Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 84.962
- Поени од реакции
- 195.489
Прво да го објаснам малку насловот на темата
Ја отворам првично да дадеме свој тип за одредени играчи кои би очекувале да имаат супер турнир и се или ѕвезди во подем или се солидни играчи но не се да се изразам модерно, хајпнати. Не треба да станува збор за Мбапе, Асенсио, Дембеле, Габриел Жесус, Рашфорд, ТАА итн. кои веќе играат за клубови од највисок ранг и ги знае секој, туку за играчи кои се релативно непознати, очекувате да блеснат на ова СП и да си обезбедат трансфер летово во голем клуб.
Да почнам, мој тип е Пионе Систо од Данска. Го забележав сезоната кога Јунајтед играше против Мидтјиланд во ЛЕ (дуелот деби на Рашфорд за потсетување) и освен што постигна два гола, имаше два МОТМ настапи за Данците. Знам дека потоа направи трансфер во Селта, не знам како му оди таму но мислам дека за Данска ќе се покаже во многу добро светло во офанзивата заедно со Ериксен. Денес селекторот го скратил составот на 27 играчи и освен него, Ериксен и Долберг нема некое звучно име во офанзивата, така што огромни му се шансите да биде стартер.
Друго име што ми текнува во овие доцни саати е Ирвинг (?!) Лозано од Мексико. За овој мислам дека и Суарез има изјавено дека е играч кој го гледа како свој наследник а и не може да има СП последниве турнири а да не блесне некој од Мексико (Чичарито, Ерера) па затоа имам осеЧај дека ликов ќе заврши во некој ПЛ клуб или во Атлетико.
Дополнете ја листата па ќе видиме некаде средина на јули кој погодил нешто