Ај и моето патешествие до PR виза да го споделам, може ќе му се најде на некого.
Процесот го почнав пред 3 години (практично кога пукнаа „бомбите“ а мене ми пукна филмот) кај агентот во Аеродром, кој отворено ти кажува дали имаш шанса или не. Пошто испадна дека имам шанса решив да ја почнам порцедурата (ова ме кошташе иницијални 500 евра за агенциски услуги) по што агентот објасни кои се документите што треба да ги соберам за да поднесам Expression of interest:
- Извод од Агенција за вработување (дека сум вработен х години)
- Извод од ПИОМ (потврда за стажот)
- Потврди од работа за времетрање на работниот однос, позицијата во компанијата и висината на личен доход
- изводи за неосудуваност (два се) од суд
- меѓународен извод од матично
- IELTS сертификат за англиски јазик (ме кошташе 150 евра од полагање, вкупно 300 евра)
- recommendation letters од колеги и претпоставени од работа
Откако ги собрав и преведов на официјален преведувач на англиски, агентот ги поднесе до соодветната австралиска институција за верификација на соодветно работно искуство (ACS во мојот случај) и почекав некој месец да ми дадат потврден одговор. После ова и официјално поднесов Expression of interest и чекав скоро година време за да ми дозволат да аплицирам за 190 виза (4000 AUD за апликација + 2500 AUD агенциски трошок) и да ги направам медицинските тестови (кои се повеќе формални, коштаат 150-200 евра).
На почеток на годинава ја добив визата, напуштив дотогашното работно место и фатив џаде за Сиднеј (1200 AUD за карта за еден правец).
Значи грубо некако, потрошив 3 години и 10.000 AUD, али барем се исплатеше, овде со PR виза ги имаш речиси истите права како државјанин на Австралија.
За патешествието како да се снајдеш во светска метропола како што е Сиднеј, почнувајќи од смештај па до наоѓање работа ќе пишам во некој нареден пост, да не замарам сега
ПС. Посебна благодарност до
@lion888 и
@kano за нивните совети тука на темава и во ПП