Велика Британија не дозволува 23 месечно бебе да се лекува во странство

  • Креатор на темата Креатор на темата Dexter26
  • Време на започнување Време на започнување
Дали тие лекари како бебиња биле во таква состојба, па сега да знаат како е да бидеш тешко болен и подложен на таков третман ?
Се согласувам. Пример за хирушки да третираш карциноми, претходно и самиот треба да имаш прележано неколку. Не знам зошто не е услов ова кај нас и во светот.
 
И фудбалерон на Ајакс, Абделхак Нури, е во вегетативна состојба од летово поради мозочно оштетување, не знам зошто болницава од Рим не им пише и на неговите родители.
 
Знаете колку е тешко во медицината да се воспостави точна дијагноза кај мали деца поготово кај дегенеративните нервни болести? Не ни требало да има дијагноза уствари, во втор план ти оди таа кога како што читам било утврдено дека има мозочно оштетување а како што кажав при такво нешто, најблаго што можеш да поминеш е да бидеш билка цел живот. Мене најголем страв ми е во животот да не ме штракне мозочен удар па да бидам товар на луѓето околу мене, да има кај нас DNR веднаш би си потпишала :)

За правото на преместување на пациентот реков дека не навлагам зошто не ги разбирам правните аспекти и мислам дека не е во ред што не им дозволиле, но болницава во Рим ми делува на "драпај си мевот". Не гарантираме ама нудиме ова, да бидеме реални што и да понудат, мозочното оштетување ќе си биде тука. Жално е знам, тешко е за родителите да се соочиш со смрт на дете ама и да се излечело малото од дегенеративната болест, мозочното оштетување би било мачење и за него и за сите околу нив.

Во целост се согласувам околу последиците по здравјето на бебето, но поентата ми беше дека државата не треба и не смее да го има последниот збор за животот на човечко суштество кое има свои родители и свое семејство за да се грижат за него и за да донесуваат одлуки што е најдобро за тоа човечко суштество.

Се согласувам. Пример за хирушки да третираш карциноми, претходно и самиот треба да имаш прележано неколку. Не знам зошто не е услов ова.

Па можеш и така, а можеш и да експериментираш врз глувци, како што прават научниците.

А во случајот со тешките нервни заболувања, јас не познавам некој кој поминал низ третман за тешко нервно заболување како бебе, па го преживеал третманот и го надживеал нервното заболување, па сега да помни дека третманот бил тежок и нехуман.
 
јас не познавам некој кој поминал низ третман за тешко нервно заболување како бебе, па го преживеал третманот и го надживеал нервното заболување
:toe:

Баш така. Тоа го викале и од болницата.
 
:toe:

Баш така. Тоа го викале и од болницата.

Точно, тоа го рекле од болницата бидејќи очигледно во таа болница не дозволуваат деца со тешки нервни заболувања да бидат преместени во други здравствени институции каде што можеби ќе преживеат, а можеби и ќе оздрават.
 
Последно уредено:

Ај прочитај што си пишал погоре како аргумент. Делот што ти го цитирав.
 
Ај прочитај што си пишал погоре како аргумент. Делот што ти го цитирав.

Е така де, тоа е мислење на само една страна, додека во пракса има многу повеќе страни кои имаат право на поинакво мислење.

Болницата во Ливерпул рекла едно, болницата во Рим рекла друго.
 
Е така де, тоа е мислење на само една страна, додека во пракса има многу повеќе страни кои имаат право на поинакво мислење.

Болницата во Ливерпул рекла едно, болницата во Рим рекла друго.
Болницата во Рим е некоја умоболна организација, финансирана од Папата. Тие нигде не ни викаат дека можат да го излечат детето, туку дека госпот е тој што одлучува кој живее, кој умира. Така да, одлично одлучил судот.

Уствари, ова е еден од ретките by the book примери зошто државата како организација е потребна. За да ги заштити немоќните од налудничани и очајни желби на помоќните од нив. Во овој случај да го заштити детето од лудите проповеди на Папата и очајот на родителите.
 
А бе сигурно во таа болницата во Рим ги лекуваат болните со молитви, па затоа британските судови не дозволија бебето да се лекува во Рим.

А што мислиш за случајот со Чарли Гард, на кого не му беше дозволено лекување во САД ?

Таму со мисирка од Денот на благодарноста ги лекуваат бебињата или со вперена пушка ја заплашуваат болеста за да излезе од телото, па затоа британските судови не дозволиле бебето да се лекува во САД ?
 
The case attracted widespread attention in Britain and around the world, with expressions of concern and assistance offered by figures including U.S. President Donald Trump and Pope Francis.

Исти кур, нема што многу да мислам.
 
Нормално дека нема што многу да мислиш, бидејќи воопшто не мислиш.

Повеќе ја преферираш брзата и лесната смрт наспроти можноста за продолжен живот, а можеби и здрав живот.

Се надевам дека имаш подготвено свој план за еутаназија - чисто за да им ја олесниш работата на лекарите кога ќе бидеш на смртна постела, бидејќи нели и онака понатамошен третман ќе ти биде бескорисен и нехуман.
 
Имам доволно другари што побрзо ќе ме решат, отколку да дозволат да живеам како растение. Не се секирај. Не треба папата и неговиот госпот да одлучуваат.
 
Имам доволно другари што побрзо ќе ме решат, отколку да дозволат да живеам како растение. Не се секирај. Не треба папата и неговиот госпот да одлучуваат.

Браво за тебе.

Но сепак тоа не значи дека државата или болницата треба да го има последниот збор за понатамошниот живот или смртта на личност која е тешко болна, а сепак има свое семејство за да донесува одлуки за понатамошниот живот или смртта на таа личност.

Ете и ти самиот велиш дека имаш доволно другари за што побрзо да те решат, бидејќи очигледно немаш доволно доверба во државата или во државниот клинички центар кој допрва планираат да го преселуваат во Бардовци, да одлучуваат за твојот понатамошен живот или за твојата смрт.
 
Браво за тебе.

Но сепак тоа не значи дека државата или болницата треба да го има последниот збор за понатамошниот живот или смртта на личност која е тешко болна, а сепак има свое семејство за да донесува одлуки за понатамошниот живот или смртта на таа личност.

Ете и ти самиот велиш дека имаш доволно другари за што побрзо да те решат, бидејќи очигледно немаш доволно доверба во државата или во семоќниот државен клинички центар кој допрва планираат да го преселуваат во Бардовци.
Јас сум полнолетен. Овде зборуваме за мали деца. И нивни родители што треба да “одлучуваат“. Во вториов случај родители на 20 и 21 година. Некако не ми звучи дека ќе донесат нешто поразлично од одлука во која се надеваат.

Инаку јас имам и родители, и брат. Па не се повикав на нив. Зошто знам што ќе мислат тие тогаш.
 
А кој си па ти за да проценуваш каква одлука ќе донесат родители на 20 и 21 годишна возраст ?

Гледај си го твојот двор и не си го пикај носот во туѓите животи, родителите се нарекуваат родители бидејќи имаат деца за кои се одговорни тие, а не државата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom