Гурмански Јутјуб канали

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Сабајлево некаде кај 9 часот случајно загледав Утринска на Телма и гостин беше еден од членовите на бендот Новиот Почеток но темата не беше за музика туку за тоа дека он снима видеа на Јутјуб како емисија за готвење каде он готви.
https://www.youtube.com/channel/UCTaZUYDU_bsL51B2fCeqDRA

Сличен е како оној Филип Готвиме со Фичо.

Конечно може да кажеме дека и Македонија има таленти за вакви работи и конечно нешто приближно на она што го гледаме на 24 kitchen, Food network и други познати тв канали а не да биде тоа како онаа клише досадна Храна и Вино емисија кај што ти го прикажуваат рецептот и ништо друго повеќе од тоа ни зборче.

Oд странски Јутјуб канали Tasty има супер видеа онака набрзина главното прикажано во неколку минутки

https://www.youtube.com/channel/UCJFp8uSYCjXOMnkUyb3CQ3Q

Кајганџии пишете некој канал кој следите на Јутјуб со готвење.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.971
Продукцијата на youtube -риве станува рамна на телевизијава и најчесто е далеку подобра од таа на нашиве македонски тв канали.

Дома кај нас на ТВ нон стоп youtube се гледа.

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Профи камера кај тој нашиот, многу добра фотографија, само со тоа праменот шо праиме, никако понатаму со тој прамен.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.636
Поени од реакции
38.813
Almazan Kitchen, PitmasterX, BBQ Pitboys, Eater се едни од многуте канали за готвење што ги пратам
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Еве ви го и Фичо - Готвиме со Фичо
https://www.youtube.com/user/popovskiphoto

Ми се допаѓа кај македонциве овој Фичо и оној првиов што го пишав дека тоа што го зборат не е напишан текст и стрикно литературно од А до Ш туку цело време си го мислат тоа што сакаат да го кажат дур се снима.

Kaко што кажа @teneke продукцијата на Јутјуб е рамно исто како во телевизијата. Денес е многу подостапна од било кога технологијата, камери, светла, прибор за работа во кујна со пониски цени, брз и стабилен интернет и затоа може да си дозволи секој кој има желба да направи своја кулинарска емисија на Јутјуб.
 
Последно уредено:

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.454

Kaj го спомна Фичо, раката да ти се позлати :)
Го немам видено со години, заедно идевме на курс по фотографија кај Марко Георгиев (New York Times, Getty...)

Kaj Youtube највеќе ми се свиѓа тоа што авторите имаат многу поголема слобода во работата споредено со телевизија, што дава посебен шмек на видеата.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.582
Поени од реакции
3.590
Guy Fieri легенда од човек. Има неколку емисии на Food Chanel од кој најпозната му е Diners Drive Ins and Dives.

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Цацко сакам да го прокоментирам.
Ја гледав епизодата со бургерите. Не им се многу впечатливи интро/аутро деловите, ама верувам дека ќе ги поправат. Продукциски, се гледа дека е аматерски, ама со усул е. Па и кадарот, суптилната музика, soft jazz - не е воопшто лошо, дури и симпатично. У тој поглед, ако продолжат, сигурно ќе еволуираат и ќе се попраат. Така да, генерално ми е позитивен впечаток. Може да стекне некоја публика, па да конкурира на 24. Штом може онаа Јолисима бугаркана...зошто да не и некој наш.
Тоа шо не ми се свиѓа (као Сергеј да се одразам сега) - стајлингот и тоа фарбаното (не знам као се вика) и посебно брадата, шо на прво глеање ти асоцира на влакно у сред плескаицата. Знам дека модава е викинг-фазон, нешо сите со тоа брадите (а не знаат да сменат дупната гума на кола, ниту дрва да исцепат), може и ја тера пошо визуелно го праи као послаб - ама хигиена е на прво место - остава нехигиенски впечаток за мене, што знам...
Фичо исто со тоа брадата...шо знам.
У голем процент од времето на тв ми е 24kitchen on, а па и некој Tasty кога ќе ми шерува на фејсбук...мислам...јадев скоро во Hardees (ваљда тоа беше) некој бургер со авокадо, благ кромид, трипер комбинација звучи вака на прва, ама стварно добар беше...и си викам „сеа дома, истово ќе си го напраам“ - каде беее, кој ќе трча по маркети да бара егзотични намирници, па да губи време за кување - ми се отвара апетит одма и првото ѓубре од фрижидер го јадам, безвезен сендвич ќе напраам....ама интересни се за гледање. Нормално, оние сериознине кулинарски емисии, со патувања исл., дека бараат скапа продукција, голема екипа, ама добро...да имаме и ние нешто, а да не се као сељачкине на онаа певаљкана што прегази чоек...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Не знам некој дали ги гледал браќава срби Šta da jedem ? Toa e јутјуб канал од двајца браќа кој прават тест на храна и пијалоци а и разно разни видео клипови за храна и пијалоци

https://www.youtube.com/channel/UCL4ahmFcXfMUzE-AhnhdbyQ

Интересно е што некогаш снимаат видеа во некој ресторани, фас фуд ресторани, сендвичарници каде пробуваат разно разни сендвичи и друг вид храна.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Binging with Babish - рекреира рецепти од филмови и цртани филмови (Krabby Patty од Spongebob, рататујот од Рататуј...), а има и видеа за спремање нормална храна во делот Basics with Babish.

Bon Appétit - веројатно имате налетано на некое од видеата Kids Try ама тоа е само еден дел од каналот, имаат многу различни типови видеа.
Едни од поинтересните ми се It's Alive with Brad. Дечкото малце изиграва приглуп ама прави добри видеа, на пример за правење комбуха, пиво, путер...

Cocktail Chemistry - сличен канал на Binging with Babish само што рекреираат коктели и исто имаат и видеа со техники за спремање коктели.

@streetbond2005 не ти е иритантен гласот на Џон? Јас гледав неколку видеа, интересни се рецептите што ги прави ама не можам да му ја поднесам интонацијата. Звучи како да турира пеглица :D
 
Член од
22 април 2005
Мислења
1.334
Поени од реакции
504

Pa ne znam Mozda mu e malku monoton glasot ama mi se svigja Negovata smisla za humor a deka receptite mu se restoranski kvalitet a lesni tuka nema zbor.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom