Децата не се сопственост на родителите, па да прават со нив што сакаат, тие се луѓе и имат основни човекови права, кои судот треба да ги штити врз основа на информирана одлука.
Медицината денес е отидена толку напред што може, едно тело, без мозочна функција, поврзано на машини да го одржува во живот бесконечно. Тоа не значи дека така и треба. бебето било 16 месеци без мозочна функција, 70% од мозокот му бил вода, неповратно изгубена функција и родителите не дозволувале да се исклучат машините, затоа болницата тужела пред суд.
Сите експерти и доктори, дури и тие што ги донесле родителите да сведочат, се согласиле дека нема можност да се врати мозочната функција и дека натамошна присилна палијативна нега на машини е мачење на организмот.
Болницата во Италија не понудила никаков третман или нега, туку само палијативна нега на машини, што е мачење и тортура за бебето.
Колку повеќе читам за случајот, дознавам повеќе информации колку НЕ биле во право родителите и луѓето на нивна страна. Сите од политичка, опортунистичка, религиозна перспектива за да привлечат внимание искористиле едно невино бебе за нивна пропаганда. Бесрамници.
Вештачки го влечеле случајот 16 месеци за да привлечат политички поени, тоа е дефиниција за бескрупулозност и злоба. Знаејќи дека нема никаква шанса за третман ги лажеле родителите да ги водат сите можни правни битки само за медиумски циркус и политички поени.
Немаш прочитано ништо бидејќи не си погледнал ниту подалеку од сопствениот нос, а камо ли па што се се` случувало изминативе 6 месеци колку што траеше судскиот процес, а не 16 месеци.
Родителите треба да го имаат последниот збор за животот или смртта на сопственото болно дете, а не државата.
Од болницата рекле дека на бебето му нема спас - добро, тоа е нивниот став.
Родителите имаат право на второ мислење и на барање на алтернативен третман во друга болница, а токму тоа право им беше негирано на родителите на Алфи Еванс и тоа баш кога успеаа да издејствуваат барем искра надеж од италијанската болница Бамбино Гесу во Рим, но на британскиот државен Национален Здравствен Сервис - НЗС, кој е` британска верзија на македонскиот државен Фонд за Здравствено Осигурување - ФЗО, не им се допаѓала можноста за алтернативна нега во друга држава.
И секако дека лекарите ќе застанат на страната на своите финансиери - британскиот државен НЗС, не се будали за да потврдат дека можеби има некаква надеж за тешко болно бебе надвор од Велика Британија, каде што државата ги плаќа за да лекуваат луѓе, а тие не можат ниту дијагноза да воспостават, а камо ли па да потврдат дали има спас за тешко болно бебе или не.
Случајно или не, и во Македонија ја имавме 9 годишната Тамара Димовска, за која македонскиот ФЗО не дозволуваше лекување во странство бидејќи ќе имало во иднина можност за нејзино лекување во Македонија, а во меѓувреме девојчето нека трпи. Е па девојчето трпеше и на крајот умре, исто како и 23 месечниот Алфи Еванс, за кого имаше надеж за третман во Италија, но британските судови одлучија дека му нема спас, поради што треба да трпи и да си умре во Велика Британија, како што и се случи.
Единствени бескрупулозни и злосторнички бесрамници во целата оваа ситуација - и тоа токму за политички поени - се британската болница Алдер Хеј во Ливерпул и британските судови.
За бескрупулозните и злосторнички бесрамници како Антони Хејден нема ништо лошо во тоа хомосексуалци да посвојуваат деца и да одлучуваат за операција за промена на полот на малолетникот/малолетничката, но тешко болните бебиња треба да бидат оставени да трпат и да си умрат, побескрупулозно, позлосторничко и побесрамно - здравје.