Најголеми фаворити се за првото место во групата.

Спортинг
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/003264/Sporting+CP

Вчера имавме шанса да ги видиме и нив,
Горе долу сличен ростер имаат неколку сезони наназад, откако го симнаа Порто од тронот.
Како новитети ги гледам Чиуфа и Ѓонеа, доста солидни десни крила, со солидно резиме и двајцата зад себе.
Матевж Скок од Загреб уште во текот на зимата се пресели во Лисабон, доста солиден голман.
Тука се староседелците Руезга, Никчевиќ, Тиаго Роча, Карнеиро...
Сума сумарум солидна екипа, нема збор, можеби единствена екипа во групата која би можела да ги замрси сметките на Силкеборг, но ќе треба да се докажат, пред се на мечевите на гости.

Татран Прешов
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/001940/TATRAN+Presov

Позната екипа од СЕХА лигата,
Голужа се вклопува во сликата, доста дисциплинирано и цврсто играат под негова команда.
Балканско- Чешко-Словачки микс на играчи и школа, засега добро делуваат.
Со Вардар доста добро се држеа во СЕХА, тепаа со Војводина во гости 10 разлика, вчерашната победа со Бешикташ на гости покажува дека се навистина сериозна екипа.
Треба да се тврд орев за сите, тешко дека некој лесно ќе ги надигра во групата, посебно не во Прешов...

МЕТАЛУРГ
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/match/2/004956/HC+Metalurg

Радува фактот што и покрај вака лошата ситуација со парите излегуваат млади деца.
Танкоски, Серафимов, Јагуриновски, Томовски секако, сите се играчи на кои мора да се смета сериозно во репка.
Посебно сум фан на Танковски, дечкото навистина има УМ, доколку продолжи вака мора да се исфорсира детето во репка, очајно ни е потребен класичен плеј...
Шанса за овие деца се останатите 9 утакмици во групата, да се покажат што подобро, плус СЕХА, сега ако не се докажат никогаш, посебно откако се ослободи простор со заминувањето на Кузмановски, мора сега да се докажат децата..
Амбициите се тие, колку пари толку музика, секој бод во групата е премија....
Успех е што сеуште се во ЛШ...
Доста солиден и овај малиот Стојановиќ, многу интересен шут има,интелегентен играч...

Бешикташ
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/001981/Besiktas+Mogaz

Години истата екипа,
Нон стоп се тука, но не можат повеќе од средина на табела, за нешто повеќе треба посериозни играчи.
Само со овај ростер толку е силата, иако не се лоши, имаат неколку солидни играчи како Прибак, Доне, Бабакар пикерот кои ако добијат шанса можат со било која екипа во групата.

Чеховски Медведи
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/002534/Chekhovskie+Medvedi

Од година во година тонат се повеќе,
Доста е падната Руската школа, некогаш една од најдобрите во светот, одамна не сме слушнале некој млад Русин да е баран од некоја европска екипа...
Стагнираат во секое поле Русите, ништо чудно што таа криза се рефлектира на клубскиот ракомет,
Ако не се смени нешто на подобро ќе помине уште многу време додека не видиме една нормална Руска екипа во европските купови, не е само во ЛШ видлив овај тренд на стагнација, и во Купот на ЕХФ одамна не се докопале ни 1/4 финале, камоли за нешто повеќе..
На толку олигарси, моќници, никој не се замара за ракомет изгледа...:icon_mrgr:[DOUBLEPOST=1537113906][/DOUBLEPOST]Група Д

Динамо Букурешт
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/001849/Dinamo+Bucuresti

Овие најмногу си ги почитувм,заради навивачите.
Навистина топ атмосфера создаваат на нивните домашни мечеви, секоја чест.:cujte:
Имаат неколку сериозни измени во екипата,
На местото на двајцата браќа Ецтеки од Иран, сеа дојдоа двајца Тунижани,
За нас добро познатиот Амин Банур на десен бек, на среден дојде Алоини...
Исто така дојде и голман од Тунис, Мисаими, кој ќе биде замена за Григорас кој веќе неколку сезони е стандарден.
Доста вложуваат во екипата, сериозна лига е Романската, силна конкуренција, ЦСМ, Стеауа, Добруџа Суд, не е лесно да си прв во ваква конкуренција.
Доколку не губат бодови дома и да чепнат некој бод надвор треба добро да котираат Динамовците на крај.

АДЕМАР
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/003066/Abanca+Ademar+Leon

Некогаш моќниот тим од Леон, денес стигнаа да не можат Кокс да го тепаат од Финска,
Во страшна криза е шпанскиот ракомет, до кое дереџе дојдоа...
Во ваква група би требало д аимаат некоја шанса да поминат, но со ваква игра како во средата тешко..
Интересно е што Хуанин Гарсија, левото крило сеуште е активен и на 41 година..:cool:
Стара школа...

КОКС
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/010941/Riihimäen+Cocks

Овие појма неам шо екипа се,
Беа дојдени во Битола, на меморијалниот турнир пред две недели, но не ги гледав.
Треба да ги гледам, неколку сезони се присутни на сцената, и во групи во ЕХФ куп играа, изгледа добро работат.
Гледам многу странци имаат, претежно од Балканско- екс ССР производство, па најверојатн некој таков стил на ракомет играат,
Бодот со Адемар покажува дека не се екипа за потценување...

Висла Плок

http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/001847/Orlen+Wisla+Plock

Добро познат тим, не треба преставување.
Единствено би спомнал дека останаа без Ѓонеа кој замина во Спортинг, Шиме Ивиќ замина во Мешков, замина и еден од браќата Гебала, пикерот Мачеј, замина Дуарте во Барса..
Дојде Сулиќ на пикер, доста големо засилување, дојде на среден Ондреј Здрахала, познат од ЕП од мечевите на Чешка, Жига Млакар на десен бек,
Треба да се на ланското ниво, со разлика што во ваква конкуренција би требало многу полесно да дојдат до 1/8 финале..

ВАКЕР ТУН
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/004390/Wacker+Thun

И овие ги неам гледано, не знам шо екипа се.
Штом лани успеаа да го симнат Шафхаузен од тронот сигурно не се лоши, е сега колку се добри за ЛШ ќе видиме.
Би требало да скинат некој бод..

ЕЛВЕРУМ
http://www.eurohandball.com/ec/00-01/cl/men/2018-19/clubs/004390/Wacker+Thun

И овие се добро познати од минатите години, нон стоп паѓаа во иста група со Металург.
Ќе видиме како ќе се покажат сезонава, претежно анономуси барем за мене при прв поглед..
Но сигурно не се за потценува, сепак скандинавци се, школовани играчи...
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
Чиката ги препороди Загреб,мајстор е за вакви утакмици кога има улога на аутсајдер се чудам како само успева да ги мотивира вака играчите.:anco:
Иначе мора да се каже Кастелич ја реши утакмицата,голманиште:cuc:
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Цврста и подвижна одбрана, антички напад без ниту едно вкрстување на бековите до сам раб на одземање топка од страна на судиите, класика Лино. :D
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Гледав снимка од Загреб. "Белгиецон" што им го земаа на Металург играше доста, и ОК играше човекот, имаше некои добри асистенции, иако изгуби и некоја топка при додавање. Браво за Загреб, цел натпревар го контролираа резултатот и заслужено победија.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Лино и во Металург ќе беше добар, само да го плаќаа. Тој и добро почна со Металург, но го заебаа со платите, како и цел тим.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Prvo kolo od pik faking seged izgubija doma i lino ke tepa edna i on ti e najdobar trener sto moze da postoi. Nema ni blisku da bidat do prolaz ponataka spored mene.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Лино и во Металург ќе беше добар, само да го плаќаа. Тој и добро почна со Металург, но го заебаа со платите, како и цел тим.
Таман си е Брестовац. Секоја чест на Лино за се што направил изминатава декада во Металург ама од поодамна му е поминато времето него за клуб каков што е Металург.

Проблемот со клубот не е тренерот туку тоа што како што изгледа има буџет на просечна македонска екипа од суперлига, а очекувања за резултати во ЛШ. Реално и не играат воопшто лошо особено ако се земе во предвид колку млада екипа се. Овој Металург е можеби првиот кој реално зависи и им дава сериозна минутажа на наш млади играчи. Играчи како Танкоски, Серафимов, Томовски, Димитриоски, Лазаревски, Велковски, Шилегов, Јагуриновски, Арсеновски не само што добиваат минутажа туку дел од нив и сосема солидно се покажуваат засега. А добиваат реална шанса повеќето.

Оваа сезона на Металург како тргнала е подобра сезона за македонскиот ракомет од изминатите 3-4 сигурно и иако нема некои резултати се многу поинтересни за гледање од ракометот на Червар кој понекогаш беше стварно тежок за следење.

Тешко е да се има замерки без разлика на резултатите, а според играта ќе има и резултати (макар што 2рото место во суперлигата е тешко достижно ако се види колку се засили Еурофарм Работник).
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
И јас мислам дека ОК си е Брестовац. Реално не може да се очекува кој знае какви резултати. Последниов натпревар во СЕХА навистина го изгубија на неискуство, ама тоа мора да се очекува. Нека се учат децата, па, за 3 години може ќе излезат 3-4 добри играчи на кои може и да се потпре репрезентацијата.

Иако и јас мислам дека второто место е под сомнеж во нашата лига. Што не би било добро. Ова е клуб со многу млади играчи, Еурофарм е со веќе видени играчи, со познат квалитет и плафон. Штета ќе биде децава да изгубат платформа на која може да раснат.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Има ли бе некој со грам мозок у тоа ЕХФ?

Трето коло ЛШ мечеви (меѓу другите):
РНЛ - Мешков
Веспрем - Вардар
Запорожје - Сегед
Нант - Скјерн
Монпелје - Киелце


И покрај овие пет меча они за меч на неделата го бираат Кристијанштад - Барса!? Мислам стварно нема грам логика изборов. :toe:
 
Последно уредено:
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Има ли бе некој со грам мозок у тоа ЕХФ?

Трето коло ЛШ мечеви (меѓу другите):
РНЛ - Мешков
Веспрем - Вардар
Запорожје - Сегед
Нант - Скјерн
Монпелје - Киелце


И покрај овие пет меча они за меч на неделата го бираат Кристијанштад - Барса!? Мислам стварно нема грам логика изборов. :toe:
И мене не ми се јасни.

Милосављев беше во тимот на првото коло. А на сајтот пишуваше Player of the Week - Arpad Sterbik. Како е можно Штербик да е играч на неделата ако Милосављев е голман на тимот на колото? Па, ваљда ако е голман во тимот на колото он е најдобар голман од тоа коло. Како може друг голман да е играч на неделата?

Ама па сега, според гласање го прогласија Сигурдсон од РНЛ за играч на првото коло. Што си ставил таму играч за POTW, ако имаш гласање од навивачи за таа титула?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom